Црна хроника

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ицолгудбејбе, 31 март 2017.

  1. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.564
    Пол:
    Женски
    Аууу до каде сме стигнале, дното сме го допреле, јас помислив дека ја малтретирале машки, кога го видов видеово се запрепастив дека женски ја влечеа и тепаа. Кога женските станале невоспитани и насилни, не знам веќе што да очекувам.

    Вака некој дете да ми малтретира, ако треба ќе одговарам, ама ќе ги згазам од ќотек, нема лесно да поминат.
    Не се решаваат проблемите со насилство, но вакво иживување ги преминува сите граници. :envy:
     
    На shz, makedonkamak, referentka и 7 други им се допаѓа ова.
  2. k.frosina

    k.frosina Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    2.531
    Допаѓања:
    28.821
    Пол:
    Женски
    Боже!
    Каква беда:x:x:x:x
    Ако не се преземат никакви мерки против овие ке биде срамота.
     
    На referentka, kukla21, CaraMia и 4 други им се допаѓа ова.
  3. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.391
    Пол:
    Женски
    Вакво насилство секогаш постоело и ќе постои по школите.
    Во секоја генерација има неколку деца што сеат страв кај врсниците, без разлика на полот.
    Од хармонични семејства тешко дека би излегле такви насилници (ама не е и невозможно).
    Обично децата што се препуштени сами на себе, што живеат во тепачки и плачки низ дома, гневот го истураат во школо.

    И кај нас во основно имаше неколку такви ученици, од кои едната учеше со мене.
    Девојчето беше ХОРОР....Колку пати сум одела со плачење дома дека ми ги земаше ужинките и парите.

    Послаби и помирни деца ги тепаше со боксови и клоци, парите ни ги земаше, тетратките ни ги фрлаше низ прозор, кубење по коса, на машките крв од нос им пушташе, а на едно дете му пукна и ребро...После кога поднараснавме, дознавме дека татко и е најголем пијаница и насилник.

    Ова пред се е домашно воспитување. Не може дете од чиста мира да стане насилник.
    И мене никогаш дома не ме учеле на насилство, ама имав дозвола доколку некој проба да ме нападне слободно да се бранам (посебно да се бранам од таа насилничката).
    Учителите и општо школото се прават слепи при вакви настани, па затоа мора сам да преживуваш во близина на такви насилници, инаку ако ти го фрлат окото готов си.
     
    На WildMk, sparklie, azelea и 13 други им се допаѓа ова.
  4. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.279
    Допаѓања:
    226.782
    Пол:
    Женски
    Абе луѓе ... Јас пред некој ден се чудев во пекара девојчиња од основно кога влегоа. Остај поголеми од мене мислиш вратари ај за тоа ген може таков си имат. Ама ко машки зборат бе. Една на друга брат вика. Се бута преку ред на стара жена му диши на тој у врат да побрза. .. Се сеќавате во оние старине филмови што имаше посебно училиште за машки и за женски? Е тоа треба. За да ги научат на манири. Ама што ако кога го слушам комшијата како на своето едвај прозборено дете му вика јас не сум ти татко и го пцуе..
     
    На azelea, referentka, CaraMia и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Ове клептоманиве околу неа што прават? Искрено да сум се нашол во ваква ситуација не би гледал ниту дали е машко ниту дали е женско. Не затвор логор за вакви и за нивните родители. Што све не шета по земјава.....
     
  6. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.973
    Две снимки, на едната основношколки се кубат за коса, на друга тип пука во женска, да се кладев кое ќе е "поинтересно" за дискусија, ќе си останев без пари. Тотално изигнорирано, просто не ми се верува.
     
    На WildMk, Sanjichka007, Mari* и 6 други им се допаѓа ова.
  7. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.967
    Жалосно..Душата ме здоболи..
     
    На kikkki, esperansa777, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.246
    Допаѓања:
    81.808
    Пол:
    Женски
    Какво советување, на овие советување од школски психолог не сум баш надежна дека ќе им помогне да сфатат каква глупост направиле.
    Да им удрат по џебот на родителите со некоја казна, дури тогаш може ќе им упали ламбичката во глава.
    Нема врска дали се женски, машки, какви и да се вакво јавно омаловажување навистина е вон сите граници.
    Жално за девојчето што го влечеа за коса. Не знам што треба да ти погреши или направи некој за да решаваш проблеми на ваков беден начин.
     
    На smooch, sj *O*, Harper и 12 други им се допаѓа ова.
  9. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Сега дури видов на вести за видеото за тој што и пукал на девојката во глава :| кратко само кажаа. Поради лични причини. Каде се групите против насилство врз жените? Или под претпоставка дека не припаѓаат на нашиот етникум онда, не се мешаме ние таму, или?

    За девојчињава...родителите не секогаш можат да влијаат врз ова. И не секогаш се криви. И над глава да им се дубари, дивјаци се дивјаци. И нив ќе ги потепаат. Ова бара озбилна мерка. Ама не по џебот на родителот. Не го оправате тоа мало бездушно створче што може така ладнокрвно да мава некој и комотно да го убие без око да му трепне, ако го удрите родителот по џеб. Мерките треба да се врз тоа суштественце. Оно утре ќе направи и полошо од ова. Родителот може и да нема никаков авторитет врз суштественцето, нит може да го доведе во ред.
     
    На WildMk, smooch, mareane и 8 други им се допаѓа ова.
  10. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.227
    Допаѓања:
    70.692
    Кој ментален склоп треба да го имаат девојчињава шо онака крвнички се изживуваат?
    Се згрозив од видеово, вистина имало насилство секогаш, ама до овој степен до сега не сум видела
    Никогаш нема да ми биде јасно како едно женско врши или оправдува насилство врз друго женско
     
    На WildMk, mareane, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.778
    Пол:
    Женски
    Не знам искрено кое е полошо, дали физичкото или психичкото насилство помеѓу соученици.
    Јас отсекогаш го имав овој вториот проблем, каде многу често бев исмевана за нешто, омаловажувана и бев личност против која одеше цел клас само затоа што не бев непримерен ученик како нив и не бегав од часови без потреба. Секогаш дури и да имаше и други кои остануваа, јас бев таа која беше напаѓана со пцовки и навреди. Среќа моја е што сум била свесна за сопствените вредности како човек и не сум дозволувала тие зборови да допрат до мене, барем не во голема мера. Се спротивставував, се жалев и не ми беше грижа дали заради таквото однесување ме сметаат како плачка или што и да е. Не ја барав вината во себе и бев свесна дека проблемот е во нив. Денес тие личности само ги одминувам, затоа што не заслужиле ниту да ги погледнам а не пак да им прозборам.
    Ова пак што е на видеово е веќе уште поголема беда. Не знам дали ми е победно однесувањето на девојчињава на кои очигледно им треба психолошка терапија или пак однесувањето на останативе кои се смеат и гледаат, а на кои очигледно освен разговор со психолог им треба и нешто појако за да ги освести.
    Тажно ми е понатаму да зборувам, затоа што кога мене ова ми е потресно за гледање за малтретираното девојче не сакам ниту да помислам каква траума и понижување е ова.. Само ќе кажам дека се срамам што потекнувам и живеам во ваква земја. Толку.
     
    На WildMk, smooch, sj *O* и 8 други им се допаѓа ова.
  12. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.241
    Пол:
    Машки
    Брееј во ваше време немало тепачки? Ајде дее? Па во 90 години имаше криминал и рекетарство на секој агол. Дрога снемуваше во полиција. Во средниве школи имаше нон стоп тепачки. Што на наркоманска и средношколска база, што на етничка и верска, што на другарска, што на навивачка и така натаму. Немаше свадби, а да не се рокаше со пиштоли. Прашајте ги вашите мајки колку тепачки имало порано на свадбите или по кафаните. Кога работеа дискотекиве по приградскиве населби секој викенд имаше рокање и проблеми. Не е до воспитувањето. Едноставно децава секојдневно се изложени на деструкција и тоа им се наметнува како врховна вредност и достигнување во животот. Тоа е тренд.
     
    На CaraMia, Rama и ilyan им се допаѓа ова.
  13. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Сите сме исти како не ти е јасно како женско може да врши насилство? Што се жените а што мажите? Насилник може да биде секој без разлика на пол.
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.768
    Пол:
    Женски
    Самиот на себе си си контрадикторен.
    И ако отсекогаш имало тепачки, не значи дека тоа е нешто нормално и за релативизирање. Баш затоа што времето оди напред, треба да се реагира побурно и најстрого да се осуди и казни.
    Срамота!
     
    Последна измена: 14 април 2018
    На WildMk, smooch, kikkki и 8 други им се допаѓа ова.
  15. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.227
    Допаѓања:
    70.692
    Не ми ја сфаќаш поентата, ама ајде
    Секако дека секој може да е насилник, јас тргнувам од аспект на тоа дека жените се понежен пол
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.241
    Пол:
    Машки
    Не е за релативизирање, но реакциите ко ова да се случува само последниов период е смешно. Колку порано имаше тепачки, бодење со нож, рекетарство маала на маала, населби на населби, школи на школи, етникуми на етникуми. Дискотекиве по приградските населби секој викенд беше или некој избоден или тепачка. ПТТ школово секој ден тепачка Македоци вс Албанци. Хемиско и АСУЦ исто така. Аеродромци и Центарци навивачи колку сакаш. Полиција шверцаше дрога и буквално рекетари имаше за извоз. И некој сега се згрозува за една детска скубанка во основно школо ко да не сме виделе далеку погрозни и поопасни работи.
     
  17. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Епа ајде на ништо да не реагираме затоа што од се има погрозно.
     
    На smooch, sj *O*, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.241
    Пол:
    Машки
    Па се реагирало. Излегол инспектор на терен, разговарал со директор, родители и најавил казни. Тоа е. Нема филозофии. Поопасно е тоа што амнестираа еден куп ретарди од затворот. Мене тоа повеќе ме загрижува отколку скубанка на сељандури од основно школо. Такви девојчиња ги имало и ќе ги има во секоја генерација. Залудно коментираме.
     
    На orevokrsacka и sjdgo им се допаѓа ова.
  19. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.234
    Допаѓања:
    57.397
    Пол:
    Женски
    Ова ти личи на само една обична скубанка? Знаеш колку ова може да влијае психички? Може цел живот девојчето да не ги заборави траумите. И јас бев малтретирана нашколо, не до оној степен, ама добро знам какви последици остануваат бидејќи ги имам. Жално за тебе што мислиш дека ова не е значајно. И аман веќе со тоа споредбите со како било во времето на мајка ми баба ми прабаба ми, треба напред да гледаме за да го искорениме насилството!
     
    На WildMk, *Ench@nted*, smooch и 9 други им се допаѓа ова.
  20. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.778
    Пол:
    Женски
    @Mamli Ако ова тебе ти личи на обична детска скубанка, искрено ти завидувам. Камо јас да имав таков памет ко твојот па ќе го терав полесно животот.

    Вест: Избоден ученик во средно училиште. Реакција на Мамли: Абе си поиграле малку децата, ее голема работа ако го избоделе. Битно забавно им било сигурно.

    |( (facepalm) (facepalm)
     
    На WildMk, sj *O*, JustFun и 2 други им се допаѓа ова.