Казна за нив, но исто така сметам дека треба да бидат казнети и родителите на девојчето!! На 14 мои години бев пуштена до 22:00 и тоа знаеа каде ќе бидам, што значи дека можат да ме контролираат кога сакаат. Кога ќе се вратев дома будни ме чекаа, ќе поседиме заедно, ќе се направи муабет неколку реда, па тогаш секој во своја соба. Инаку девојчево не било од Велес од градот. Зарем не ја чекаат да се врати дома ? Како може да не приметат во каква состојба се враќала ?
Кружат муабети дека девојчето е од друг град и престојува во интернат за да учи во Велес. Не ги оправдувам и јас родителите, како е можно девојче од 14 години да има односи и да верува на некој од 25 години дека вистински ја сака. Господ ќе ги казни тие што го сториле ова, наместо фамилија да гледаат тие како неандерталци по малолетни ќе одат.
Наводно кружат муабети дека девојчето е од Градско и дека била зависничка од дрога. Демек имала однос за линија… И сите што ги фатија направија многу многу пари со она страните…
Како може?Па едноставно е, не се сите родители добри родители и има апсолутно ужасни родители. Насилни родители, родители кои го запоставуваат детето, родители кои не му пружаат сигурност на детето..... Сеедно, мислам дека треба да е акцентот само на силувачите. Ја силувале, снимале, после тоа најверојатно ги продавале материјалите. Сосема е возможно дека не е ни единствена, туку имало и други. Заслужуваат апсолутно највисока казна што постои. Друго, https://sitel.com.mk/19-godishna-ki...3P0Dsam9-CnbUVYzeGJHzYaQpeBYaWQK3CLmdo5Uormeg Не можеш да живееш на раат безбедно како жена.
Не знам колку е изводливо и дали некој ќе се согласи со мене ама лично сметам дека треба во такси возила да има камери. Па нека се осмели било што да направи.
^ пак ќе ги спомнам коментарите, ама пола се дека сама си го барала, кај одела во то време, дали седела напред, дали имала да плати или се префатиле. Ова со таксистите мора да се реши конечно, чест на исклучоци шо си заработват поштено, ама најголем дел се најголемите багабонти. Во такси не си безбедна, во автобус не, пешки уште помалце. Манијаци се накотиле ко вошки. Секогаш кажете го бројот на таблиците на некој и не влегвајте било каде.
часови за самоодбрана, нож, тејзер, пепер спреј не коштаат многу, а можат да ви се најдат треба да се пази кого вработуваат *за таксистиве зборам а за децава, исто треба да се поведе сметка, и да се разговара малце дома секое девојче со 14-17 па и поише години треба да е свесна дека парнтерот шо е постар, толку полошо тие да си ја барале жената од соништата, немало дечиња да бркаат и да клецаат. Тие им требаат за ижживување или да може да ги мафтаат како сакаат.
Епа баш поради тоа што не се сите родители добри треба да биде акцентот и на родителите!!! Треба да ги изгорат и нив па да размислат дали ќе прават деца ради реда.
Не ми е јасно како може во вакви случаи вина да барате во жртвите.... Прво, во било кое време и да си одело девојчето, тој НЕ СМЕЕ да направи такво нешто па ни слично. За другиот случај, јасно е нагласено што направиле дебилите и во никој случај не е важно дали била зависничка или што барала со нив, се работи за МАЛОЛЕТНИЧКА, за дете од 14 години...
А наместо да копаме која што била и што праела од жртвите, да бараме и протестираме за повисоки казни за злосторниците? Луѓе куќен притвор за силување на 14 годишно дете?? Па ова да се десило во 21 век во Авганистан ќе протестираа..
Не бараме вина во жртвите, јас ако добро читам тука сите ги осудија тие што ја силувале. Но, девојче од 14 години на прв дејт да има секс?
Девојче од 14 години во никој случај нема секс со возрасни. Девојче од 14 години секогаш е силувана од возрасни.
Ова кружи на инста за настанот со таксистот и верувам дека е така.... Само јас колку пати сум слушнала недолични коментари без разлика дали е 8 сабајле, 8 навечер или после диско у 3. Ај па ако не сите жени и девојчиња да ги заклучиме да не излегуваат од дома за да не си го бараме Башка што колку пати им с случило на мои другарки дали дофрлувања, дали некакви коментари до таа мера да таксист седи пред куќа/зграда и ги гледа да влезат и кај ќе влезат. Тоа се мањаци и не треба воопшто да работат ништо, а не па таксист. Регистер на педофили, јавно со слики со адреси со се, да знаеме со какви луѓе живееме и не опкружуваат
Јас како што разбрав од медиумиве, вестиве на тв, прво пишувале на Инстаграм, и дечкото ја убедувал да се видат и да бидат во врска. Девојчето што мислело кога тој започнал да и пишува, дека бара жена или дека сака да си го губи времето со неа. И јас сум била 14 години, и мене, а верувам и на повеќето членки тука кога биле тинејџерки им се пуштале на социјалните мрежи постари машки па не сме излегле. Така да тука треба и родителите малку да се запрашаат како ги воспитуваат денешните деца. На 14 години единствен проблем ми беше како да ги облечам куклите дома, а не дечковци и односи.
Бљак бљак бљак. Размислувањето ти е одвратно. Наоѓаш оправдување за трговија со луѓе?! Дали се читаш што пишуваш?!
Ај настрана темава ама со реченициве више преку кур. Гарант уште си мислела и дека штркот те донел, да сигурно. Ако не на 14, на 18 те интересирале дечковци. Или тогаш Е крив дечкото/предаторот ама сега не?
Не е битно. Секако е дете таа. Да знаела подобро, ќе била возрасна, спремна да работи, гласа, плаќа сметки. Ама не е. Затоа е дете. Мислам дека концептот на дете не ти е јасен. Како што дете не можа да гласа, да се вработи, затоа што се смета дека не е доволно развиено за разумно да проценува ствари, така не може ни да има односи со возрасни. Прашањето не е што мислело девојчето, прашањето е што мајка барале дебиливе да пишуваа и да се пуштаат на малолетно дете.
Вчера од муабети шо кружат ми кажа дека имало две верзии во Велес шт кружеле. И двете се дека ја уценувале со видео снимки, само на едната наводно биле некакви односи, а на другата дека шмркала. И била уценувана со тие, и рекле ќе ги покажеме на сите, на твоите дома. Ако неќеш мораш да излезеш со нас другарите. Девојчето од страв прифатило и сите ја силувале, не прифатила да има односи туку сите петорица еден по еден ја силувале. Како што кажа и членката, да знаела подобро немало да биде дете. Да ние као возрасни на 20+, 30+ години пинаку размислуваме и можеби и би знаеле како да се одбраниме, ама тоа е само дете