Твоите зборови ме потсетија на филм по вистинска приказна, кога го судеа татко црнец за убиство на двајцата силувачи и тепачи на неговото 10 год дете. Адвокатот на поротата го објасни сето малтретирање на девојчето ама ги тераше да замижат и на крај им рече замислете дека девојчето е белкиња и ваша ќерка. Стварно треба да се ставиме некогаш на другата страна за да ја согледаме реалноста.
Абе они можда не сакале да го убијат, затоа прво мислиш, после правиш било што у животот. Ама кој колкав капацитет за мислење има... Туку факт е дека не се каат што умре типот, се каат пошо у затвор ќе скапуваат. Некој да му е стварно жал ќе се утепа од плачење и ќе се тресе од страв и стрес, и да му е дадена прилика да каже нешто, ќе моли за прошка, нема да го троши сечие време со изјави дека у затвор напуниле 19 години.
Имам едно реторичко хипотетско прашање. Дали, ако случувањето со лицето тот беше случка во хрватска каде хрватски државјани вчукале и усмртиле македонски државјанин, дали исто ќе поминеа насилниците? Јас мислам не, а можно е да не ги ни обвинеа бидејќи тие се тамошни а жртвата е од вукојебина и потрошен материјал. Правдата делува само ако си од значење, тоа ми е поентата.
Баш, ова го зборев пред некој ден. Значи човек што несакајќи убил некого нема да е при себе од страв и шок. Нема да се смее ко улав кога го носат во станица или така лагано да си отиде од местото на настанот. Ако па стварно си имале проблем со алкохол и дрога тоа е уште една причина да не бидат на слобода зашто очигледно не размислуваат нормално и се опасност за другите.
Плус гледајте кои профили на адвокати ги земале. Не е дека судот им ги доверил. Прогуглајте кои фаци се и се ќе ви биде јасно. Колку сакаат нека се надеваат, ама Хрватска нема да дозволи ова да падне на апелација или да се заебаваат. Да не заборавиме жртвата беше граѓанин на ЕУ, и не смее да има никаков пропуст во судењето ни заташкување. На судењето имаше претставници од ОБСЕ! Не знам баш дали за други судења идат .
https://www.facebook.com/1219364378...HTQNh7yUqUMu2fCVnPl/?sfnsn=mo&mibextid=VhDh1V Коментари од Хрвати, велат дека, да бил кај нив овој или ваков случај, не би добиле ваква пресуда, олкава казна од 16-18 години.
Затоа се земаат во предвид сите факти - ама во многу случаи ние сакаме да покажеме дека судиме "праведно" (особено за луѓе кои не се наши државјани). Не викам дека е голема/мала казната - има кој да суди за тоа. Жално е што сме сведоци на многу големи дела кои добиле многу помали казни..
Видовте за трудницата која ја застрелал мажот ѝ пред Косовската гинеколошка болница. Ауу, ужас над ужасите. Денес ќе ја погребаат. Страшно, идиотот кој е во бегство со денови го планирал убивството. Се згрозив, морници ме полазија. Отварајте 4 очи со кого стапувате во брак.
Тоа дека се разочарани од нивното судство а не дека треба да им се намали казната.. битно е во кој контекст е кажано тоа. Значи Хрватите си имаат проблеми во судството како и ние и од тој аспект пишуваат.