Затоа што реално и Ти да си и да се разбудиш со оток на око ке помислиш дека е инфекција,конјуктивис или алергија.Немој да ми кажеш дека веднаш ке посумљаш на срцево заболување ?И дала капки и окото се смирило.В прочем нели сите така Првично лекуваме очи?Јас не знам некој за оток на око да отишол да исипитува срцеви маркери веднаш? За секоја болка во телото сумљате и испитувате тумор маркери?Не нели?Ама уствари рак имате ете. И научи се да дискутираш малце од малце аргументирано.Од 30 мислења овде ниедно не ти е потрекепено со ништо
Па затоа се доктори. За да препорачаат да се испита. Гледам дека тебе ти се поткрепени мислењата со аргументи
Општо, да. Ама и тие што се вработени повеќе да работат, а помалку да седат на телефон и кафиња да пијат, поинаку ќе биде. Најсериозно.
Не туку тоа е пракса при отечен капак да посумљаш на алергија или инфекција на окото.Истото го направила затоа и твојата матична.
Бараат, ама џабе е, дури ни министерството за здравство ништо не можи да направи. Се зависи од министерството за финансии, тоа е главна кочница на еден куп работи.
Да, но доколку пак се јави оток, треба да идеш и да испиташ. Не пак да даваш лекарства. Ете тоа е нестручноста на докторите.
Во однос на тоа дека докторите не бараат да се вработи персонал не е баш така, пуштаат дописи до министерство за да пуштат специјализации, али колку е тоа реализирано се гледа во однос на персоналот. И треба да се рачуна дека не можиш ти да спремиш специјалист кога вработените специјалисти имаат над 60 години, тоа е апсурд, нема специјализантот да има поткрепа затоа што ќе си заминат во пензија. Се прави системско решение и проценка али тоа во нормални држави, а не во последен момент.
Аман со ова, за обичен оток на око прво се проверува дали е инфекција. Има некаков протокол, не може веднаш туку така на специјалист да се оди. И колку напна со ова како да точно знаеш што било кажано за тој оток. Извини ама јас сите што ги знам што се во здравство не стигнуваат ни нормална пауза да имаат не па да го прават ти ова што го опишуваш.
Ама затоа први се да си ги зголемат платите за 102 посто. Тие од политиката де. Ја не знам ќе дојде ли ден да ги крене некој на клоци или ќе се чува кубурата за недајбоже . Битно директорот дал оставка, нов ќе дојде, продужи даље за исте паре.
А што ако добиеш некои многу јаки болки одеднаш од таблетата и не можеш сама да дојдеш, нит да викнеш некој?
Што ако метеор падне право во куќата на бремената пред пораѓај?? аман коментаров… Ако и дале таблета за провокација знае дека процесот на пораѓај веќе започнал, семејството е известено и тоа е тоа, а што да речат оние без таблета, од кај знае она во кој момент ќе започне процесот на пораѓај и болки а не може да викне некој нит да дојде?? Никој не сме стручни овде само лаеме додека се тоне многу брзо, секој ден нова трагедија, ова на крај ќе испадне да не остане млад човек оти пола младина ќе замине во странство а останатата половина ќе испоумре.
Абе свесно припремаш жена за раѓање ама ја праќаш дома?? Ако више ја припремаш со таблети, нека биде под надзор. За семејство, сопруг, свекрви не знаеме дали знаеле и биле со неа.
Точно е дека ЈАС ќе помислам, ама јас не сум медицинско лице. Девојчето било болно од Декември, капките само моментално го ублажиле отокот. Штом пак и пак се јавува, нели треба да е red flag? Не обвинувам никој, само ме ужаснува помислата дека се е можно на човек да му се деси, оти првично ете матичниот си рекол абе настинка е, без да се потруди за подетални испитувања. Макар и ете, ништо да не е. Се доведе народот до степен коски да му се тресат да оди на лекар, оти не знае дали жив ќе излезе од таму.
Ова како што гледам било за време на пандемијата кога имаше разни рестрикции и пациенти не се препраќаа на специјалист освен ако не беше итно.
Ти работиш на гинекологија? знаеш како оди постапката? Еве јас не знам, природно се породив но и мене ме вратија дома при првите породилни болки, ми рекоа кога ќе зачестат болките на многу краток временски период дури тогаш да се вратам, но овој случај е сосема поинаков. Тука се испишаа многу коментари ама никој стручно нема пишано како оди таа работа, само фрустрации и јас исто се осеќам, на народот веќе му е преку глава зошто се работи за здравство и сите ние сме засегнати, овај случај некако многу нејаснотии, никој не изнесе став од блиската фамилија на родилката што точно се случило, медиумиве знаеме од што живеат и ништо не ме чуди, ама мораше ли пак трагедија и тоа баш во Битола, некако премногу за прекратко време.