Црна хроника

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ицолгудбејбе, 31 март 2017.

  1. Zorina

    Zorina Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2022
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    1.027
    Пол:
    Женски
    Ккави глупости се изначитав чудо едно...

    Па мала, ниска, ситна била, ама ситна- динамитна оваа, сите видовме како го исшутира... страшно.
    Друго адвокат како адвокат како и во секоја професија треба да се држи до професионализам, а не до вакви нелогични изјави, па нели во афект беа сите тројца а во таква состојба ситен, неситен екстра силно реагира, ама ај добри биле адвокатите. Како не бе, за пари ќе убедуваат и дека не е се црно туку е светло сиво кон бело, само на сите тоа не ни се гледа дека е така дека правно неедуцирани.
    Дали е убиство или тепачка со смртен исход не е толку битно кога крајниот ефект е тој, иреверзибилен, смрт и пишав веќе крај на случајот.
    Сега кој како гледал, бил под притисок, под ефекти врски и мито да гледа во правосудниов систем, па суди и одлучува и доразгледува тоа ајде го тргам настрана. Пишав секогаш треба вака да се досудува. Ама факт е дека често правдата е селективна, некому се му се може, а некому ништо, е тоа не чини, ама да се надеваме дека по овој случај следи голем пресврт и нема ништо да се измени после жалбата на апелација.
     
  2. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2020
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    1.742
    Пол:
    Женски
    И јас тоа цело време пишувам дека ова е тепачка со смртен исход и како такво треба да се третира а не како убиство со умисла.
    Никој не вели дека Клементина не постапила избразно во ситуација но ете мое субјективно мислење ако сакаш да го наречеш е дека со оглед во ситуацијата која се нашла со однесувањето на сега починатиот превзела такво дејство.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  3. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.353
    Допаѓања:
    119.385
    Пол:
    Женски
    Кое било однесувањето на сега починатиот? Тоа што и рекол курво? :?:
     
    На Mnik и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    @Luciferka е адвокат на некој од обвинетите?
     
  5. Akapulka

    Akapulka Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2022
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    2.356
    Го немам предметот на увид па не можам да се изјаснам во целост.

    Мислам дека некаде читав дека имало провокативно и навредливо однесување од страна на жртвата. Не велам дека е тоа изговор за она што настанало, напротив сум на мислење дека треба да одговараат обвинетите, но тука има елемент за преквалификација на делото од убиство во убиство во миг што влечи друга одговорност и помал број на години затворска казна (1-5).
    Еве пример:
    https://24.mk/details/krivichen-za-...t-a-ne-sudot-predvidel-kazna-od-1-do-5-godini
     
  6. Akapulka

    Akapulka Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2022
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    2.356
    На тој од линкот потоа се укина условната казна и на повторно судење доби некоја година затвор.
    А баш дека е истата судијка таа не би дала нешто поблага казна од очекуваната од јавноста за да не настрада таа бидејќи ќе испадне дека или е нестручна или е поткупена. Не треба многу за потоа да ја разрешат, па потоа што ќе прави таа?
     
  7. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    4.004
    Допаѓања:
    13.110
    Пол:
    Женски
    Јас не реков никаде дека немаат право на одбрана.
     
  8. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.565
    Пол:
    Женски
    Пак си запнала со тоа тепачка, а толкаво мое мислење мудро го прескокна без да дадеш одговор
     
    На tambelina, Feminka22 и Skyler им се допаѓа ова.
  9. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2020
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    1.742
    Пол:
    Женски
    Во интерес на случајот и можноста да влијаам на предметот не можам да дадам одговори на дел од прашањата кои ги постави.

    Бидејќи со информации кои располагам а ги одговорам на твооте прашања може да се смета како откривање на доказен материјал и влијание врз судството.
     
    На Meoww11 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.925
    Допаѓања:
    23.884
    Па по логикава и за силување ако некој пише "го испровоцирала", "идела сама во темни улички" уствари само кажува од правен аспект, никако виктим блејминг, не знам зашто па и на таквите им се нафрламе.
     
  11. Akapulka

    Akapulka Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2022
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    2.356
    Одбрана подразбира и презентација на сите факти, докази и аргументи кои се во прилог на обвинетото лице.
    Вашиот став делува дека сте за тоа дека однапред мора да се осудат за она за што се осомничени и дека секој мора да ги мрази, вклучително и потенцијални бранители со што автоматски значи дека не треба да си ја вршат работата што отвора прашање дали да се поништат судските одлуки заради неефикасна одбрана - концепт кој постои во други правни системи но кај нас не е истражен.

    Веројатно така и треба да се укинат судовите. Па потоа улична правда и закон на посилниот.
     
    На Luciferka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Merten

    Merten Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2020
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    1.157
    Пол:
    Женски
    Човек е невин се додека не се докаже спротивното. Сакале ние или не, оваа пресуда не е правосилна.
    Би сакала да сум во тие 8% што имаат доверба во судството, но за жал не сум.

    Инаку, адвокати мора да има и тоа не е бидејќи тие немаат совест, па тоа го работат. Да немаме потреба, но тогаш сите би сакале добар адвокат, бидејќи имаме многу луѓе неправедно осудени поради лоша одбрана.
     
  13. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    4.004
    Допаѓања:
    13.110
    Пол:
    Женски
    Ова се само твои зборови, а како и зошто ги толкуваш моите мислења не ме интересира.
    А ако за толку рочишта немаа време да си ги презентираат сите факти и докази тогаш нека си најдат подобри адвокати. Јас сум само обична граѓанка згрозена од убијците.
     
    На cresa-jagoda и nextredstyle им се допаѓа ова.
  14. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.079
    Допаѓања:
    131.272
    Пол:
    Женски
    Кога се случува нешто трагично најлесно е вината да се префрли на починатиот.
    Па, уште и со класичен victim-blaming.Подло.
     
    На Mnik, fbaby и Feminka22 им се допаѓа ова.
  15. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.128
    Допаѓања:
    9.829
    Пол:
    Женски
    Јас овој Анџело го знам од порано. И од стално беше ваков насилен, безвезен лик, пропалитет да не речам. Од стално ми личеше дека вака некако ќе заврши по затвори, баш се сеќавам со другарка ми тоа го зборевме пред 10тина години и еве го сега истото го дискутиравме одкога се случи колку било очигледно и тогаш. Одвратен лик
     
    На CameliaMiller, Касија, buba4e89 и 5 други им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    Сега не е битно ни кој бил Анџело, ни каква била Клементина.
    Пресудата е конечна.

    Освен апелационен суд не ја преиначи... како шо спомнав...
     
    На cresa-jagoda, Feminka22, tambelina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Akapulka

    Akapulka Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2022
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    2.356
    Дека починиле акт на убиство што не смееле да го сторат, да, има согласност од мене за тоа.
    Дека треба да се казнат, да, има согласност од мене и за тоа, да.
    Но, никој не може со сигурност да каже дали имале намера да го убијат. Имале сигурно намера да го повредат, но не верувам дека имале намера да предизвикаат смрт.

    Овие судења се водат по т.н. закон за кривична постапка. Има таму член под број 4 беше, вели дека:
    За сомневањето во однос на постоењето или непостоењето на фактите што го чинат обележјето на кривичното дело или од кои зависи примената на некоја одредба од Кривичниот законик, судот ќе одлучи на начин поповолен за обвинетиот.

    Што значи дека судот требало да реши дека немало елементи за намера за убиство, немало умисла.
    Не верувам да некој рекол ќе те убијам, умри или сл.

    А зошто судијката решила како што решила, пишав друга објава.
     
    На Stressed Out му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    4.004
    Допаѓања:
    13.110
    Пол:
    Женски
    А мене ми го објаснуваш ова поради?
     
    На cresa-jagoda и Feminka22 им се допаѓа ова.
  19. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.925
    Допаѓања:
    23.884
    Ае досадни сте со тоа "ама немале намера да го убијат".
    Ако тепаш некој крвнички и не помогнеш кога тргне наопаку, нема магариња од Марс да слетаат. Се знае дека има можност да почине.

    Ако врзеш некого на пруга, не е машиновозачот крив иако возот го убил. Ти си кривиот иако твоето врзување не ја предизвикало смртта.
     
    На Касија, Mnik, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Akapulka

    Akapulka Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2022
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    2.356
    .... што вие влеговте во дискусија со мене.

    И заради запознавање на општата јавност и правото на јавно мислење.