Па зошто вака глупаво судат, затоа има уште што така возат. Сите фаталани сообраќајки биле од брзо возење првенствено. На партизанска живеам, со мала брзина скоро и да не е оштетена колата, а не па да има жртви. Ама јбг.. ќе возиме брзо и ќе се спасиме со тоа шо нема да избегаме.
До свеста и совеста на возачите е најмногу. Сакале да возат бргу, во ред повели ама надвор од градот, а не во населено место. Памет не им доаѓа
Како вака неажурно и кратковидно одма носиш заклучоци бе луциферке? Па пиштол не е само за убивање. Може сака roleplay членката, може ја пали да си играат Арачиново со другарката, може сака да се снима за Тик Ток, некој предизвик, може сака спот да снима како Цуфи Кока сограѓанот што целеше во толпа луѓе на протестите оти спот снимал, може така искажува љубов кон Христа, со негово поздравување со рафали кон небото. Ете случајно опалило у граден кош кај другарката, неќе членката, млада, се кае, неосудувана, ајде ослободителна пресуда. Нема врска еднава што ќе ја поклопат со црна земја, неќела другава битно.
Или со фаќање на дебели врски. Ама тоа не им смета на некои овде, само кога оштетените фаќаат врски за обвинетите да поминат потешко им смета. Жално но вистинито
Твојата сатира на страна, штом зела огнено оружје во рака и сакала да наштети друга личност би си одговарала за убиство бидејќи била свесна на последиците кои можат да настанат со самото превземање на тоа дејство и се согласила на истото. Многу глупава споредба направи членката ама ајде.
Епа тоа е. Мислев ме цитираш за да кажеш нешто поинаку. Брзо возење секогаш е ризик, во град никако не смее, надвор од град веќе ризикот е за него и за сопатниците, ако ги има, оти може да се изгуби контрола и отиде... Ама па и за други учесници во сообраќајот може да е фатално, како велат, ти пазиш ама другиот не пази. Тоа е, се' е свест и совест.
Еве да ви кажам правно, јас ќе одговарам за убиство од небрежност и ќе лежам минимум 6 месеци А копитото ќе одговара за тешки дела и ќе лежи минимум 4 години Па да зборуваме сега за споредување со сакала или нејќела.
Па и ако возиш брзо во населено место каде имаш ограничување на брзината до 50 свесен си за последиците
Да од 6 месеци до 5 години, но зависи од ОЈО и Судот каков став ќе заземат може и поинаку да се класифицира, бидејќи си имала намера да ја повредиш а не е небрежност си го чистела пиштолот и се случила несреќа.
Оти сатира бе луциферке, еве ти кажувам, мене ме пали партнерот да ми мафта со пиштол пред мене, кога пука ко на свадба у Сингелич, дел од сексуалната предигра ни е. Е сеа ако опали, неќел јеби га. И овој колата за возење требало да ја земе, ама не ја користел за возење ја користел за да игра гта, па се случило тоа што се случило. Нема умисла и во двата случаи.
Не споредувај таков пример за каде што навистина може да е несреќа и примерот од членката каде има јасни намери да нанесе минимум тешки телесни повреди.
Значи со застанување пијан зад волан свесно си превзела дејствие со кое си знаела дека може да дојде до таков трагичен исход, јас тука би те судела за убиство, бидејќи знаејќи ги ризиците свесно си се согласила на последиците кои можат да настанат. There. Fixed it for you.
Да бевме во Еу сега тој ќе имаше судење, вештачење и адвокат, ќе се суди спрема законот исто како кај нас кога имаше убивство сред бел ден во кола си ја уби жена си и тоа на сред кружен тек и свињата избега, па по неколку часа го најдоа. И одма му се суди, е тогаш Луциферке можеш да дојдеш да збориш за закони и права. А се додека живееме во земја каде законот не се почитува и каде вработен во Мвр закажал сликање на пријател за возачка дозвола кој сеуште го немал положено испитот и каде што убијци не можат да се најдат со денови немој да ги браниш и да исправаш криви дрини. Неспособна држава, неспособни вработени,неедуцирани кадари, квази полицајци што работат колку да се каже и се лупаат во гради што носат таква униформа. Не продавај бајки жити сѐ. Ќути си поарно.
Јас сум и адвокат на @S.J.Parker. Еве што ќе ја советувам да каже. Дека со другарката си се снимале за тик ток и се случила несреќа и дека немала намера. Ќе ја советувам да си ќути дека од дома тргнала со таа намера. И? Битно е? Сменува нешто во исходот? Полесно ќе помине фамилијата оти немала намера?
Кога сум споменала една страна оштетената да не фаќа врски а обвинетиот да? Кажав никоја страна да не влијае врз судот .