Какво ниско ниво на свест. И тоа од луѓе на кои што човечкиот живот треба да им биде пред се. Не навлегувам дали причината за ваков однос јас не те гледам ти си кај овој се пари, имам слушнато муабет од гинеколог дека кога некој земал некоја сума за да породи жена договорено, другите се оградуваат и не сакаат да ја гледаат понатаму. И да се причината политички препуцавања, во секој случај е одвратно. Треба да си психопат ако си медицинско лице и останеш ладнокрвен на фактот дека некој умрел поради вакви причини опишани погоре. Затоа треба да се говори јавно и да се пријавуваат вакви небулози, можеби некој некогаш ќе стави крај на ова..
А не знам каков им е протоколот на приватниве, ама некој месец после мојата операција одев на разни прегледи да не набројувам, ама од страв и недоверба сакав мислење и од Систина. Им се јавив да закажам, ме прашаа што како и ајде ми рекоја ќе ве бараме за термин само да се консултира со докторите. Кратко после тоа ми се јави и ми рече нема да можеме да ти направиме било каков преглед затоа што си оперирана на друго место и ме одбија.
Постоперативен преглед може неќат да прават оти демек докторот што те оперирал најдобро знае како си поминала па овие да не згрешат нешто. Ама пак бе, си пишува што све у документи, башка со ехо, снимки, едно друго ќе се види дали има нешто или не. Што ако настане некоја компликација после операцијата а не те фермаат на државно? Не знам стварно.
За разлика од нашиве кои се препукуваат пред јавност а срам им е да ги пишат со име и презиме , овој анестезиологов одма пишаа име и презиме. Коментарите од Албанците се остри осудувачки , затоа што кај нив нели којсмее на страна жената да ти ја погледне а камоли да ја слика снима на болнички кревет и на тик ток да ја става. Е тоа е таа разлика помеѓу македонците и албанцитр кога е нешто за кое имаат создадено идеологија , верувања тие и братот ќе го запалат ако прекрши нешто и за тоа искрено капа им симнувам , а македончето само ќути трпи да не не разбере овај да не каже онај . Не ми е целта да правам етнички поделби но реалноста е таа. некој мора да сноси последици за ова што се случува во здравствово...
Баш ова ќе пишев сабајле, овој ќе го решат според нивните закони. Само за нашиве никакви закони нема.
Генерално, пост-оперативно лекува тој што оперирал бидејќи никој не бил со него во сала, најдобро е тој да го води пациентот. Не е тоа пракса само кај нас, меѓутоа твојот случај е различен, ти секако не би се вратила кај тој што те оперирал. Се надевам најде добар доктор да те води понатаму, ама при регуларни операции навистина е така, не е препуцавање тоа. Затоа и од Систина така ти одговориле. Баш тоа на неа и' се случи, при нормални операции се оградуваат затоа што не може да знае што правел некој друг, а па во нејзиниот случај уште помалку. Многу лоша ситуација, ама па кога веќе постои пријава/тужба како во нејзиниот случај, мора да постои и законски (можеби и постои, треба да се провери) дека пациентот го презема друг доктор. Фала Богу нема да се врати кај тој што го тужи.
Не знам дали имате налетано на клипот од анастезиолог од Косово. Исто ококу 40 години досека пациентаката е под анастесија зашеметена, он и го става половиот орган во уста и си врши работа. Притоа беше се снимено на камера и мислам дека го уапсија веднаш. Така да не се чудете Пред да се прими кадар кој треба да работи во здравствена струка треба прво психолошки да се тестира да се види дали е нормален па после....
Бразилец беше тој. https://www.revolt.tv/article/2022-...g-penis-in-womans-mouth-during-c-section/?amp https://twitter.com/MC_IBTimesSG/status/1546782571240906753?t=bJMd_mvkzMC6I7reQlDZtQ&s=19 Ваљда и во Косово не се има случено истово.
Не знам дали го прочитавте статусот на жената која го изгуби бебето, ама ништо не е како што пишала комисијата тие идиоти буквално без трошка совест се ижувувале над неа. Не можам да верувам што се случува по болницине дали тие што не лечат се при здрава свест? Ќе почнеме дома да се породуваме и сами да се лечиме, може повеќе шанса ќе имаме живи да останеме. Ова со Тетовската болница капак, ако сега не се кренеме сите подобро да се самоуништиме. Дечкото кој со транспаренти си го бара лекот за цистична фиброза добил закана од докторка, дека ако продолжи да прави така немало да има место за него во болница.... ПУТИНЕ СЕГАА!!! И НЕ ПРОМАШУВАЈ!!!!
https://m.facebook.com/story.php?st...59TvKhLZml&id=100011377736922&mibextid=Nif5oz Еве што напишала увредената докторка за дечкото со ЦФ. Треба да и биде благодарен, а врло вероватно и да и подаде нешто, оти го примила во ДРЖАВНА БОЛНИЦА, замислете! Надолу во коментари, ќе сретнете коментар и од мајката на Игор која кажува дека докторката и се јавила на жената, да го убеди син и да си оди дома за Велигден Здрав, болен, ако ти се умира па и умри, ама Велигден си е Велигден
А она да се заблагодари што ние плаќме данок за она да си земе плата? Има ли некој нормален во државава да стaви крај на ова што се случува? И зошто воопшто е дозволено на медицински персонал независно дали се доктори сестри или болничари да се препуцаваат со пациенти преку социјални мрежи????
Оти не е забрането Дали и каде се препуцаваат стварно небитно, ама нешто етички кодекс на понашање, ова она? Изгледа многу сф филмови сум гледала, нема тоа во реалност ваљда
Како што е тргнато малку фали и Михајло да си замини од болницата па дури тогаш нема да има салам доктор ни за прегледи ни за пораѓај.
Секако дека е. Не смееш да кажеш кој ти е пациент, а во случајов иако јавно тој си искажува револт, не смее ТАА да каже кого лекува никому, освен на нормално останатите со кои го лекува. Може Биљарка да пише и овде бев кај Камелија и ужасна беше, ЈАС не смеам да одговорам на тоа така. И да сакам да дадам изјава за јавност, не е преку приватни социјални медиуми, постојат правници и ПР кои тоа ќе го средат.
Баш вака. Дно дна , дури и дното го пробушивме, пак ќе речам ова е резултат на долгогодишно уништување на системот поготово на системот за образованиеод таму почнува се. И сега , бидејки се бунат некои доктори ги ставале во ист кош со како овој од Тетово, наставници исто се бунат ако ги стсвиш во ист кош , секако дека ги има уште прекрасни, ајде нека бидат тие првите кои ќе повикаат и ќе излезат на протести на барање права на барање на етичка и морална вредност , кога греши некој да одговара, верувам дека цел народ ќе ги поддржи, ама нема, само кога е за пари тогаш се гласни. затоа не не бива , немаме вкоренети вредности оние кои порано ги имаше колку толку....затоа уште некоја година ќе нема кого да лечат итн...
Дрскост и безобразије, она го примила пошто не и е тоа работа нејзе....Крив е пациентот оти му се живее. Пу!!!
Дно дно дно!!! Бесна сум кај што читам Она го примила на клиника, ко мислиш дома го зела да го лекува ејјјј... Башка жена во години, лекар, директор, ќе речеш човек со интегритет се препукува со пациент на социјални медиуми.... Пу!!!