Не знам, мене ми е преморбидно да расправам за номенклатура на кривични дела за да се докажам дека го познавам правото, дури телото на девојчето не е изладено сеуште. Ко на пазар да сум се осеќам, еве вака најискрено. И мислам дека треба да си организирате протест во Велес, исто како што беше за Викторија. Може малку бевме, ама убиецот си е во затвор. Да правиме и медиумски притисок и тука и да се дигнеме на нозе за и оваа пропалицава да скапе во затвор.
Не ги класифицирам делата за докажување колку го познавам правото, но ете го познавам правото и чувстувам дека треба да ги кажам работите од тој правен аспект, правото не се работи со емоции макар и да ми е мајка, татко, син/ќерка, во иднина никогаш не би работела случај со емоции. Во правото емоциите треба да се исклучат, се додека се гледа со емоции тука нема право а уште помалку правда.
Во ова наше дно од држава ни протест не помага... Во мојот град разгалено богато лигле, прегази млад човек пред работното место, и доби казна само година и пол, и тоа мислам Апелација му одреди толку, оти сметале дека така е праведно. И мал протест имаше, и семејството на жртвата кажуваше дека добивале закани од страна на семејството на убиецот... А убиецот во меѓувреме си е на слобода, си ужива насмеан.... Ај @Luciferka и компанија, зборете ми за совест, и пресуда со ладна глава и без емоции. За сите скапаници требаат казни ко за Клементиновци, ама знаеме добро зошто тие добија толкави казни, за да се излижат на ЕУ, инаку немаше да добијат.
Повели, дојди на протест за правда и види колку нема да те совладаат емоциите. Јас на протестот за Викторија се распаднав. Повели, дојди, осети ја болката на блиските и види дали не треба да имаш емоции кога се суди за цело семејство завиено во црно оти некој пробисвет возел ко на ГТА, усмртил дете и тешко повредил жена. Немал намера. Преку куров ако немал намера, еве вака како да ти кажам. 2 метри под земја е девојчето, ме заболе дали имал или немал намера.
Треба казни, ама да се земат во предвид и другите фактори, дали возел пијан, дали помогнал, дали избегал, дали се кае(реално, одма се проценува дали некој се кае или не).. Пијан + неукажување на помош + бегање + возење со енормно голема брзина = највисока можна казна.
Историјата која често се повторува, вели дека во најголем случај сторителите бегаат од местото на несреќата, или пак прават разноразни малверзации и закани за да си ја ублажат вината... Можеби има и такви кои се каат искрено и се би направиле да се врати времето назад и да не го направеле делото... Ама некако таквите се во помал број....
Колку благе везе си нема ова што го пишуваш. Значи ова што го кажуваш ти е буквално убиство со умисла. Не пишувам да го бранам копитово што усмри 11 годишно девојче, се надевам ќе гние во затвор, ама имам осеќај дека некои не разликувате убиство со умисла и без. Да, тој не излегол сигурно со мисла да го усмрти девојчето, ама за тоа што возел 130 во населено место, како од синџир испуштен, тоа што не застанал откако го чукнал и што е сељак со тапија (што за жал почнува да ги има во голем број, и што после толку вакви незгоди последнава година, каде што има доста смртни случаи, не им доаѓа умот) заслужува да гние во затвор и автомобил за него да биде мисловна именка.
А како ќе докажеш дека сум го убила со умисла? Ќе речам случајно беше. И да не е со умисла, што? Полесно е делото? Бај да уеј со умисла возел брзо.
Две работи: - ако убиеш некој... Си убиец. So maybe, don't? - до сега се шо сме виделе е кретени шо прегазиле некој и со врски не легнале в затвор, место обратно. But sure. Копитово е убиец. Шо свесно беснееше и усмрти дете. Јас вервам дека неќел да убие никој, ама ако многу то го сакал мислам дека немаше: 1) да вози пребрзо во населено место и 2) да напрај hit and run место да се обиди максимално да поможи. Се надевам ќе с к а п и в затвор.
Никаде не напишав дека е полесно делото ако не е со умисла. Добро си пишува што мислам за делото. Намалете со гледање на CSI Miami
Јас само ти кажувам дека никој не може 100% да докаже што мислел убиецот пет минути или пет саати пред делото. Мисли никој не чита. Секој ќе каже немав намера. Дури и со план, ќе речам сакав да го повредам, немав намера да умре
Да ти кажам еве и тебе и на другата девојка која ве читаме тука некое време дека не е со умисла ако не изезеш од дома да убиеш некого следново: Моментот кога стапнал на гаста да даде 130 км/час јасно и свесно донел одлука да убие некого или да се убие сам. Моментот кога решл да цапне на гаста јас да сум судија би го сметала за умисла. На место каде што е означено 30 зона на училиште да возиш 130 не да е умисла и повеќе од умисла е. Затоа дај ве молам престанете со тие изрази, ок е не сме адвокати ама барам не не правете будали. Поздрав.
Може се води како друго дело, но живот е одземен!!!! Затоа мислам дека треба да постои доживотна затворска казна или пак смртна казна (зошто да не) за луѓето кои намерно или ненамерно усмртиле некој. Па после тоа пред да се качат у кола ќе размислат дали е ок додека се вози да се чкрапа на телефон, дали е ок да се летаат како бесни низ град. Дали е ок да возат издрогирани и во алкохолизирана состојба кога исто немаат р од рефлекс. Со таква казна сигурна сум дека ќе пазат што ќе прават, оти тие ѓубриња само за својот газ си гледаат, а друѓите луѓе и туѓите деца што испозагинаа не им се битни.