А овие убиените ако биле познати мафијаши, нарко босови, дилери, уатевр, како биле на слобода? Oh wait, знам. Не продавале марули, затоа не биле во затвор. Туку мене повеќе ми е жал за тие што ни криви ни должни се нашле сведоци на ситуацијава, него за убиените. Да посведочам такво нешто мислам никогаш нема да спијам мирно веќе.
Па нормално Косово е бела мечка бе луѓе Плус немаме мислам договор за екстрадиција Иначе овој Зоран убаво објаснил, и до негде ми е разумно неговото мислење. Има логика. Мислам апла е очигледно дека е жива намештаљка, ама зборам во конотација за пукањето, штетата, палење кола. Смислено е ова препреубаво
Уопште Мислам и врапците знаат дека кој од браќата и да усере, бега таму, а не се враќа назад.. Ко у дупка да паднале
Се тоа во ред. Ама ете може да се случи шеташ тој дел таму и се погоди да седнеш во тој кафич, блиску е до Центар, а и не секој е запознаен па и од Скопје да си какви луѓе одат таму. Едноставно сакаш на кафе да седнеш. Си седнал на едно кафе а после излегуваш со трауми кои ќе ги памтиш. Навистина страшно што стана од Скопјево..
Цела Стара Чаршија ми има таков вајб мафијашки воопшто не ми е пријатна за шетање и цела таа атмосфера не ми се свиѓа. Избегавам скроз натаму да се движам. Се знае со "браќава" како е кај се они таму има и пуцњава, колења и остали примитивизми.
Им дадоа повеќе од што требаше. Они тоа го користат за глупости и ни ја ништат државава. Да не можеш на раат да шеташ ради дивјаци. Е***е системот.
Ме интересира зошто нема објава од МВР за настанот на нивниот профил, а објавуваат други рандом глупости?
Имаа денес ставено колку што се сеќавам Едит: Еве https://m.facebook.com/story.php?st...h42qpxQD3l&id=100069016095883&mibextid=Nif5oz
Едноставно е, избегнуваш такви ризични места. Не му одиш на волкот директно во уста што би се рекло. Па вистинска лудост е да шетаташ навечер низ чаршија, Сарај ,Чаир и сличните. Не сме од вчера. Тоа ти е исто како во Париз да отидеш во некое гето/кварт , неможеш да очекуваш да те почастат со чај сигурно. Каде и да одиш прво нешто што правиш, истражуваш за местото. Впрочем во сите држави се случуваат вакви пресметки помеѓу кланови, сигурно на рид не закажуваат фајт. Тоа што нема да ги откријат е друга работа.
Не ги жалам, кој знае колку деца и луѓе имаат уништено со дрога, кој знае колку семејства имаат зацрнето, кој знае и они самите колку луѓе имаат убиено.. За такви луѓе, таков крај.. Читам сега нешто овој нарко бос, Жила ли како го викале, бил голем хуманитарец, на 4 луѓе до сега стан им имал донирано.. Со чии пари бе, легално да не ги заработи, не те прави добар човек тоа што си спасил неколку луѓе од беда и сиромаштија а си уништил 10 000 луѓе за да ги стекнеш парите за да ги спасиш овие другите.. Кажете ме злобна, ама една трошка жал немам за некој вакви.. Иначе колега ми кажа денес, лани спасил жива глава, исто вака имало престрелка, за малку се спасил, ама сега немал каде, овој нарко босот.
@Sielo❤️ Во Париз може и да те застрелаат на сред центар, како и секаде. Пример имаше мафијашко убиство во Црна Гора, пред клуб, среде бел ден, летна сезона, меѓу луѓе. Во Албанија на плажа. Кај нас среде бел ден пред Зоолошката. Точно треба да се истражува за местото, но секогаш можеш несакајќи да се најдеш на погрешно место. Зборот ми е денес не можеш да знаеш со 100% сигурност кој ќе има лош ден, а на мафијаши сеедно им е дали ќе си колатерална штета. Некои од нив се и похрабри, може и пред полициска станица да те средат.
Точно можеш секаде да настрадаш. Муабетот ми е што пак бараш да шеташ ноќе низ Чаршија, Сарај, Чаир и слични дувла? кога знаеш каква ни е државата.