А зошто не им било насадено тоа во глава? Чија грешка е? Или чекале да наполнат 17 за 3 години па да ги воспитаат?
Нема проблем. Ќе ака кај шо ке и текне ,ке сака да е пажња и да крева цела држава на нозе....море таков шамар ке добие и цел месец дома има да седи . Денешниве деца значи..ццц. Тешко на мајката што стрес доживеала
Секој човек треба да сноси последици за делата кои ги прави. Особено деца, затоа што подоцна стануваат луѓе кои прават што сакаат, и кога сакаат, на кого сакаат. Затоа и денес имаме деца кои и сами ги гледате на улици, тепаат и пцујат мајки и баби. И вината е пак во родителите, оти не знаат да си ги воспитаат децата. Одат од крајност во крајност, или се им е дозволено, или се им е забрането. Да се казни некој како воспитна мерка е во ред. Ова сепак не е мал инцидент, не заглавиле во ВЦ на пола саат на телефон. Избегале во друг град, на цел ден. Ако вината не е во родителите, ако ова било само некој екцес, тогаш логично дека треба да сносат последици. Не ќотек или затвор, али некои ограничувања кои многу им значат во детскиот живот, кои ќе си ги повратат назад, со враќање на довербата кај родителите.
Добро дали сериозно сите децата ќе си ги тепате ако ви направат вака, а мене лом ме направивте во една друга тема каде што кажав дека сум ја плеснала сестра ми по раче затоа што на жената пред нас во автобус косата намерно и ја искуба затоа што не и дозволив да ги качува нозете на седиште.. Мислам проповедате морал и морално однесување, а сите би ги тепале децата за вакво нешто.
Има буквално случаи каде што вака исчезнуваат деца и никогаш веќе не се враќаат. Во скоро сите од тие случаи се допишувале со некој од интернет кој најверојатно лажно им се претставувал. Мене прво наваму ми одат мислите и среќа што сепак се вратени дома. Ама вие никогаш нема да го дознаете тоа. Никогаш нема да дознаете кој бил тоа, пошто нема да ви се доверат со таков пристап. Забрана за излегување месец и одземање телефон се во ред како казна и никој не кажа дека казна не треба да има. Ама треба да има и разговор и да се дознае што точно се случило и зошто се случило. И треба да се објасни зошто тоа не е во ред што го направиле. Шамари. ќотеци се само реакција за истресување на сопствениот гнев врз детето. А гневот е зошто си потфрлил како родител.
А мислиш ека ако збориш и само збориш дете ќе те слуша. Децата едни се дома, други се надвор. Ти најдобро можеш да го воспитуваш, ама кога не е со тебе не е исто дете. Сфатете еднаш. Казни мора да има. Мора да сфати детето кои му се права и обврски, и кои им се привилегии и дека привлегиите можат да бидат одземени. Родител мора до 18 години, да обезбеди на детето, храна, облека, дом, образование, здравствена заштита, се останато е привилегија. Летовање, зимовање е привилегија, мобилен е привилегија, пуштање на ескурзија е привилегија и да сфатат дека се тоа може да им биде одземено. Е кога детето ќе сфати дека привилегијата му е одземена , заради тоа што направил нема да му текне уште еднаш да направи беља.
Море еден добар ќотек сега и на двете па дали ќе им текне пак да прават така Јас се исплашив иако не ги знам, си мислев којзнае што им се случило на најлошото помислив, а не пак да помислам како име било на родителите таков страв им направиле што ништо не може да ги оправда. Какви страшни работи се случуваат во последно време тие криенка си играат.
Ама сега ти почна да го вртиш наративот. Не се правете наудрени. Зборевме за ќотек како воспитна мерка. Патем има тема таква на форумов каде што као сите се строго против, а во пракса гледаме не e тоа така.
Што ќе постигнете вие со ќотекот живо ме занима? Освен што ќе му набиете вечна траума и страв од вас друго не гледам. Подобро казнете го строго нема телефон месец дена,само школо и дома, нема џепарлак отколку да го тепате. И после кога ќе остарите ќе сакате да ве чува а нема,затоа што сте изгубиле вредност во неговите очи.
А ти мислиш дека ако ги истепаме за вакво нешто дека ќе ги тепаме и за шкртање по ѕидот на пример? Смешки.
Ич не треба да ме чува. Дете не се раѓа за да има некој да ме чува. Нека е среќно и живо и здраво, товар нема да му бидам. Не барало да го родам за да осеќа обврска према мене.
А кој рече дека дете се раѓа за да ве чува? Реков сосема друго,кој сфати сфати. Не испревртувај. И дете не се раѓа за да биде тепано и малтретирано од мајка му која освен за ќотек не знае за други начини во воспитувањето.
Читаш ти што пишувам? Не сум за ќотек, ама ова да ми го направи што да и речам? Браво ќерко, ни направи да не ни е досаден животот? Наставничката кој стрес го има доживеано? Од Струмица дошле да ги бараат.
Споредбава ти нема врска, ако сакаат да избегаат и од селото кај што живеат ќе пребегаат а не родители ги спремале ги пуштиле на екскурзија да си поминат убаво и овие чекале ваква прилика да се спасат, случајот беше ептен сомнителен дека нешто дома не е во ред. А ако имаш два грама мозок и емпатија ќе помислиш дека на сред бел некој ги грабнал, ги пикнал в гепек, ги силувал или е со намера да им ги продаде органите. Јесте да сме сведоци последниов период на ужаси ама не сме ни Ирак ни Иран, Скопје кого и да прашаш сигурна сум дека ќе ти помогнат на било кој начин … од збес им е, се гледа по камерите заблутени по телефените, абе дете да ти снема на 8 саати бесилката некој родител ќе си ја стави на гуша кој стрес е тоа
Ќотекот е у афект Мислам ќотекот. Плескање едно друго Јас како мала се имам изгубени, т.е им избегав на моите во друга држава. Ѓе бараа со саати, а јас си уживав. Кога се вратив, мајка ми ми ја закачи една у афект, од шо беше потресена дека ми се десило нешто. Плус цел ден следен не ми збореше. Никад више не ми текна да го напраам тоа