Ова не е ОПРАВДУВАЊЕ ЗА смртта на пациентите. Мене не ме интересира дали има или нема доволно вработени. Сите плаќаме здравствено, и треба да добиеме соодветна услуга. А ако не ги бива, подобро нека си дадат отказ отколку вака да ги умираат луѓето.
Никаде не пишав дека е, никаде не е пишано дека е. Нема потреба на вадење од контекст. Јасно ми е дека сите сме исфрустрирани.
Повеќе од половина се примени со врски, прашање е и колку се стручни. Чест на исклучоците. А работата може да се ублажува и разводенува до бескрај како немале вработени и слични глупости.
Не знам колку ќе пишуваше дека е глупост ако чекаше специјалист за било што со месеци и месеци, а да е достапен само во Скопје, гинеколог да има одвај еден на цел град и не, не се работи за шуто оризари, многу градови се така - па при мала компликација се препраќаат во поголемите места да им се снаоѓаат каде што повторно има недостаток на доктори затоа што има наплив од пациенти кои се препраќани од градови каде што има по одвај еден гинеколог.
Мешаш теми. Темата е за смртен случај на неродено бебе, и притоа на родилката и дале провокација и ја пратиле дома. Ова е поради тоа што нема персонал? Се праќа дома пациент зашто нема персонал во болницата?!
Бебето е родено, починало после тоа. Иначе и во Плодност праќаат дома што е приватна болница, и со провокација и без, особено без во зависност колку е отворена и за да се среди родилката и да земи работи
Кога и да те прочитам стварно не ми е јасно дали можеш да земеш предвид неколку фактори што влијаат на состојба на здравството или си тука само за да ги пишуваш одново и одново истите две работи? Тотално нема простор за нормални мислења и дебата од вакви реплики ко твоиве. Ај ако не ќе си повторуваме сите "доктори убијци" и толку од дискусијата.
Па ако не, да ја оправдуваме нестручноста и грешките на докторите. Може така ќе има задоволителна дискусија според тебе. И ова е форум, колку сакам и што сакам можам да пишувам. Само ставете се на местата на фамилиите на жртвите. Да видиме дали тогаш вака ќе зборите.
Да, толму заради тоа и се праќа. И немаш поим колку чест случај е ова покрај. Што мислиш, каде се лечат луѓе кои немаат пристап до специјалист? Се враќале луѓе со сериозни симптоми да се снаоѓаат. Ако ти одговара ќе патуваш, ако не - ........ Недостатокот од персонал е огромен проблем. Значи, не само на способен кадар, општо е непостоечки. Цело време ти пишувам од позиција на пациент. Овде доктори ретко отвораат да читаат вакви теми. Никој не оправдува грешки, ама не можеме да го запоставиме фактот дека тие грешки можеби ќе можеле да се избегнат ако навремено се спроведени мерки, а наједноставната е поттик кадарот да не си оди. Кој е одговорен за ова? Државата. Дали на државата и' одговара тоа што како пациенти постојано ги обвинуваме единствено докторите, ама не бараме одговорност и од директниот причинител - секако дека да.
Фали кадар, не велам не. Ама и дека не работат како што треба и тоа е точно. Пак примерот со Јана. Зошто отокот на очите не беше испитан? Поради недостаток на кадар?!
Јас во плодност сум породена со провокација, никој дома не ме прати. А ако го прават тоа, тоа значи дека и тие грешат, свесно. Човек со висок притисок на итна да појди, ќе чекаат да спадне притисок па да го пуштат дома, а не пак провокација за породување, чист окситоцин шо можи да предизвика и губење на тонови на бебе, може и контракции на матка без отворање на грло, па да е индикација за итен царски, да пуштиш родилка до дома да си земи ствари. Мислам.. Ич неќам да плукам ни по доктори, ни по здравствен персонал, има луѓе од нив што изгинаа за професијата, луѓе што прават надчовечки напори за да спасат живот или да подобрат квалитет на живот, ама тоа не значи дека со нив треба да се стопат и тие што не се појавуваат на работа, ни тие што бараат мито, ни тие што грешат свесно (не е несвесно давање на провокација и пуштање на родилка дома). Точно е дека нема персонал, не само во Битола, никаде и тоа е можеби најголемиот проблем во здравствениот систем, ниту пак има услови за работа (колку од нас трчале шприц од аптека да купат за да им се стави инјекција или систем за инфузија), ама за тоа треба да застане лекарска комора и да бара да се подобрат условите за работа за својата фела. Тешко на сите пациенти и тешко на тие доктори што можеби утре ќе бидат пациенти. Господ на помош нека ни е.
Абе тоа можеш да го разбереш ако работиш во таа бранша. Пошто последиците не се исти ако некој некоку згреши некој податок на хартија па ја скине и испечати нова и ако некој погрешно администрира лек..... И не, не е така само во државните болници туку и по приватните. Секаде фали персонал. Не само медицински лица туку и све остало од администрација до болничар. Еден ја работи работата шредвидена за двајца и после имало грешка. Епа ќе има. И едните и другите гледаат само за свој газ да го наполнат џебот а немаат слух за потребите на перосналот.
Како може да не те интересира???? Навистина? Замисли оддел со двајца доктори и пет сестри. И истиот тој оддел со пет доктори и десет сестри. Што мислиш кои пациенти ќе се подобро услужени? Дај не зезајте. Зборуваме за работа во која секоја секунда е важна. Некогаш животот некому му зависи дали ќе се изреагира во дел од секунда а ако нема доволно кадар како очекуваш се да се постигне?
Поради тоа што нема кадар треба да се оправдуваат вакви грешки? Десет пати прашав зошто матичната не испитала кај Јана отокот? Или и за тоа е дека нема кадар. Ако се бараат оправдувања, секако може да се најдат.
Утре во 17 часот нов протест, со сирена и минута почит, пред Клиничка болница Организаторот на протестот на плоштадот “Магнолија“ во Битола поради смртта на шестгодишната Јана Христовска, Игор Петковски за утре најави нов протест, преку социјалните мрежи, кој ќе се одржи пред Клиничката болница во Битола. -Среда, 17 часот пред Клиничка Болница-Битола ќе носиме сирена ќе ја вклучиме а потоа ќе одадеме една минута почит за сите прерано заминати чеда, родители и пријатели и ќе си отидеме… нека сирената ја означи АЛАРМАНТНАТА СОСТОЈБА во Клиничка Болница-Битола, а молкот нека биди за наш потсетник за тие на небесата, оти сите НЕМО седиме и чекаме промените од небо да паднат, а не ние да ги створиме час поскоро за да спасиме нечии живот! се вели во најавата за утрешниот протест.
Точно, се согласувам. Зошто не излезат на протести? Не мирен протест од пола саат пред мз за време на пауза, туку затворање на цели клиники и протести по улици за персонал, услови и плата? Тие работат во мизерни услови за мизерни пари (со исклучоци на цули и остали), ама последиците ги трпат пациентите и нивните семејства.
А излегле некогаш директори на болници да бараат подобри услови за работа? Повеќе вработувања, повисоки плати, апарати за ова, апарат за она, лекови, кревети... Онака барем да пробаат? Пошто директорска функција не е само да си го прчиш у фотелја.