На таа НАЈГРОЗНА локација,ни во лудило не се градат молови,посебно не такви грандиозни и гламурозни...Таму само шупи може да праат реално...Јер само стока шета таму..и не,не може било каде да се деси..зашо не се десило пукањево во сити мол? Није жвака за сељака...Ама на нивен терен е изграден молов...и затоа се пуцале..Не би да си го ризикувам животот,не се чуствувам безбедно таму веќе... Кој разбрал,разбрал... Лаку ноч!
https://newz24live.com/shokantni-de...Dm02flHnhld9qBrzqJngdKhxiX7Nc8KBlH0VF5c1qTAbw Цела населба е вознемирена поради ова. Имам роднина кој живее во зграда спроти луѓето кои се убиени. Биле сведоци на инцидентот кога дошла полиција. Страшно. Поради вакви настани ама воопшто не судам, напротив дури и оправдувам жени кои никогаш, ама никогаш не се омажиле. Едноставно, има многу насилници кај нас, па ништо не пропуштиле.
Што е најстрашно детето 8 годишно било дома сето тоа го видело. Идиотот пријавуван многу пати ама нашава полиција неспособна реагира тек кога ќе дојде до ова.
Го замислив хоророт, да седиш во соба и да слушаш пискотници. Жените сигурно пружале отпор, сигурно се обиделе да се бранат. Страшно. Кога прочитав, некако имав проблем со спиење, а не па дете тоа да го доживее. Роднинава видел како се фрлил од тераса, имало луѓе надвор, затоа што близу има маркет, има постојка, па се движи народ. И видов коментари со оправдување или релативизирање од типот „жените биле допуштени, сигурно имало причина“....
Читав од пред неколку дена и ми беше чудно што никој не спомна ништо во врска со случкава. Детето остана сирак и ако нема роднини да го згрижат цел живот ќе се мачи и ќе носи товар кој не е негов. Да си функционираат законите кај нас насилникот се знае каде ќе беше и сега детето ќе си спиеше дома и мама ќе му спремаше доручек, а баба ќе му плетеше цемпер за престојната есен. Бог нека му се смилува на детево.
Две деца се. Другото било надвор од државата со играорна група. Јас така разбрав оти имам роднини што живеат карши нив. Замисли одиш со деца во странство, и дознаваш таква кобна вест. Нема утеха. Како да соопштиш такво нешто на дете? Децата страдаат на крај, а ништо од тоа не е нивни избор.
Абре себичен гад. Ако не ти се живее скокни од зграда и остави ги другите да живеат. Како овој ги има многу во мк, само што немаме закони да се превенира психички нестабилни да немаат можност да склучат брак и да основаат семејство.
@friendy ако профункционира закон, добар дел од мажите во Македонија ќе си беа или во затвор или на лечење во душевни болници. Знам доста случаи каде жените трпат, не ни пријавуваат насилство, или ако се верила, па видела дека си има работа со манијак, го остава и ја манијачи, следи, заплашува итн. Се е тоа за во установа. Видов коментар од една кумановка дека треба да се научат семејствата да не ги форсираат жените дека по секоја цена мораат да имаат маж и деца, затоа што тоа наоѓање „маж“ некогаш чини живот. Баш вака беше пишано, и се согласувам. Сите комшии пишаа по социјални мрежи дека жените биле ок, тој бил некој неработник, насилник, го издржувале.
Почина 17-годишната девојка која завчера беше удрена од возач кој избегал и не и пружил помош 17-годишна девојка почина од тешките повреди кои ги добила откако била удрена со автомобил на булеварот Борис Трајковски кај Пинтија. По несреќата возачот побегнал, но полицијата веќе приведе двајца браќа како се осомничени. Несреќата се случила на 30-ти август во 22:30 часот. Возач со автомобил алфа ромео ја удрил и избегал од местото на настанот. Несреќата била пријавена веднаш и девојката била префрлена во болница, во Ургентниот центар на скопските клиники. Според информации на Телма, поради сериозноста на повредите, девојката веднаш била однесена на операција, а хирурзите се обиделе да и го спасат животот, но не успеале. Полицијата го нашла возилото на кое имало и траги од ударот. Но никој од тие што го користеле возилото не сакал да каже кој бил возачот што го удрил 17-годишното девојче. Станува збор за тројца од исто семејство. По првичниот распит, најстариот осомничен, таткото е ослободен, а задржани се двајцата негови синови, браќа на возраст од 30 и 25 години. Истрагата е во тек. Извадок од вчерашниот билтен: На 30.08.2023 околу 22.30 часот во СВР Скопје било пријавено на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, патничко возило „алфа ромео“ со скопски ртегистарски ознаки удрило во малолетничка од Скопје, по што возачот го напуштил местото. Малолетничката била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот. Приведени се осомничени лица во врска со настанот.
За ова има една тема на кајгана Криминалци и криминални групи во Македонија, каде на долго и на широки се споделуваат информации што и како, читни ако те интересира.
Ма немој молим те!!? А ова не е за во црна хроника? Форумов да не е на татко ти? За да кажеш што кај треба да се пише? Најди си работа...ај........
Не знам како ме сфати, ти кажав да си прочиташ ако те интересира, бидејќи на овој форум нема многу информации за оваа тема..
Жална Македонија.Цело Косово запишани во нашиот пензиски систем.Додавано стаж сите на полна пензија а воопшто не работеле овде.Кој како влегува во чеверија вработува армија и тоа се во Скопје.Другите градови се празни.МК не заслужува да постои како држава *На фб ми излезе ова не знам дали смеам да го ставам со име и презиме Дали е можно ова?? Дали е точно ова?? Зошто ќутиме?? Еден ден ,два скандали поврзани со Косово ,во еден гинат луѓе кои можеби не би умреле. Еднаш починале ,ги закопале а сега одново најблиските го преживуваат истиот хорор ,истата болка како денот кога починале ... А во другиот ни зимаат ,,од уста" на пензионерите... До кога ?? Што уште треба да направат ?
Ако е ова вистина, а јас не гледам причина да не е. Тоа значи дека државава е веќе распадната или не знам има некој невидлив сојуз со Косово и нив им полни дупки. Еднаш гледав документарец, полни се криминали итн. Јас затоа не читам вести, за да не се вознемирувам. Иако мислам дека од 2015 г. овде почна нешто гадно да се случува.