Возеле со 150км на час и претекнувале неколку возила, најверојатно се забиле во камионот со голема брзина.
Нека почиваат во мир, ужасна трагедија. Нема човек во Битола што имал мака и не бил кај д-р Ристевски. И општо цела Македонија, а и од подалеку. Одличен дијагностичар, голема загуба за сите. Прежално за тројцата
Бутаат за пари и апсолутно не е точно дека тие од прва што ќе положат се подобри шофери од останатите што полагаат по 3,4 пати. Лека им земја на загинатите
Блиски луѓе мои работат во полиција и ми кажаа, камионот излегувал од Гентерм фабриката, а докторов претицувал 5 коли.
Ама тој е останат жив од сите нив или? Јас како да слушнав дека рекоа возачот е единствен преживеан....
И јас разбрав од познаник што работи во полиција дека камионот бил тој што претицувал, и дека се запалила колата ко се судриле, камионот превезувал лесно запаливи материи. Жално многу за докторите.
Сега кажаа на вести дека камионот бил тргнат на само 5 км од некоја фабрика таму. Што сугерира дека возилото преткнувало.
@Waverly Raven да не збораме што првично беше објавено дека сопругата и детето на еден од загинатите биле во колата. Ај тоа што пласираат не точни информации, само за кликови, немаат малку осет спрема семејствата на загинатите. Како било што било, си заминаја 3ца луѓе...
Лесна им земја. Нека ги пуштат камерите веќе еднаш, колку толку ќе се почитуваат малку правилата во сообраќајот.
E Kako така судите и одма дека Шофер на камион, загинатите доктори и одма шоферот виновен и за убиство да му се суди? Јас колку што слушнав докторот пребрзо возел и претицувал и тој е виновен, нема оправдување брзале за работа и сл, среќа што камион било да удрел во друго возило уште повеќе жртви ке имаше. Нема професија кога возиш, небитна е секој мора да внимава и почитува брзина и знаци и полни линии. Трагедија голема 3 животи отидоа , но невин човек сега со прст да го покажуваме и судиме е крајно претерано.
Ниту еден искусен камионџија не би се осмелил да претекнува на дождливо време со полн камион. Затоа што никој не е будала да си го става својот и туѓиот живот на врвка. Да оставиме да истражат како што треба, затоа што и тој човек кој останал жив има душа, ако е крив ќе одговара ама ако не е, да не му товариме уште толку на маката.
Како и навистина да се десило, бидејќи секаде кажуваат различно, животите на луѓето нема да се вратат. Ама нека послужи ова да се чукнат по главата сите што не возат по сообраќајните правила. Безбедноста за себе и за другите учесници во сообраќајот најпрво иде од самите нас. Штета што сме држава за никаде па за свашта врски се фаќаат за да се помини неказнето.