Каме адвокати на силувачи користат аргументи од типот "Сама му отишла во станот" или имаше случај кај што адвокатот кажал дека силуваната носела танга и тоа било консент. Епа како да ти кажам ама ако лично не ги мислиш ствариве, нема воопшто у глава да ти дојдат ни за одбрана на клиент.
Чоек, нивно е да кажат што сакаат и сметаат дека можеби ќе биде олеснителна околност. Ако не го бива адвокатот, ќе тресе глупости, затоа во секоја професија има асални и неасални нели? Навистина добар адвокат ќе ја согледа ситуацијата, ќе види со што располага обвинителството, и ќе почне да размислува како да помогне на клиентот. Не сум адвокат, ама во случајот на Тот, сметам дека очајни луѓе се адвокатите на сите тројца. Да добиеа совет да го признаат делото, да кажат искрено - бевме под дејство на алкохол, др. супстанци, бевме агитирани итн. веројатно ќе добиеа поблага казна. Наместо тоа, нејзинот адвокат реши да се глупира и за ѓонови да зборува, да ја остави Клементина да се досадува цело судење и кога имаше што да каже да истресе дека роденден и' било. Единствен кој доби помала пресуда беше Андреј, и тоа баш затоа што многу поискрено соработуваше со судот - што се кладиме дека е совет од неговиот адвокат? Пак ќе кажам, на овие тројца им пресуди и нивното однесување ПО падот на Тот, кога напаѓаат лице во бесознание, а и глупирање на адвокатите од типот ѓонови и слично. Затоа адвокат не носи пресуда, а ни обвинител, туку судија. И според приложеното, добија речиси максимум што е со закон предвидено. Едит: да се навратам на случајот со велешанката. Обвинителот "бранеше" насилник, нели? Во случајот на Кејси Антони, баш погледај го, го пратев уште одамна и бев фасцинирана колку неспособноста на полицијата и обвинителот, заедно со преспособен адвокат на обвинетата, резултираше со ослободителна пресуда. Едноставно обвинителството не докажа, и да, убиец на дете е засекогаш ослободен од вина.
Се сложувам со тебе, и мислам дека умислата за која што зборуваше судијката, односно дека гледа дека имале умисла да го убијат во тоа што не престанале да го удираат кога паднал, затоа што не е класична умисла као искочиле од дома со намера да го убијат, требаше да биде поттик(основа) за да добијат максимална казна на дело кое што е квалификувано како насилство со смртни последици, а не да добијат максимална казна за сторено убиство со умисла..
Нивното однесување потоа (и после настанот што не се пријавиле, и упорното несоработување и курчење, и дремката на Клементина, и однесувањето на Анџело на суд) е огромна индикација дека баш ништо не сфатиле и постои реална можност да го повторат делото. Тот нема да оживее, ама градов ќе е побезбеден што тројца без грам свест и емпатија се зад решетки.
Леле Феминка се извинувам што доцнам со одговорот , сега се вклучувам . Искрено , не знам , не се имам видено со другар ми , инаку ќе имав инфо од прва рака . Деновиве ако се видиме ќе го потпрашам дали знае нешто ( инспектор е , па , многу е веројатно да начул некои муабети во станица ) , барем претпоставка .. Во целата оваа ситуација , уште нешто ми боде очи .. Како дечкото ( сега веќе , за жал починат ) од Желино до Бањиче возел автомобил без возачка дозвола ?! Јас да седнам зад волан без возачка , во затвор ќе ме пикнат , и тоа на првите 100 метри извозени . Како детево успеало да стигне до Бањиче ? Зошто родителот му дал автомобил ? Да не им беше се вака на изволте , можеби тоа дете денес ќе беше живо и здраво ! А девојката ќе беше дома , не во притвор ! Не ја оправдувам девојката , сеуште не се знае зошто постапила , како што постапила . Можеби е во самоодбрана , можеби се расправале па во афект го удрила , го онесвестила па се исплашила да не е веќе мртов и така го фрлила во река со надеж дека ќе го сокрие делото .. Се додека не излезе нејзината изјава во јавност , можеме само да шпекулираме .. Доколку дознаам нешто , ќе пишам луѓе . За сега не знам ништо во детали . Штом ќе разберам нешто , ќе ве апдејтирам .
https://4news.mk/foto-politsijata-deneska-vo-struja-fati-vozach-so-4-07-promili-na-alkohol/ дали сте сериозни??? тргнал со четири промила да вози? Арно ја запалил колата
Случајно на радио го слушнав Ненад само никако да ми текне во кој град точно, некаде во источието ја украле елката на плоштад Е ова е стварно црна хроника
Ова е крв во алкохолот, а не алкохол во крвта. На ваквите треба трајна забрана за управување со моторно возило да им се изречи.
Ги видовте на тв оние што протестираа за убиеноно момче во Тетево? Што и да се случи они први се за протест.Исто и со Смилковско .Нека кажат што се случило со девојчето,не само да гракаат на тв.
Колку што разбрав, девојкава останала бремена и трпела насилство од партнерот, и решила да го напушти, а он бил некое лигле со парите од мама и тато што глуми фраер и сега сака да и го земе и детето, ваљда поради его.. Викал во дом ќе го оставам да расне, на мајката не и го оставам..