Затоа што тоа се лаги. Насилници, пијаници, коцкари, промискуитети ќе зборуваат за семејни вредности. Кога последен пат имаш видено човек на место? Ама вистина човек на место, работник, чесен, паметен, културен, семеен човек? Пола македонски мажи треба да одат во затвор за тепање на жени, деца, мајки, баби, добар дел да се лечат од алкохолизам и психички болести. Еве еден во Србија со моторна пила ја обезглавил мајката. И ќе му зборуваат за семејни вредности. Па секој ден има во црна хроника, некоја жена пријавила ќотек и закани со нож. Тие дивјаци што не се способни да се гледаат себеси, не па жена и деца, требало да се отселат на некоја планина со мечки, и крај, вака што тероризираат цел комшилук со викање, тепање, нарушување на јавен ред и мир?
Ниски им се казните, сите требало по најмалку 10 години да добијат.. Какви ликови човече, да ги видиш на улица, ќе помислиш нормални луѓе се, а види ги што правеле.. https://skopje1.mk/archives/313293?...-0xLhL6_4dDSkmDUqQ_aem_lmxvIqxtbbkKPVhCukcCuQ
Сите нека ги знаат силувачите, еве ги имињата, ги објавија Највисоката казна е за обвинетиот Димовски кој доби пет години и шест месеци кој беше обвинет дека со закани врз жртвата која имала 15 години, овозможил на другите обвинети да вршат полови дејствија врз неа. 1. Првообвинетиот Стефан Димовски доби казна затвор од пет години и шест месеци. 2. Дејан Спасиќ кој има малолетно дете, судот го осуди на четири години и шест месеци. 3. Димитар Наков кој има 27 години судот го осудува на четири години и шест месеци. 4. Тино Илиевски кој има 24 години судот го осудува на четири години затвор. 5. Савен Неделковски кој има 26 години го осудува судот на четири години. 6. Александар Филиповски кој има 24 години го осудува судот на 1 година и шест месеци. 7. Бојан Филиповски кој има 27 години судот го осудува на една година и шест месеци. 8. Антонио Зогравски кој има 27 години судот го осудува на една година и шест месеци. 9. Трајче Лазов кој има 28 години, судот го осудува на затвор од една година и шест месеци. 10. Ристо Вељанов кој има 22 години, судот го осудува на една година и шест месеци. 11. Кристијан Дончев судот го осудува 1 година и три месеци. 12. Борче Коцев кој има 32 години, судот го осудува на условна казна Знае ли некој што е позадината на настанот? Да не се работи за некое дете сираче, бездомник? Ма само да тепа полицијата бре, тепање треба. Кога ќе видиш полицаец на улица да не смееш да писнеш.
Тогаш зашто нема дело уште едно, злоупотреба на психички нестабилна личност, не знам како беше точно делото, Ритко за тоа дело го осудија.
Нашата чудесна држава. За силување, проституирање, порнографија, најголема казна 5 години, ама за крадење кебапи 3 години Ми се повраќа
Уште кога прочитав дека "предвид се имало за тоа што досега не биле осудувани" јасно ми стана колкави казни ќе добијат. Абе како можи тоа да биде некаков фактор за вакви тешки дела?! Човек да убиеш, оти ти е прв пат, само неколку години ќе лежиш... таа е логиката.
Аман со тоа со ќебапите, типот бил тежок деликвент и разбојник, и сам не знае колку кривични дела има, и колку пати во затвор искача и се враќа, и башка на сите други дела што ги имал го додале и тоа со ќебапите, не бил само за тоа осуден..
Се шпекулира дека педофилите правеле голем кеш на телеграм, супер што добиле и по 4 години затвор. Си купиле помали казни. Класични сељачишта кои брзо доаѓаат до кеш преку сомнителни руски канали, шмркаат евтин кокаин и силуваат. Мала е казнава за 13 педофили кои силувале малолетничка.
Не, само се надоврзав за тој случај дека сите го спомнуваат кога ќе се даде за нешто мала казна, као за ова малку, а за 5 ќебапи многу, а реалноста е дека е испревртено дека за 5 ќебапи добил типот 3 години..
Не можам да се изначудам. Зс тие што се запознаени со случајот. На почеток од годинава полнолетно лице заведил преку инстаграм 14 годишно девојче притоа уценувано со порнографска содржина (наводно ја снимал додека имале однос) ја наведувал на односи со други 12 лица од 20 до 30 години. Денеска им била пресудата. Она што ме вознемири се зборовите на бранителите на обвинетите, како девојчето било рсспуштеница се дрогирало самоволно и исто така имало предизвикано сообраќајка. Дали ова е доволно да некој полнолетен има однос со девојче малолетно? Каде се нејзините родители ? Како е можно ваква изјава ? Или нешто не сфатив како што треба.
Јавно палење на вакви монструми. И онај што денеска убил куче од ќотек. До кога бе вакви психпати ќе ни се шетаат меѓу нас ко никому ништо? Многу сум лута.
Слушав изјави на адвокатите, ако му појдете како клиент на Сашко Дукоски, срам да ви е... Јас вакво гомно од човек прв пат гледам, волку ниско да спадне адвокат... страшно.