Свашта се изначитав... Дали е преголема казната која ја добија ? Епа вака изгледајте ја повторно снимката од убијството, замислете си Тод да ви е брат/ дете кое сте го пуштиле во друга земја да гради кариера и ќе ви биде јасно дали казната е мала, доволна или преголема. Само снимката без историја на личноста каква била што била тоа е доволно.
Не бе, забораваат дека не знаеш каде и кога можеш да налеташ на таков идиот. Мислам замисли да видиш некој да дивее пред тебе ама да се тешиш оти немал намера. Немалe намера да убијат океј нека е. Ама однесувањето им е проблематично и ризично и апсолутно се опасност за другите. И да неќе некој да ме убие, неќам да ме претепа. За тоа најмалку имале намера. Исто како идиотот што имал намера да ме осакати мене.
Многу добро си ја научил ќерка ти. Браво за тебе Што се криви мајка му и сестра му? Се чудам што читам. Од некои 'правници' тука, не верувам дека такви мислења имаат. Таман им е казната. Па уште и јаки се прават во судница, се смеат тие двајца, одвратно. Андреј крив, можда глумел, можда не се каел, не знам, ама бар нормлано се однесуваше, и навистина изгледаше како да се кае. За разлика од другите двајца, психопати!
Абе ајде сите силувачи, убијци, криминалци ќе ги браниме оти кутрите што не имаат поминато. Секој криминалец има некакво лошо минато... ај ако не све групно да ослободиме и награда да им дадеме, шо велиш? Особено жени, за жена нека нема суд, оти жени сме. да не сме отровни едни кон други. Утре жена ќе ти отепа дете, брат, не дај Боже, ти по рамо ќе ја потапшаш? Душо златна напатена ќе и речеш? Во ред може ти е сестра, другарка, братучетка, ќе ја браниш така од внатре ти иди, сама сакаш да си се излажеш, подобро да ти дојде, нормална човечка реакција за близок човек... ама не очекувај ние да ја гледаме со тие емоции.
И мене ме чуди како на толку нагмечувања, оние од КАРИЛ тогаш кажаа оти е срцев удар. Или мозочен, уатевр.
Абе кај нас у државава, да ве потсетам, може и три органи да ти извадат, погрешка… Веќе ништо не ме чуди чоек
Јас откако го прочитав последниот нејзин напишан пасус сфатив што и е тригерот толку што ја брани, покрај другите причини. Таа е пристрасна и се соживува со девојкава. Него не дај боже утре да стане судијка со ваква пристрасност кон вакви случаи, ако е жена седната на обвинителна клупа скоро ќе ја ослободи или ќе и даде минимална казна. Сепак се надевам ако стане еден ден ќе преовладува професионалноста кога ќе дели правда не предрасудите и пристрасноста која искрено ја сподели. Друго секогаш сум за жена на жена да подаде рака, ама и кога жена врши константен булинг, исмева, тепа, малтретира и еве во најлош случај убива епа заслужува казна, ама сум рекла и пак ќе пишам често правдата е селективна. Само во случајов не испадна така, пиша погоре и членка делумно зошто до ваква и брза разрешница, а не треба само сега да е така. Треба секогаш судењето да е брзо, ефективно и праведно.
Значи некој ако имал лош живот тоа му дава право да излези на улица и наместо вербално да се пресмета, се пресметува физички, и ќе речиме, да имал лош живот па тоа му е дозволено. Се изненадив кога прочитав дека се бранат личности кои претепуваат човек до смрт. И да им ја намалат казната ќе лежат, нема да бидат ослободени, кој нормален ќе ги ослободи кога има видео доказ? И повисока инстанца можи само да намали. Дај заозбилете се значи убија човек. Тоа што е Хрватски државјанин можеби направи да си ја добијат реалната казна. Се донесувале високи пресуди и за Македонци, муабетот беше што не можат да поткупат некој затоа што станува збор за Хрват. Затоа добија тоа што заслужија. Да бев правник за ниедни пари на овој свет немаше да ги бранам, денес е Тот утре ќе биди некој друг. Жена тепа со клоци и за вас е тоа нормално? Еве за мене не е нормално, го деградира женскиот пол, брука невидена е..Сите вие што ги браните ставете се на местото на семејството на Тот па после дискутирајте. Да беше ваше дете се кладам дека со голи раце ќе ги задавевте. Каков и да бил, и да дофрлал, тоа не му дава на никој право да го убие.
Се изначитав... Свашта... Мислам дека вака треба да биде секое судење, а не е и затоа можеби ова изгледа како огромна казна. Ова е вистинско судство. Ама кај нас сите казни се каде каде помали и опп.. ааа многу е. Тој и тој помалце доби. Епа нели сакаме промени?? Имала тежок живот.... Ела бе да ви раскажам детално каков живот сум имала. Со што не сум се соочила и уште се соочувам(а верувам има уште еден куп како мене ама исто храбро чекорат), па не убив никого, ниту па помислив некого да тепам. А да, сум имала и закани, и заклучување дома(од дечко), навреди, што не.... И не само од дечко, туку и роднини. И не само навреди туку и многу многу поболни работи со кои се соочуваме во животот. Ама не убив никого!!! Никого не повредив физички!!! Како бе луѓето со кои јас се дружам никој не е насилник м? Како никого не убиле? Овие тројца се собрале, маваат со сета сила, ама не бееее не се криви они, душички. Само вакви пресуди, ама реални пресуди за се И за булинг, и за сообраќајки и за обични тепачки па да видам дали ќе се понашаат вака. Од остај го дете е си патиме, па после каде згрешив мамино што стана ваков.
Анџело на 42-3 години ќе биде слободен, Клементина на 37 години ќе биде слободна, Андреј на 36-7 години ќе биде слободен. За вас што мислите дека се високи казните, убијците и со “високи” казни пола живот ќе имаат прилика да го ЖИВЕАТ (за разлика од жртвата) и тоа на слобода.
Кај овие тројца ама баш фацата им го издава некако карактерот, се гледа Клементина по фасцијалнине експресии дека станува збор за лабилна личност, Анџело мислиш сериски убица, овај третиот некако ко да се нашол на погрешно место во погрешно време па да се истакне ноќта
Мнозинството од народот во Македонија отсекогаш имал тежок живот и ако почнеме да тепаме кого стигнеме мотивирани од напатен живот, овде народ нема да има. Читам денес булинг во Градско. Насилни деца скинале гаќи на другарче. За народов само санкции, закон и ред му треба. После полесно ќе се дише.
Бог да чува, што има врска мајката и сестрата на обвинетиот. Што треба да прават да одат и они во затвор? Они да не го натерале да го тепа Тот не. И супер ја учиш ќерка ти булинг да врши, па недај боже да продолжи така да прави и на сите што мисли она дека се за нешто криви и некој од тие поради тоа да си го одземе животот како детето од Орце. Што ќе правиш ти?
Ти беше тој од СДК шо демек научи лекција па се извинуваше? Ништо не си научил. А, и, срам да ти е и тебе и на девојка ти. Фамилијата не треба да плаќа, малку маки им се па уште со неразбрани комшии шо немат друга работа да се занимаваат.
https://sitel.com.mk/kosovo-bremena...mu92NGC5RsyTcLp-x-QaVpqAzrYZg&mibextid=Zxz2cZ кај ќе ви оди душата бе зошто бе лелеле зошто… Дај луѓе има психолози, психијатри, идете лечете се малце. И шо напраил сега.. ни дете , ни жена, ни слобода
Гледаш зошто не е толку лесно да се напушти насилникот? Зашто секогаш пишувате како тоа да е најлесното нешто на свет, па уште се чудите како тоа некоја жена побарала совет на форум а не била спакувана со куферите на врата. Ете зашто, од страв зашто може и да ја убие. Многу жално, ама на нашите простори особено па Косово ништо не значат неколку пријави за насилство, ништо не е сериозно сѐ додека не ја убие.