Да!Ама што сакале од луѓево бе баш за Бадник и кај имало сега полициски час.Ова сигурно е дека не платиле казни за време на Корона кога било па им стигнале сега казни за 3 месеци затвор и ѓи привеле на одлежување.
Па ништо чудно.Кај ќе ги напикаат толку во затвор одеднаш. @Forca ти ли беше адвокат? Ако си кажи ни за ова што е работава?
Ама тука вика дека на Бадник 2023 се приведени.... освен ако човекот/жената што го пишал ова е хај ес фак...
За време на корона го прекршиле полицискиот час. И казната било 2000 евра. Не платиле, затвор од 3 месеци.
Па сега кажано беше дека тој што ќе го прекрше полицискиот час ќе биде казнет, не гледам зошто толкава галама.
Баш така. Тоа е како да возиш над дозволено. 300 евра е казна и плус одземање на возачката, со тоа што не ти ја одземаат веднаш туку одиш на суд и тоа може да биде после три месеци или после година дена. Мој другар го викнаа после 2 години од настанот и фино поштено си ја предаде возачката, 6 месеци па му ја вратија.
Арачиново сметка нема платено 20 години, Дурмо Турс мука нема а тетовската болница продолжува да се распаѓа, битно правдата е задоволена зошто фатиле неколку луѓе кои возеле после 9 часот. ПС: Во влада имаме терористи кои киднапираа, убиваа и мачеа луѓе а некои и органи вадеа и продаваа. Ситница, знам.
И тие треба да одговараат. Но, и овие. Тоа што не се казнети едните, не ги пере другите. А, за да одговараат тие кои ги спомна, народот треба да се буни на улица, не да паметува на тастатура.
Абе сите треба да одговараат и на крај пак никој не одговара освен некој грев кој нема грб за да после некои ликови скандираат како имало божем правда. Народот си гласаше на избори и си ги избра СДС и УЧК, зошто да се буни кога очигледно арно му е сето тоа што му се случува?
Не се согласувам со ништо од напишаното. Едноставно "народ на улица" е празна фраза. Као демек тоа фали, одиме сите пред Собрание/Влада, правиме нешто и ситуацијата се подобрува... некако. Имаше "народ на улица" за Арачиново, тогаш се влезе во Собрание, се кршеа од ќотек пратеници, министри, Борис (за новите генерации тој беше Прецедникот на РМ во тоа време) се криеше во касарната Илинден. Ништо не се смени, АРМ се повлече, дозволија УЧК да се евакуираат со НАТО инстукторите. Се протестираше за Рамковниот договор и Карпалак, и покрај големите протести па дури и рекорден број на волонтери за АРМ до тој степен што луѓе беа враќани - Македонија капитулираше. За приватизација, отпуштања и технолошки вишоци имаше во почетокот на 2000 години масовни протести по стотици илјади луѓе (сите протести наваму се смешни да се споредат искрено) протестите апсолутно ништо не сменија, Македонија достигна невработеност од околу 40%, речиси се се испродаде, луѓе испогубија цели заштеди, работеа за навредувачки плати итн. Шарена револуција, се смени Груевски бидејќи Кале му мавна заушка на Аљи и му даде директива да коалицира со ЗЗ. Груевски и покрај протестите си победи убедливо на изборите и дури се договори со УЧК. Протест за промена на име, лани за бугарскиот договор итн итн. Референдум имаше неуспешен па пак го изигнорираа. Во сите анкети народот е против договорот но Таче прави максимални напори да го изгласа. Еве сега најново протестираа заболените од цистична фиброза, за сега ништо не се смени а не изгледа ни дека ќе се смени во скоро време. За тоа што аврохтоните имаат секакви права тоа е благодарение на УЧК, СДС и ДПМНЕ. УЧК не дозволува ниту еден нивен да одговара за било што додека другите две партии преќутуваат се само за да УЧК не напушти коалиција те за да останат на власт, последна шајка беше 27 април кога ДПМНЕ ги шитна луѓето кои ги напали да влезат во Собранието. Ако Љуљзим го збрца Иван тогаш Љуљзим нема да одговара, ако Иван го збрца тогаш ќе одговара. Ако Иван удри бокс во самоодбрана зошто Љуљзим му извадиш нож тогаш Иван ќе одговара. Ако Џибери не плати сметка за струја и вода, никој нема да му наплати. Ако Кристина не плати сметка за струја и вода тогаш ќе и дојдат извршители. Зошто Иван и Кристина да се борат за било што кога нема никој позади нив како што имаат Љуљзим и Џибери? Тоа е што е, ќе си чекаме некоја подобра прилика или ќе си заминеме од Република Нашата Земја.
На змијата треба да ѝ ја скинеш главата. Не опашката И не е дека нишо не може да се напраи. Тогаш Борис ја здувал. Ама нека ми прости Господ, не поживеа многу. Тој горе све гледа. Очигледно. Само не знам другиве гомнари коа ќе си го добијат своето Ама мене веќе ми е орекуглава да ќутам Пре ку гла ва. Нема смисла и брат, многу историја имаш напишано. Проблемот е у сегашноста, иако е предизвикан да од историјата
За да дојдеме до сегашноста треба да знаеме како сме дошле до неа и како да постапиме за во иднина. Како беше она, кој не ја знае историјата ќе ја повторува. Те разбирам, и мене не ми е воопшто сеедно што се случува, се надевам нема да биде вака до бескрај.