https://a1on.mk/region1/dechkoto-na...eloto-go-iskasapil-na-delovi/?mibextid=Zxz2cZ Прв пат слушам за типкава, ама ова е језиво. Дури и да имало проституција, или било шо, остави ја, пријави ја ако толку нешто, и комшиите исто. Значи сите сѐ знаат ама си ќутеле, дур на овој не му пукнало филмот, а? И ова е решение? Да ја искасапи? И сеа ја попраи? Или ја утепа?? Она ако била проблематична, он е психопат и тоа тежок. Не ми се јасни луѓево.
Не знам дали воопшто и може веднаш после пораѓај да се појави постпородилна депресија. Не знам како беше, после одреден период се јавува. За ова не сум сигурна. Женава имала претходна историја. Така читав.
Може, може. Јас со првото уште во болницата почнав да плачам и да паѓам во депресија, па и уште ако ти се погодат некои малумни докторки да ти се дерат и да се изживљават со тебе, одма ќе потонеш во ппд.
За време на бременост секако дека може да има, ама постпородилна мислам дека е после некој период. Ама мислам.
Не мора, одма може да биде. Што е плус тригер за мајките инаку, тоа што се прикажува како неверојатна искра, љубов, свашта. Имаат поголеми очекувања него што во реалноста веројатно ќе се случат, може во моментот да не ја почувствуваат таа поврзаност инстантна со бебето и да мислат дека нешто не е во ред со нив. Во суштина се' е во ред, нормално е да има измешани емоции итн, на моменти да не е сигурна или дури индиферентна, но тоа се средува брзо. Ама дека има страшен притисок, има. Најжално е што барала помош и не добила. Можеби воопшто не е постпородилна, не знаеме што и' било, дали претходно имала проблеми итн. Во секој случај била свесна дека не е добра и барала психијатар, да не преживее тотална одговорност на дежурни лекари е. Реално не ни треба да ги викаат психолози/психијатри, одамна имам пишувано дека автоматски, треба да се подразбира нивно присуство. Неважно дали е прво или шесто раѓање за мајката, во тој момент мора да има поддршка.
Љубовта на мајката кон бебето се раѓа после одреден период. Тоа секоја идна мајка треба да го знае. После пораѓај, особено пак ако си царски, е период кога стварно се осеќаш слабо, болно и сосема нормално е да чуствуваш болка, бес, да си безпомошен. Доењето ти ствара притисок,бебе не може да се намести, немаш млеко, па доаѓа млеко итн. Еден од најтешките периоди. И се средува за неколку дена. Јас овде немав психијатар. Да бидеме реални нема никаде. Ама потполнив куп формулари и секаде се бараше инфо за психичката состојба. Од патронажаната исто добив и ме следеше дали имам психички проблеми, дали имам суцидни мисли итн. Ама психолог, психијатар не се добива доколу нема индикации.
Знам, не треба да има за да бидат "пациенти", туку за да препознае, или едноставно бодри. Секоја жена си е различна, најважно е да се чувствува заштитена, разбрана, сигурна. Некоја нема ич потреба од бодрење и поддршка, некоја има многу потреба. Некоја и е пациент. Без оглед, самото раѓање е стресно, нормално е да биде, нема "зијан" од секој вид на возможна поддршка.
https://a1on.mk/macedonia/detali-za...I6SM7khLg8d7cK-Rko5WoJ9RZDSHQ&mibextid=Zxz2cZ ауу каква мафија е ова Па ни дома не сме безбедни више бе Таму по Лисиче деца си играат на улици бе Господ да ве казни
Кој знае во што е вплеткан исчезнатиот, па можеби сакаат да му го ликвидираат и семејството (фали емоџи што се крсти).
Абе нешо дека смрди- смрди Детево го нема со месеци. Ама да отидеш пред врата да им пукаш? Мора да ти фали нешо. Не е ова Тексас. Деца има, луѓе пазарат од сабајле. Не е ко у САД куќа па 500м пак ќуќа. Све е напикано. Ама толку им сече
На мои 14/15 години завршив во болница месец дена од тешка пнеумонија, предходно две недели пред ова лежев една недела исто во болница од повреда и имав опреација. Еден ден зборејќи со другарките по тел уз муабет кажав " Леле колку ми е досадно ми се иде да се фрлам од тераса) лежев во тогашна Воена болница на предпоследен 7 спрат мислам. Имав тераса во собата и излегував понекогаш на воздух зошто не смеев да излегувам надвор од оделеније. Ме слушнала една од сестрите и веднаш кажала на докторите и тие викнаа психијатар да разговара со мене. Разговаравме и реков дека тоа сум го кажала онака без да мислам сериозно но сепак од тогаш па се дури не ме испуштија вратата од терасата беше заклучена. Вака треба да се реагира секогаш кога некој ќе се пожали или покаже знаци дека психички не е добро.
https://republika.mk/vesti/crna-hronika/27-godishnik-si-go-siluval-maloletniot-bratuched/ добро шо е со вас?? Толку ли сте очајни и болни во главчињата? Треба да почне мачетата да игра по затворо. Да вриштат
Сфаќам дека темата е црна хроника, ама не мора да ја споделуваш секоја втора вест во темава. На луѓево и така им е смачено од нервози, политики, црни хроники. Може малку да олабавиш и ти, верувај, подобро ќе ти биде него да се пуниш со негативна енергија. Пробај, ќе видиш дека подобро ќе се чувствуваш. Несреќи, убиства, инциденти има за жал секој ден, со споделување на истите на темава, се труеш себе си, и останатите околу себе.