Црна хроника

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ицолгудбејбе, 31 март 2017.

  1. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.790
    Допаѓања:
    15.607
    Пол:
    Женски
    Било кажано, била известена. Срамно е после години и години ништо да не се преземе. Мене во основно една со нож ме бркаше, класниот ништо не презеде. Имаше и обезбедување, зашто се случуваше и со други деца. Начекуваше мирни, кои не влегуваат во конфликти. Сè додека еден ден не ми се смачи да вртам кругови и кругови. Па шамар и оттогаш не ни проба. И да, ако сам/а не се заштити некој/а џабе е.
     
    На Трагедијаупмм, Dalene, Realist1 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.395
    Пол:
    Женски
    Ја лично верувам во Него. Највише ми е страв од Неговиот суд, и секако сакам Рај, после од моите па од законот.
    На суд може ќе поминам полесно од дома. Да убијам некој моите ќе ме избркаат ко партал.
     
    На eliesaab и Tanjamm им се допаѓа ова.
  3. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    12.994
    Пол:
    Женски
    @Feminka22 Да убиеш некој значи дека твоите тотално ја утнале работата и целта на целото родителство. Па нека те искршат од ќотек касно е веќе.
    И што со муабетов да е мое дете ќе го скршам. Абе ако сакаш и на пола цвикни го, штетата е направена веќе и нема назад. А се затоа што уште од мало е испуштено од раце и не му се всадени прави морални вредности. А тука не спаѓа ќотек, туку работа, работа, работа со детето од бебе.
    Па и триста бога нека се симнат на земјава и триста казни со одење во пекол и суден ден џабе ќе се, затоа што тоа дете нема ни да знае зошто е тоа така.
    Дај сега да земам стапот да го измавам моево, нека се плаши бе, да не смее да ми писне. Небитно што утре ќе дојде и до полоши работи затоа што ќе ме гледа како непријател, а не потпора.
    Јебало не нас закоравено турско-македонско размислување.
    Кога деца ќе се прават разумно, кога ќе се работи со нив, кога ти ќе бидеш живиот пример и ќе го практикуваш тоа за што устата пена ти фаќа од зборење, тогаш нема да има обиди за факинг силувања.
     
    На Bezimenka90, Mięta, Трагедијаупмм и 2 други им се допаѓа ова.
  4. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    7.329
    Во време кога јас растев, какви црни порничи, сексови, бакнежот меѓу Касандра и Игнасио беше ,,најсрамното’’ нешто што го гледавме на тв. Е сеа, во тоа ,,поубаво време’’, во петто/шесто одделение, група на машки пикаа девојчиња по вециња. Плас по газ, кога ќе помине некоја. Фаќаа за гради, им пикаа раце меѓу препони. Деца од 11/12 години. Растени и воспитувани од бумери, овие кои денес се расфрлаат со наративи дека денешниве не чинат/каишот да заигра. Ама тоа не се збореше вака јавно, немаше социјални медиуми, мн беше нормализирано сексуалното насилство.

    Поентата ми е дека и тие генерации правеа све и свашта, во ,,поубавите временца”, а замислете не гледаа порничи и насилство на тв. Кротки и фини генерации растени со бушава азбука хехенце.

    Живееме во најдоброто време каде јавно се збори за темиве и не се табу. Во тоа ,,убаво временце”, манијак го има извадено пред мене (јас дете), советот беше - не минувај веќе од таму. Денес тој педофил повеќето би го пријавиле. Воспитување, менталитет и институции (кадар) кои се катастрофални се причини за овакви појави.
     
    Последна измена: 12 октомври 2024
    На gjoker4e, Bezimenka90, LiquidLuna и 10 други им се допаѓа ова.
  5. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    11.286
    Пол:
    Женски
    Каде биле учителките? Збориме за првачиња кои не се оставаат без надзор...
    Не знам дали имате осет што значи 6 години....
     
    На Трагедијаупмм, dea.18 и eliesaab им се допаѓа ова.
  6. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.790
    Допаѓања:
    15.607
    Пол:
    Женски
    @FriendOfDorothy може не се збореше јавно, ама истите тие и те како денес потфрлија со воспитувањето на децата. Баш дека сешто се даваше, а и ако сме искрени па и родителите од дома не им беа нешто ,,пример" со оглед дека се сметаа од ,,елитата". Срам ми е да одам со конкретни настани за поубаво да доловам.
     
    На Cindy.A99, Tanjamm и FriendOfDorothy им се допаѓа ова.
  7. Dalene

    Dalene Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2024
    Пораки:
    488
    Допаѓања:
    2.475
    Пол:
    Женски
    Го цитирам твоето мислење, ама општо е за сите кои го тераат овој наратив изразен во твоето прашање на последната реченица.
    Одговорноста на едните не ја иззема одговорноста на другите.
    И наставниците се виновни, бидејќи имаат воспитно-едукативна улога. Покрај едукацијата имаат професионална одговорност со преземање на соодветни педагошки мерки да воспитуваат на основата што ја има детето од претходно, а пред се доаѓа од најмало, новороденче, од родителите и домот, домашните и градинка или забавиште, зависи каде одело детето во претходните години од својот раст и развој. Еве и ако одело на играорна или во религиска настава и тие влијаат и те како го обликуваат детето од најмали нозе.
    Пиша членка има страв од Бога, кај неа можеби така би се одразила религиската едукација од најмали нозе, независно дали е од дома или посетување религиски школи итн. да не одолговлекувам.
    Сакам да кажам воспитувањето на детето е под влијание не само на родители, туку и од тоа што гледа низ текот на воспитно-образовниот процес почувајќи од градинка до високо образование ако се одлучи да се доедуцира и специфично остручи за одредена професија.
    И многу влијае околината, другарчињата, членувањето во различни едукативни курсеви, играорни, религиски итн. да не редам.

    За воспитувањето мешате страв, како уплав страв да ти се тресат нозе и стравопохит која произлегува од имање почит кон авторитетот на родителот. Ама има зафрканција со ова, авторитетот не ти доаѓа на изволте со тоа што си родител или си постар и посилен од детето па можеш да му се наметнуваш, ама дете како дете нема развиена свест да знае дека некој/и родител/и се здобил незаслужено со авторитет. Сакам да кажам како што родителскиот авторитет и стравопочитта произлезена од него колку може да се одрази врз позитивно воспитување, може и врз негативно, па гледаме размазени, распекмезени самобендисани дечишта кои бараат ајфони од најмала возраст или кршат телевизори.
    Кога прав родител, а не бил ни прав кога дошло до ова однесување кај дете, ќе дојде до моменти дате да крши треба да си стави прст на чело и да се запраша каде гадно згрешил ако сака да оправи нешто. Имаме и отсутни родители, кои на моменти кога се присутни и се прават прави родители во тие кратки мкоменти на присутност дома до детето, можат да се изненадат од ваквата детска агресија без да си признаат дека нивното отсуство и тоа што детето под нозе го ставила околината, другарчињата, штетното влијание на социјалните мрежи почнува да прикажува агресивно и во најекстремни случаи вакво сексуално насилие или други дејства да не одам во детали во девијации. Значи таквите родители можат да останат изненадени од запрепастени, но тоа е нивни личен неуспех.
    Така што нежно родителство да, базирано пред се на присуство на родители и будно следење на детски раст и развој и базирано на имање доза нормална стравопочит, но и најголема доверба и взаемна почит за да детето ни се отвори кога има мака или кога е најсреќно, не да се затвора и крие и плаши од родителот.
    И да секое дете сака доза на авторитативен(заслужен авторитет) и самоуверен родител кој дава структура, насоки и цели и награди за почитување на зададеното или казни. Казни не во облик на тепање или ќе го прекршам да напаствува вака друго дете, тогаш е доцна, туку кази како вид забрана, нема пример одење на фудбал итн.
    И не е срамота или табу во 21 век ако не се оди подмачкано во извршување на добра родителска улога да се побара стручна помош.
    А во школството за алармирање од потреба за помош кај поедино дете или група постојат соодветни педагошки- психолошки службеници, бидејќи и на времето тетките и хаусмајсторите кои не чувале во двор не се надлежни и едуцирани за тоа нај, нај, да приметат и реагираат соодветно. Едуцирани за тоа се овие службеници во пакет со наставниците, ама како (не)функционираат во денешни времиња по школиве гледаме од примериве.
    Секоја почит на исклучоци кои одгледаа и одгледуваат прекрасни идни поколенија.
     
  8. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.676
    Допаѓања:
    14.143
    Tие што на времето се дираа по школи и не тероризираа нас мирните деца, или не малтретираа во маало да не можеме да излеземе на раат, ги истрпевме фала богу, заврши, ама денес се кој од кој, кој со кривични пријави за тепачки и сообраќајни прекршоци, кој алкохоличар станал, кој социјален случај, кој тепал жена, се развел, сега децата нема кој да ги гледа, во глобала ништо добро не му донесоа на општеството и се една проблематична категорија. Во Македонија бројот на проблематични луѓе не е мал, никогаш не ни бил, а за тоа колку имаме квалитетни индивидуи, па погледнете ја само учителката што не пријавува обид за силување.

    И менталитетот е крајно мизерен, надвор од сите цивилизациски норми. Пример, во основното кај што учев, имаше еден постар дечко, од таму го знам, пресекол вени да се самоубие, и слушам муабет од една пензионерка „ахх бре будала, најди некое девојче, прожени се“. Какво нездраво размислување. Човекот е алкохоличар, невработен, крадел, веројатно има и сериозни психички проблеми, ама битно требал да се прожени, еејј, решение на сите проблеми, да најде каква, таква жена. На тој му треба лечење, не жена да ја унакази.
     
    На LiquidLuna, eliesaab, Трагедијаупмм и 2 други им се допаѓа ова.
  9. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.525
    Допаѓања:
    38.738
    Пол:
    Женски
    Ова и јас го помислив.
    Наставничката на син ми ко беше прваче на секој одмор седеше со нив, пауза за храна исто со нив, и на крај од часови не чекаше сите родители пред училиште со нив. Не пушташе дете без родител да замине.
    Дури сега во четврто е поопуштена.

    Престрашна ми е случката, не можам да замислам толку мали деца да смислат нешто толку одвратно.
     
    На LiquidLuna, Amelia., eliesaab и 5 други им се допаѓа ова.
  10. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.740
    Допаѓања:
    38.490
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто децата биле сами? Учителката треба да е со нив. Децава додека беа кај една наставничка (во Мк) не беа оставени сами. И кога требаше да си одат дома учителките излегуваа да ги испратат и не си одеа додека не дојдат сите родители/баби или дедовци.
     
    На LollySky, eliesaab, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.395
    Пол:
    Женски
    Ama od kaj idejata so shishe
     
    На eliesaab и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  12. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.740
    Допаѓања:
    38.490
    Пол:
    Женски
    Најверојатно некаде видел такво нешто. Ништо чудно тоа да е од интернет. Ако на таа возраст прават така, што ќе биде кога ќе бидат средношколци :?:
     
    На eliesaab и Feminka22 им се допаѓа ова.
  13. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    11.286
    Пол:
    Женски
    Баш треба сите деца да ги пратат, се работи за првачиња кои само еден месец се на училиште. Моето дете е 6 години и сеуште не оди никаде без надзор, кога и го предавам на наставничката очекувам да и е целото одделение под надзор, ви се молам 4 часа дневно да не може да ги допази? Тој родител со доверба и го дал на таа учителка, криви и прави учат, кое образование на часови зборите, требало да биде педагог, во што целосно потфрлила и сега резултатот е дете со огромна траума.
     
    На eliesaab и Tanjamm им се допаѓа ова.
  14. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    7.815
    Пол:
    Женски
    Значи тебе ти е страв од Господ, твоите и судот, ама иначе немаш проблем да наштетиш некому. Ако твоите не дознаат, ако никогаш не се открие, ако кажеш три молитви за прошка.

    Фактички твојата криминогена природа е потисната преку страв. Не дека ти внатре во себе чувствуваш некаква емпатија према друго битие.

    Исто како и, ќе правам добри дела за да одам во рајот. Не правиш добро дело, ако очекуваш нешто за возврат.
     
    На Bezimenka90, potatoface, An-na и 6 други им се допаѓа ова.
  15. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.676
    Допаѓања:
    14.143
    Никаде не прочитав дека наставничката, родителите се повикани во станица да дадат изјава, дека е прегледан видео надзор, дека социјалните служби ги отстраниле децата силувачи од дома и од школо, додека случајот не се види што е како е. А прикривање на кривично дело е исто кривично дело, и непостапување е исто, кривично дело, да имавме ние институции наставничката сега ќе беше во притвор. Реков дека оваа држава таква каква што е, не задоволува ни минимум критериуми да се нарекува држава и треба да биде под санкции, додека не среди судство, обвинителство, полиција, здравство, додека не исчисти корупција, се да биде блокирано.
     
    На SummerGirl и eliesaab им се допаѓа ова.
  16. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.395
    Пол:
    Женски
    Дадов хипотетичка ситуациј. Еве и кога некој ке вреѓал ме пцуел.
    Пример мајка некој да ми опцуе, нема праење со мене муабет. На тоа не ме интересира сум рекла. Друго шо може у црвена линија да влезам е ,,курва”. Последниот пат буквално си реков, ако станеш и се тепаш, ќе има физички последици, ќе треба твоите да плаќаат оштета, греота се за некој мрсул. Само го испцув и јас.
    Мноогу луѓе треба да им се заблагодарат на моите. Многу.
    Ја не трпам глупости, да ми се дере и курчи некој. Не знам као сте ме доживеале ама баш сакам непознат и нека мисли дека сум лоша. Секој шо ме знае у живо, знае дека со мене е само смеење и забава. И да кажам ,,ќе го убијам” ,,ќе го задавам” знаат дека не МИСЛАМ ДА ГО НАПРАВАМ ТОА. Може ми иде да задавам некого, у смисла да ме изгаси, не сум будала да си прљам раце со било кој за било шо. Ама за мене да се одбранам, моите, дечко, другарки. Пцујам, се дерам, некој да ми удри другарка, а се има десено, ако не може да врати ја идам се карам.
    За моите некој нешо да каже, нема да има муабет. Исто утреден, не дај Боже да ми повреди некој дете пр ко Вања. Нема да дое до суд.

    ама дека ќе седам и да зеам да силувам некого, да го вреѓам, да го мавам дали со нешо или со рака?? Никад. Греота е. И баш тоа ми е шо викам страв. Да повредам некој недужен, душата ќе ме изеде и ќе си викам ,,шо ќе ме снајде”
    Зборам за такви ситуации. А за ситуации кога некој ќе почне прв, и ќе дае повод, е друго. И доста ме анализирате мене ПЛС
     
    На SummerGirl, eliesaab, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. ForeverME

    ForeverME Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2024
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    2.263
    Пол:
    Женски
    Ти реков ја да си ќутиш оти ќе има скокање од страна :rofl::whew:
     
    На SummerGirl, eliesaab и Feminka22 им се допаѓа ова.
  18. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.395
    Пол:
    Женски
    Не се добри. Ја може звучам така, ама да праев сѐ шо зборам, сеа од Голи Оток ќе пишував.
     
    На eliesaab и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.260
    Допаѓања:
    67.818
    Пол:
    Женски
    Буквално насекаде имаш зборено дека те тепале. Сто пати, кој те има читано, го има прочитано тоа од тебе.
    Ова со шишево е ужас, како деца може воопшто да стигнат до таква идеја? Се испитува ли нешто, или ништо нигде не се кажува, па само се шират шпекулации?
     
    На awkey му/ѝ се допаѓа ова.
  20. awkey

    awkey Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2021
    Пораки:
    1.559
    Допаѓања:
    3.960
    Пол:
    Женски
    Став треба да имате од сами себе и да работите да бидете подобри луѓе за самоте себе. А морал и етика се ствара со правилно воспитување и стварање на вредности и градење на карактер и идентитет и не нема врска ни со господ ни вера ни ништо.
    Секој човек има внатрешен морален компас (бар треба да има) кој би му помогнал да расуди што е добро а што не е.
    Останати комплекси и трауми од детство се решаваат во други институции. И се надевам дека и овие дечишта што господ знае како дошле до идејава и дали некој знаел и не пријавил или не знаел (пошо се е шпекучација), ќе се насочат во истите тие установи.
     
    На MissChievous, Трагедијаупмм и ArabellaStarfall им се допаѓа ова.