Јас за овој прв пат слушам, докторката била раководител на одделението и кандидат за советник на владејачката партија. Не знам дали била избрана за советник. Не знам дали можел да направи нешто неонатологот во случајов? Апгар 2. Еве што изгуглав за оцената АПГАР: (Appearance: изглед или боја на кожата, Pulse: пулс, Grimace: гримаса или рефлексна раздразливост, Activity: активност или мускулен тонус, Respiration: респирации, односно дишење). На бебињата со збир меѓу 4 и 6 им е потребна реанимација, која најчесто вклучува вшмукување на содржината од дишните патишта и примена на кислород. На оние со збир помал од 4 им се неопходни подрастични акции за спасување на животот.
Не е точно дека мора итен царски, итен царски само доколку опаѓаат тоновите на срцето на бебето, доколку цтг е во ред, тогаш се оди спонтано и при заматена плодова вода. Не се знае бројот на жени кои довеле на свет здрави дечиња иако им била плодовата вода со мекониум. Е сега, во прашање иде стручноста на докторот, дали можел да процени дали бебето има додатен стрес, а тоа се гледа најчесто преку цтгто дали било во ред или не, што мислам дека и студент би прочитал резултат камоли доктор. Ако веќе се спуштило во канал, употребиле методи кои се применуваат секаде во светот за помош при вадење на бебето доколку заглави во канал и почнало да губи тонови е веќе проблем, кај мене губеше тонови пред излегување, останавме смирени и соработував со бабицата, но мене плодовата вода ми беше чиста. Е сега, во повеќето случаеви од носето и устата после пород му се вшмукуваат течностите на бебе и му се дава терапија која најчесто трае 2 недели, некогаш и повеќе, но мал е бројот на смртност при вдишување на мекониумот. Стварно се надевам дека ќе се одкрие како точно се одвивал породот, што било превземено и кои биле пропустите. Се надевам дека ќе разговараат со прави професионалци, прави доктори кои ќе им го објаснат целиот процес и што би можело да доведе до ваков ужасен крај, за потоа да си ја добијат правдата. Еве јас не сум стручна, знам само еден случај на родилка која имаше зелена плодова вода, се породи спонтано и без никаква зараза бебето. Но во случај да вдише, кај многу мал број иде до ужасни компликации, најчесто се третирани со антибиотик. Кој знае како точно било.. дали вистина било цтг-то во ред ама па до толку ли да се неискусни и да не знаат што значи губење на срцеви тонови? На страна случајов,според мене мора во Мк да се има задолжителен разговор со доктор/бабица кој ќе го објасни целиот процес, можните сценарија во случај на неправилна положба, заглавување во канал и не спуштање бебе во родниот канал. Оти колку и да изгледа трауматично и болно, тие методи се применуваат секаде во светот. Останува да ја дознаеме целата приказна и каде бил стварно пропустот, јас мислам дека тоновите почнале да паѓаат кога било во каналот, не можам да замислам да паѓале тоновите предходно, а да не превзеле ништо. Уште не сватив, добила провокација и е пуштена дома или само е вратена оти породот не бил целосно почнат?
Јас колку што сфатив добила провокација ноќта, што е апсолутно индикација да остане во болница, а не дома да си оди.
Тоа прво го пишуваше нели и ако било така, тоа е прва грешка оти со провокација мора да е под надзор ама после излезе дека уствари не добила провокација.
@tanjaaa абе таа на моето со апгар 8 дозволи да го доведе до итен транспорт до Скопје со апгар 2 ќе знаела шо да прај. Ок.
Па многу знаеме што добила кога нема документ, како бе како даваш терапија, а не па провокација, без документ? Таа терапија требало да ја знаат сите вклучени во процесов, аман постои МТ, постојат интерни листи, постојат свашта, таман работа ако чекаме низ муабет да се пренесат кој што кога правел. БАШИБОЗУК.
Ќе објави мајката дел по дел како се одвивало се. Така разбрав од статусот. Не е ништо детално објаснето. Се надевам дека ќе ја истера правдата на крај
Кај мене сестра виде дека ЦТГ не е како што треба, односно, дека тоа што го кажа специјализантот не и штима. Па по 15мин пак ме викна на ЦТГ и повика да дојде доктор, јас спремна за раѓање, а специјализантот оцени дека сум 4ри прсти отворена кои всушност биле 8. Каков ли е тој доктор што не успеал да процени што се случува? Знам дека можеби ќе звучи бесмислено и знам дека таа институција е за пациенти и истите треба да бидат згрижени и третирани како ЛУЃЕ, ама после се што се изнаслучува за толку краток период таму, не е за стапнување. Не е некој изум ова и знам не е решение, ама испаѓа овде како да и' оди човек директно во рацете на смртта кога оди таму.
Не мора да значи дека ако е заматена плодовата вода е индикација за итен царски. И јас бев со провокација и кога ми го пукнаа водењакот имаше мекониум, се породив спонтано после 1 час. Бебето примаше антибиотик за во случај да вдишало од плодовата вода, бидејќи може да настане инфекција на незрелите бели дробови. Инаку цело време бев на цтг приклучена и се следеа тоновите на бебето
Во статусот на мајката, таа ја обвинува докторката, а овој не го ни спомна. ДСЗИ воопшто не ги напаѓа тие кои ја породиле(и двајцата се од СДС), а покренуваат кривични пријави против Вангелов од ВМРО. Да не бидам погрешно разбрана, не го бранам, човекот веќе има кривична за друго починато новородено и друг скандал. А да биде уште посимптоматично, во случајот со Јана, од ДСЗИ во извештајот не спомнаа иницијали на ниту една од трите докторки на педијатрија во битолската болница, кои по игра на случајот сите се поставени на работа од СДС. Господ да не чува од оваа партизирана држава.
Ако нешто не сум, партиски не сум определена. ВМРО па ич па. АМА, пошто ги затекнав и едните и другите, едно знам - последниве 5 години го уништија и тоа климаво здравство што постоеше. Никогаш, ама никогаш немало одлив на кадар како минативе 2 години, никогаш немало понезадоволни пациенти. На тема партии толку. Ми е гајле кој е на власт. Прво си доктор, после си се' останато.
епа ет таков доктор изгледа што не знае дека мора да се пратат тоновите на бебе нон стоп доколку плодовата е заматена, ако не провериле тонови и додека било во канал еве не знам.. тоа испаѓа таму во таа болница да ти е страв да ти земат крв од вена, оти очигледно не се способни за ништо.
Е индикација и тоа не само тука, во многу земји во светов, особено ако пораѓајот не е во активна фаза влезен. Сигурно жена отворена 3 прсти нема да ја чекаат природно со мекониум да се изнаголта бебето свашта. Можеби само ако е при крај и ако водата не е многу заматена, пошто и тука има градација во неколку степени. Некогаш водата е толку заматена што буквално е црна или темно кафеава како кал. Имам баш читано и истражувања и потреба за истото, а памтам и многу членки тука на форумот со лични искуства и на државно и приватно. Можеби некоја од нив ќе прочита па ќе каже. Овде зборуваме за жена што била испратена дома, и за жал не била под надзор. Два часа е многу за бебе да седи во вода со мекониум особено ако е ептен заматена. И особено ако пораѓајот не оди баш глатко како што било тука случајот. Сепак овде има очигледна докторска грешка, тоа веќе се гледа од километар. Кои се фактори придонеле за фаталниот исход тек треба да се истражи.
Не ја породувал. Ја примил, отвориле историја но не завел во книгата и ја пратил дома, значи административна грешка. Породена е од следната смена, од докторка.
Јас мислам дека бебето предолго време било во каналот и затоа настанало хипоксија и смрт. Не е причината заматената плодова вода според мене
И како уствари никој од цел персонал немал поим за отворена историја? Не знам како функционира таа болница, ама барем кај што работев, нема шанси да се отвори историја, да се аплицира било каква терапија, а за тоа да не постои извештај и никој ништо да не знае. Невозможно е. Историите за прием влегуваат автоматски на МТ, освен ако во Битола не користат алтернативен систем за работа. Секундата кога реализираш упат за прием се појавува на МТ. Некреирање на упат и незаведување на терапија во мт не е само админ. грешка. Знам дека така ќе ја водат. Ама луѓе, ако примила провокација, па не е вит. Ц да му се невиди.
Сосема случајно, прв имаше слободен термин кога матичниот ми закажа преглед кај него, ми требаше мислење од специјалист. Продолжив паралелно кај него и кај матичниот да ја водам бременоста, оти искрено бев презадоволна од односот, пристапот и професионалноста. Баш и на форумов го пофалив. Бидејќи во претходната бременост се породив во плодност, можам да кажам дека подеднакво исто бев задоволна од односот лекар-пациент таму и од овој доктор. Дури и мислев дека можам толку да му верувам и да сакам да ме породи и покрај мизерните услови во болницата. Сѐ до случајов. Душава лешник ми е, ги преплакав и родилката и бебето.
Јас ко шо сфатив отворена е историја, единствено не е заведена во рапортната тетратка. Можеби грешам.