На поедини треба траен бан да ви се удри на темава. се прашувам некад дали ви мисли мозокот кога зборите, ама најсериозно. Да сте ми другарки, и во живо да го водиме муабетов, ќе станам и ќе си отидам…
Да возиш над 100 во град треба да ти биде одземена возачка, да. Само што тоа не се случува бидејќи сите тие си имаат врски и не добиваат ни казна ни ништо.Кај мене Албанци редовно си прават трки на главна улица, секако, никој ништо не им може. Стварно не разбирам што им оди во глава на луѓево што возат со толкави брзини низ град. Ќе стигнеш побрзо за пет минути? Не си на ниво на обични смртници? Луѓе тотално без мозок. Да беа други околности ќе речев добро можеби се случило нешто непредвидливо и ненамерно, сепак како возач може да наидеш на сешто и никогаш не може да бидеш уверен дека ништо не може да ти се случи(ова важи и за некои коментари во темава кои се толку сигурни во себе и своето возење)...ама вака...не може да не знаел што прави. Не ни излегол. Заслужува најлошо.
Не знам дали ја виде уличката каде се случило. Значи не е ни некое булевариште ко скопскиве, локална улица каде ни на крај памет нема да ти дојде дека ќе те собере некој. Па не знам таму со кој памет ќе возиш 100+ Па мене за себе ми е страв да возам брзо, не па некој на душа да носам. Туку за ненамерна грешка/несреќа, знам дека на полигонов во Скопје пред неколку години девојка смешала гас и кочница и удрила инструкторка. Сама била во кола и вежбала. Жената поминала со скршена нога само. И апсолутно не се споредува со несреќата у Велес иако за нашите ценети правници е исто.
Проблемот е поголем од покондурени сељачишта што најголем успех во животот им е да купат бмв или мерцедес со поминати 300.000 км увезен. Јас ги викам, се извинувам, малокурци. Како што се шпекулира, изгледа пијан и издрогиран бил, затоа чекал два дена. Да не мислите полицијата го пронашла. Тие пред нив да се појави, и да им мафне нема да го најдат. Проблемот е во малите казни. Во фати ми врска. Во ти знаеш кој сум и чив сум. Овој ако има совест, затворот блага казна ќе му биде. И 30 години да лежи, му посакувам да го прогонува сликата од кобната ноќ. Секоја година вработуваат полицајци, а по улиците ќор полицаец не можеш да видиш. А и да видиш, малишани, да се потсмеваш со нив. Нека почива во мир кутрото девојче. Го гледаш од зрно грашок, за некој неиживеан да ти го земе. И треба да се третира како убиство. Ако возиш со огромна брзина, ти решаваш да убиеш некој. И туѓа и своја фамилија оцрни и посрами. За грев мило дете.
Ова е тема Црна Хроника, така да ќе зборуваме за вакви настани, жал ми е што дискутираме за ова но ако не ти се допаѓа не иди во темава не знам што да ти кажам тоа е.
Ти нон стоп ги браниш сите шо се виновни. Јас не прочитав еднаш твое мислење да биде од страна на жртвата. Со Викторија исто, со Тот исто, сега исто. Еднаш да напишеше поразлично мислење.
Кога го бранам овој, кажав штом избегал треба дебело да го јади, за другото во случајот важи истото што го пишав и за случајот кај Сити Мол
Ова шо го имаш пишано Е и за тројцата мускетари шо ги бранеше. Колку си контрадикторна сама на себе алал да ти е
Како тоа ?, Тие укажале помош и заминале од местото на настанот, кога разбрале дека ги бараат веднаш се имаат јавено во станица. Споредбата како Ангел и Ѓавол.
Абе остај. За ова кај сити мол тогаш збореше дека олеснителна околност е што било навечер и темно и не го видел семафорот. А и глуп човек знае дека семафори навечер подобро се гледаат пошо се јебена СВЕТЛОСНА сигнализација
Не бе не Ти стварно не знаеш да расудуваш Не е ни смешно твоево За плачење е пошо утре од тебе ќе искочи правно лице
Леле и за овој ли најде олеснителни околности. Дај завршувај факулетот станувај адвокат, има да млатиш пари ,вакви за бранење има купишта низ државава.
Не го бранам, немам целосни информации за да кажам комплетно мислење погледни погоре што имам пишано за овој според информациите што се изнесени до сега.
Она ко на сите да им е адвокат а не е... И ниту еднаш не искоментира како загрижен граѓанин што деца ни изгинаа, што секако ни кажува какво е и какво ќе остане нашето судство.
А да го тргнеше правниот аспект, да не си студент на правен што ќе коментираше? Да коментираше како секој загрижен граѓанин кој ќе ти беше коментарот? Не знаев дека правниците немаат друг коментар освен од правна гледна точка, даден во судница. Всушност имаат, ама ти си во некој филм влезена