Ќе и речеш “Си направила што си направила, сега ќе си сносиш последиците и од сега нема да ми шеташ лево десно, школо-дома-школо, нема излегување, нема телефон.” Просто едноставно. Ако се бунтова нејзин проблем, ти си мајка ти треба да ја контролираш а не она тебе. Со ќотек ништо нема да постигнеш. Читај што пишувам и не испревртувај како ти одговара.
Хаха извини смешно ми дојде Гарант тоа одамна било, сега ќе те читавме по фб изгубена е феминка22, ако имаш намера пак да бегаш бар остави слика
Јас би ги седнала дома и би им ги пуштила вестите да ги гледаат кај што објавуваат вестите па да видам што има да ми каже
Доволно е еден васпитен шамар и казна. Пред се поради недолично однесување. Не може да ти се исклучи тел и да не се јавиш прво кај наставничка пошто она е одговорна за тебе во моментот, а после тоа дома . Секој буквално секој на улица ќе ти дозволи да се јавиш поготово на мало дете нема шанси некој да му каже не може. Нема никакво оправдување за вакво понашање. Дома те мислат бе, таа наставничка те мисли бе. Не си во твој град .
Па ја оти одев со емпатија и два грама мозок оти пишав од коа објавија веќе дека ги нашле девојчињата, дојдов до тој заклучок. А вие да ги имавте, барем и на помалото зло ќе ви текнеше прво, па дури отпосле тоа што ти имаш пример дадено, а не дека се ебаваат деца од 12 години на кастинг кауч.
Тоа велам има начини милион башка плус денешниве деца се итри и паметни, тепањето ништо не постигнува. А сакате во Европа да идеме, епа во Еу е забрането да се мава дете и тепа,дал дома или во јавност и се казнува плус социјален работник ве посетува секој ден.
Па муабетот ти го почна дека од строго воспитување ова го праеле. Епа да биле строго воспитани и да им било насадено немале да го направат ова. Ако била нивна желба да се прошетаат онака низ Скопје само де и се криеле оти така сакаат. Ќотек сигурно не е начин на воспитување ама и после ова сигурно нема браво да им кажат.
Ќотек на толкави деца Ќотек воопшто. Воспитен шамар. Ахам. Знам јас каква бев поради ваквото воспитување и строгост. Прво имаш страв и како растеш само повеќе се бунтуваш ниту имаш почит кон нив ниту ги слушаш. Родителството не е спринт, туку маратон. Од каде знаете како овие девојчиња биле воспитувани, па одма ќотек им требало? Можда сега добиле прилика да излезат од дома и ете што се случило. Ама, мора одма за ќотек да се повика.
Ајдееее сваштаа Па и ние сни биле бре тинејџерки, симпатии, дечковци, излаз до 21ч е малце да закасниш со поглед еден накосо си казнета, втор пат тешко дека ќе се случи, само полека малце со речникот, тоа не се мои реченици
Ќотекот според мене е за најстрога осуда. Јас не сум тепана како дете, па секогаш сум била примерно и послушно дете. Мајка ми многу пати ми има кажувано за нејзина другарка која се прибирала дома кога ќе и текне и си правела што си сака, знаејќи дека ќе ја натепаат. Ама па шо за еден ќотек (знаела дека ќе добие ќотек ама нејзиното ќе си го истера на крај) За да воспиташ дете не значи дека треба да го тепаш, туку треба многу да зборуваш, да си другар и авторитет на детето, а не да се плаши од тебе. Да е слободно се да ти кажува, и да размисли пред да направи глупост да не те разочара. Не верувам дека ќе дознаеме кај биле децава, ама родителите треба сериозно да си се позанимаваат. Децата упорно праќаат аларми и избегани се од контрола, и место да си го ставиме прстот на чело зошто се такви, вина бараме во Трајко во Петко. Наша е вината за нашите деца
Многу работи сте изнапишале и многу сценарија. Само едно ќе речам не е убаво да се осудуваат децата. Па дури и да не сакале да бидат најдени треба да се види причината зошто. Па и да се работи за бес треба да се види од каде доаѓа тој бес. Во претходната тема сите зборевте дека треба да се работи со децата а овде го правите сосема спротивното. Видов некој спомнал штекери во ГТЦ, па еве јас која живеам овде првпат слушам дека има некаде во ГТЦ штекери. А да не заборавиме дека децата се срамливи по природа па сигурно воопшто не помислиле да побараат помош да го наполнат телефонот некаде. Друго, да можеш да се изгубиш и да луташ некаде кога ќе те фати паника, па дури може и во круг да се вртиш. И реално повеќе шанси имаш да се изгубиш во Скопје отколку во некоја метропола, па ние ни карти имаме, ни ознаки. А она дека кажале дека не се они, може прашањето не им било поставено како што треба па не биле свесни дека се трага по нив. Ајде малку да сочувствуваме со родителите и со стресот кои го доживеале и тие и децата и да не ја шириме приказната повеќе. Она што е важно е што тие се на безбедно, живи и здрави и се со своите родители.
https://strumicadenes.mk/opstini/st...18_RMGdYi1TYbueQNNQ4H7fFpuyZ0&mibextid=Zxz2cZ не верувам ова да е точно
Цела македонија ја кренаа на нозе, а тие ако сами се криеле треба една добра воспитна да им се удри, овие деца не се тепани затоа се такви разлигавени.
Епа тоа е тоа што многу пати сум го мислела и зборела. Значи што можиш да му направиш на дете кое посекако си тера како што сака. И казна и ќотек џабе. Па зборови дека ќе продрат кај такви деца многу тешко. И да им збориш џабе нема ни да те стават на мисла. Со такви само строго. Клуч на врата и нека се подразмислат што сториле па после разговор за решение.
Цел муабет ви е базиран на претпоставки. Сами си кажавте дека шетале, таква официјална имформација немаше. И да избегале сами, можи има причина и се надевам дека полицијата ќе си истражи убаво, оти и тие вака знаат да си носат заклучоци од типот "сам си го бараш".
Нека ви избега дете од дома и нека се крие цел ден, ќе видам што ќе зборувате. Пет минути да го нема е шок за родителот. Ќотекот никако не е решение, ама мора да се знае кој е родител, а кој дете. Не тепам деца и сум против таквиот начин на воспитување, ама казнувам, наградувам, зборувам. И за некои работи сум построга, оти мора да има граници. Јас не сум другар на моите деца, родител сум и.
Роднината уште ги оправдува, утре пак ќе се изгубат така. Да згреши улица, да лута 8мин. да ги разбереш.Сигурно биле со некого,исклучиле телефони изгубиле осет за време. Се знаат друго во тие години, само незнаеле да застанат негого и побараат помош. Ако не ги нашле до каде ќе пешачеле. Подобра лага требале да смислат.
и јас го делам истото мислење. На снимката која кружи на интернет се гледа дека едното девојче збори на телефон. Како за тоа имало батерија и не бил телефонот исклучен а за да се јават кај учителката или кој и да бил со нив (ако нели се изгубиле) за тоа не знаеле. Плус се гледа дека поминуваат покрај жена, ако биле изгубени ќе прашале некој попатно.
Се надевам дека никој родител не му дава телефон на детето без притоа да му објасни што и како ако снема батерија. Јас ко добив телефон, татко ми секое сабајле гледаше дали имам 100% батерија затоа што му ѕвонев после школо да ме земе. Ако одев кај баба, полначот ми беше во ранец. И плус неговиот број беше запишан позади на телефон за во краен случај да побарам телефон од друг човек. Или родителиве бутнале телефон у рака онака без посебни замарања или девојчињава не се позамарале многу Изгубени, тешко ми е да поверувам. Ама се е можно ајде.