На крај ќе испадне детето се степало со друго дете ама да не го караат подлажнало... Се дешавало тоа и кај нас, најрано основно се сеќавам...
Дали и во планинарството како и се останато во државата се импровизира? Во денешно време човек на пазар не оди без да провери временски услови, не пак по снежни планини. Штета за младите животи. http://24vesti.mk/tragedija-–-zaginaa-dvajca-planinari-na-vrvot-kajmakchalan @referentkaНасловот да го смениме ако може
Во се се импровизира. Најмногу во екстремниве спортови кај што треба човек да е најпретпазлив. Ама ние како народ сме такви што или се можеме и знаеме сами, или пак не проверуваме вистинска стручност пред да се препуштиме на некој инстуктор да не обучува. Најмногу ме иритира што луѓето ја отфрлаат веројатноста дека нив нешто може да им се случи дури и во секојдневниот сообраќај, а камо ли па при вакви активности. Жал ми е што морам да кажам дека за ваквите спортови прво имаме многу малку стручен кадар, а и тој што го имаме прашање е колку е стручен. Македоснките дозволи според мене не се мерило дали и колку е некој стручен, оти сведок сум како се даваат. Жално во секој случај.
Искуснитте планинари секогаш знаат дека при лошо време не смеат да се одвојат од групата. Тоа е ризик со кој си играат самите. Меѓутоа искусниот планинар не значи дека има искуство и со временската прогноза. Доколку се следеле правилата и не се двоеле од групата сега ќе беа живи. Бог да ги прости.
Стручноста е во тоа да знаеш да ја предвидиш. Сите промени се случуваат по некој редослед и има одредени индикатори кои укажуваат на тие промени.
Многу ми е жал и криво. Двајцата толку млади, иднината допрва била пред нив. Срце ми се стега кога ја гледам сликата од девојката како се насмевнува, толку полна со живот а текстовите известуваат за нејзината смрт. Нека почиваат во мир.
Најверојатно не се одвоиле намерно, на видеата се гледа каква е ситуацијата со времето и колку ништо не се гледа. Во секој случај, многу тажно.
Млади и двајцата, ама не знам само зошто упорно кажуваат дека Александар имал 35 години Најмногу 32 имаше. До толку бе да не проверат основна информација..... Девојката не ја знам, ама дечково го знам Не се работи за неискуство кај него, скоро 100% сум сигурна. Од мали нозе е на скии и по планини, неповерливо ми е за него дека е „неискуство„ во прашање.
Времето е сто посто предвидливо во рок од неколку саати унапред. Особено во зима. Не би да се докажувам. Ако имаш некое стручно лице може да прашаш.
Не само тоа, кажаа дека претходно имало најавено невреме, значи дека знаеле дека времето не им е во прилог.
Не си во право, не мора да се докажуваш. Времето може да се смени непредвидливо, тоа сите го знаат. Без оглед, може да вее и да дува ама може и да се погорша. Јас го напишав тоа што го знам и понатака не сум заинтересирана па да прашувам некој искусен. Гајле ми е мене за времето, мене ми е жал за луѓево, млади човечки животи одзеде планината.
Причината за смртта било премрзнатост т.е хипотермија. Баш сега кажаа на вести. Многу ми е жал. Нека почиваат во мир.
Сто пати ја пуштија снимката на тв каде што ги влечат безживотните тела.Имаат ли мозок и сочувство кон семејствата, кои уште не ги добиле телата
Се ќе направат за да бидат видени и прочитани, без разлика што со тоа си поигруваат со чувствата на блиските. Безобразни. Жал ми е за двајцата. Нека почиваат во мир.
А, Трансверзалец уште ги нема да дадат изјава. Жално за загинатите, но сепак некој мора да сноси одговорност. Зошто на такво време им е дозволено да се одвојат од групата? Сепак водичот не е водич за џабе.
Пред 2 недели на Шапка загинал друг планинар, член на Трансверзалец, сега овие двајца...... Нешто не е како што треба да биде