Црна хроника

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ицолгудбејбе, 31 март 2017.

  1. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.534
    Допаѓања:
    289.015
    А од децата се бара и очекува дисциплина и одговорност.
    Примеров од професориве .
     
    На Rama, zuto, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  2. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    8.587
    Пред неколку години имаше друга случка со средношколска екскурзија, мислам во Прага, каде исто наши средношколци го потпалиле хотелот каде престојувале. За да ја надоместат штетата во хотелот, агенцијата им го задржала депозитот од децата кој бил оставен токму за вакви случки. Па родителине уште се лутеа, не биле нашите деца, други влегле и запалиле. Оффф леле.! Сите се криви, само нашето никогаш не. Епа тоа ни е. Уште колку ли инциденти се случувале за кои не ни знаеме, зошто не излегле по медиуми.

    Затоа, најубаво за малолетни деца екскурзиите да си бидат еднодневни низ Македонија, а за тие со полни 18 години (матуранти) низ Европа со целосна одговорност од самите нив. Сами да сносат и трошоци и реперкусии ако бидат недостапни, каснат за тргнување, ако се пос..ат во ходник и сл.Таман работа ако сите ние што сме биле незадоволни од хотелското сместување да оставаме по ходници „мини“ како знак на револт! Или да се натегаме со шоферот или водичот да не почекаат уште малку за да се дојадеме. Знаеме дека никој не е должен да не чека, или да не моли по телефон да дојдеме побрзо. Абе има да се нацртаме барем 15 минути порано од договореното време за тргнување.

    Зошто вака ќе злоупотребуваат и едните - (децава: мора да не чекаат, кај смеат да тргнат без нас) и агенцииве (ние тргнуваме во предвидениот термин, професориве нека се потат, нивна одговорност се „распекмезениве“)..
    Затоа, треба да апелираме да се смени наставниот план за повеќедневни екскурзии, да се укинат и да нема љутиш од никого. Нека ги однесат на еден ден на некоја селска ливада, и доста им е!
     
    На Rama, Luna91, JustFun и 7 други им се допаѓа ова.
  3. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.270
    Допаѓања:
    57.129
    Пол:
    Женски
    Најлесно е да се претпостави дека тие што доцнат биле пијани, или спијат, или се неодговорни. Па ај да си заминеме, кој им е крив. А што ако им се случило нешто? Како може да заминуваат без да ги побараат и да се осигураат дека се во ред?
    Како може да има такво правило - чекаме 15 минути и ако не дојдат заминуваме - не ми е јасно. За тинејџери се работи, оставени на нечија одговорност.
     
    На Rama, christinnn, mareane и 10 други им се допаѓа ова.
  4. CaraMia

    CaraMia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2018
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    18.659
    Пол:
    Женски
    Dani им се шетало на професорите а и плус овие биле од проблематичните ученици како воспитна мерка ги оставиле:devil:
    Инаку да пример од професориве на нивоу,ама кога си малолетен и послаба карика ќе трпиш и се виткаш на јача карика,високо самосвесни професори за својата улога и задача во екскурзијава:D
     
    На Rama и danichap им се допаѓа ова.
  5. CaraMia

    CaraMia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2018
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    18.659
    Пол:
    Женски
    Како нема љутиш? Прво професорите очи ќе извадат некому за ваков предлог.
    На ливада нема дневници,нема турнеја низ Европа,нема частења од учениците:!::rofl:
     
    На Rama, christinnn, LiliBoz и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.189
    Допаѓања:
    175.723
    Пол:
    Женски
    Во друг град кога сме оделе се чекало многу повеќе од 15 минути ако некој го нема, а не па во друга држава, каде групата продолжува во следна држава. :!: И јас сум била пред некоја година, абе цел ден покасно Македонија стигнавме зошто се чекавме наоколу. Факт е дека сите каснат, па да тргниме со директорката што беше тогаш на училиштето. Ај неа да ја остаевме, знај да си се врати. :rofl: Така да, оставање на деца, во друга држава зошто не се појавиле, е неприфатливо. Значи се бара по телефони, по соби, во околината. Ако треба и полиција нека викнат. Професорите кои се таму земале одговорност дека тие деца ќе ги вратат дома здрави. Родителите ги оставиле децата на доверба и таа доверба со ова е злоупотребена.
    И ајде пијани биле, па спиеле. И шодека? Порано или покасно сите сме биле на екскурзија. И се пиело и што не се правело. Навистина, нормално е. Сигурно само овие двата не биле мортус пијани, а другите си легнале во 10, совреме, и спиеле 8+ часа зошто утре тргале за Франција.
    Е сега за делот со тоалетот. Прво, приказната не ми е многу доверлива зошто исплива и оваа со оставањето на две деца назад. Ама, доколку е вистина - срамота. :doh: Би рекла, децата се уплашени, револтирани, ама виновниците за тоа што се оставени се веќе заминати, нема смисла да уништуваат хотелот, така да ако го направиле ова, нема оправдување. Патем, секогаш се земаат пари во хотелите кои се вратени доколку настани никаква штета при екскурзии.
    Сепак, мислам дека ќе има уште многу на приказните.
     
    На Rama, christinnn, Someonespecial и 6 други им се допаѓа ова.
  7. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.789
    Допаѓања:
    323.755
    Токму тоа и сакав да го кажам: 133 деца платиле за екскурзија, а не поради двајца ,,диверзанти,, да им се уништува патувањето на 131 дете, 9 професори, шофер и водич:)
    Платиле пари, и ги вратиле назад, колку знам не останале во Италија
    А тоа што нивните ,,деца,, останале на доручек на тенане да си јадат и што 142 останати не ги чекале, самиот родител треба да се запраша зошто е тоа така баш со нивните деца.
    Сигурна сум дека да знаеле какви се децата немало ни во бус да ги качат а не да ги носат низ Европа.

    И ова...се додека во секој настанат проблем вината се фрла на другиот а не се погледнува грешката на своето, ќе постојат лошо воспитани деца.

    Дека туристичките агенции се никакви-СЕ, не е спорно тоа, но исто неспорно е дека само двајца од 133 ученика се однесувале против правилата.

    Но според ова
    произлегуваат и други прашања...како на пример:
    Што родители се тие што пуштија вакви деца на екскурзија?
    Кои се тие родители кои не ги научиле на основни правила на однесување во група?

    Крај краева, еве агенцијата е виновна и професорите се виновни и водичот е виновен...ма и шоферот е виновен..ама постапката со нужда на среде тоалет е знак за нешто сосема друго кое тера да мислиш дека сите кои се ,,првообвинети,, се невини.

    И да...го зезнаа водичот (плус 131 дете+9 професори+шофер) кој не ги причекал да се дојадат раат...му го раскинале договорот за соработка:)
    Фини дечиња за кои вреди да чекаш и цел ден за да се дојадат...:)
     
    На Rama, cresa-jagoda, CaraMia и 4 други им се допаѓа ова.
  8. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.279
    Допаѓања:
    226.782
    Пол:
    Женски
    Абе сите се криви. И тие што не чекале и тие што се влечкале и праеле глупости по соби. Хаос е се.
     
    На Someonespecial, CaraMia, azelea и 2 други им се допаѓа ова.
  9. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Го видовте наводното писмо со кое се прекинува соработката на хотелите со македонски туристи? Ви изгледа веродостојно?
    Оти не ја објавиле и сликата?
    Кога е пратено писмото? Писмо ли е или мејл? Дефинитивно е мејл, а порталите пишуваат дека сопственикот го однел писмото во агенцијата. Сопственикот очигледно им ја однел само сликата а тие ја проголтале јамката. Кој хотел и која група? Само еден хотел и една група има агенцијата?
    Премногу шејди ми е...
    Еве, и да не ја објават сликата, можеле скриншот од мејлот да направат, а не да го сликаат накосо со телефон. Можеле да покажат барем дека има атачмент. Овака личи дека измислиле нешто само колку да заташкаат.
    30715273_10215723315459616_5681606820477534208_n.jpg
     
    Последна измена: 19 април 2018
  10. BabyStyle

    BabyStyle Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2010
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    8.955
    Пу Пу скрај било, имам мало дете машко, незнам утре што човек ќе стане АМА ЈАС ВАКВИ ДЕЛИКВЕНТИ БИ ГИ ИСКЛОЦАЛА ЈАКО. Да ми сер* по хотелски соби, да се иживљава, да крши... не е исправно што ги оставиле ама за момент се ставив во кожа на водичот, онака му дошло све скур*а.
     
    На CaraMia и Mari-Ja им се допаѓа ова.
  11. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.550
    Допаѓања:
    180.879
    Овоа со по**рувањето ми изгледа како вие не оставивте нас ама вие вас вака сеа ке ви направиме
    Од друга страна како родител се ставам на место на тие родители
    Ми се јавува детето и вика Мамо сите заминаа само ние две сме оставени сами у хотелот Ке ги запалам живи и ке ги лежам
    Значи срека шо не им се десило ништо на дечките инаку како ке се појавеле професорите пред родителите
     
  12. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    14.447
    Пол:
    Женски
    Случкава е скандалозна...Ама за професорите,директорката и сопственикот на агенцијата.Значи без разлика,ама без разлика,која и да била причината што децата каснеле,морале да ги почекаат.Не секогаш се стига на време,возрасен си,па ќе закасниш.А за дете е уште полесно.Значи,родители им ги довериле на одговорност,платиле толкава сума,и на крај да ги остават.Едно е без совест,многу сурово,друго трауматично и за родителите и за децата.Замислете ви ѕвонат вашите деца и ви викаат не оставија во Италија (која патем е странска земја,јазик не знаеш-евентуално англиски,ти си малолетен,далеку од дома 1000-ници километри),сигурно дека на нозе ќе дигнете се.Се чудам само како родителите не ја задавиле директорката кога се вратиле назад,и како без ни најмала грижа на совест се заканувала по родители и деца да се молчи.За оставка од морални причини не станува ни збор.Јас бев пред 2 години на таа екскрзија.Уште првиот ден во Лидо ди Јесоло си ја удрив главата.Тој еден час додека чекавме траект за Венеција,класната,докторот,други професори,не се одвоија од мене.Дури и ми предложија некој да остане со мене во автобус,за среќа не беше страшно па кога дојде траектот си продолжив.Истиот ден една соученичка многу лошо падна на глава.Нејзината класна остана со нејзе во болница се додека не дојде татко и.Се пребројувавме и по 3 пати,случајно ако фали некој,нема тргнување.Еден ден закаснивме малку,значи автобусот уредно не чекаше,се извинивме за доцнењето и си продолживме.Ама да оставиш некого? И тоа малолетник во туѓа држава.Па тоа не смее да се случи ни во Македонија,а не пак негде во странство.Потенцијалните опасности што можат да му се случат се огромни.Од завршување во трговија со бело робје,до многу поужасни сценарија.Сопственикот на агенцијата како што прочитав бил со сопругата која била претседател на училишниот одбор и нивното дете кое учело во училиштето.Замислете тоа да каснело,би го оставиле? Или да го снемало? А притоа и до него се,а да се во Македонија? Неодговорност тотална од професорите,директорката,и сите останати кои бесплатно( т.е. учениците во цената плаќаат и за нив) шетаат,па уште и деца оставаат.Без разлика какви биле децата,проблематични или не,не смееш ни да помислиш да ги оставиш.Без разлика каква и грешка да направиле,така не смееш да ги казниш за да шеташ,трауми претрпеле.Ужас и од професори и од директорка,а пред се ужас од возрасни луѓе кои се сметаат за „зрели“.
     
    Последна измена: 19 април 2018
    На Rama, christinnn, zuto и 7 други им се допаѓа ова.
  13. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.534
    Допаѓања:
    289.015
    @DAngel ова ли е сликата?
    Ццц
    Воопшто не е веродостоен извор.

    На децата можеби им треба воспитна казна но не и да бидат ставени во животозагрозувачка позиција.
    А малолетник, сам, во странска држава... и те како се може да се деси.
    Едната постапка, онаа на децата, не ја оправдува онаа на возрасните, оние кои за нив се таму.
     
    На zuto, theowndemon, H.VAGA и 5 други им се допаѓа ова.
  14. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.550
    Допаѓања:
    180.879
    Наместо наставниците да се едни ниво погоре од децата и да ги насочат и учат како треба они се спуштиле на ниво на детето и станале бетер од нив
    Па и директората со нив била шо мајка бара директорката на екскурзијата не ми е јасно
    Инаку тужба си леже тука
     
    На zuto и danichap им се допаѓа ова.
  15. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Едно дете од 133 деца, НАВОДНО, се посрало во едно купатило во конкретна соба и очигледно се знае кое е тоа дете. Така? Дали е тоа едно од тие две деца? Или, дали двете деца произвеле еден ист измет? Или немаш информација? Всушност, кај нас постојат вакви агенции баш затоа што мислат дека се' може да им помине, пак и да одлучат малолетници да остават во странска држава без надзор. Работат професори кои исто мислат дека е океј да остават деца без надзор, а тргнале на екскурзија заради децата. Постојат портали кои мислат е во ред да шират лаги, невистини и дезинофрмации и да прават свои 'логички' изводи во кои, се' има, само логика не...баш заради ова, ваквото 'се знае какви се младите'.
    15 минути требало да почекаат некој кој јаде, и тоа го претставуваш како кривично дело, деликвентско понашање? Ти се молам. Пред неколку години бев единствената која закасни на една тура и фала богу, немаше некој така културен кој логички ќе им објасни што значи каква личност сум јас чим сум задоцнила и дека ако сите патници се на време, мене треба да ме остават :) Фала богу.
    И, сега да заплачеме што ја изгубил шоферот лиценцата? Ама пред тоа, дај ми ја причината заради која ја изгубил. Ама онаа, образложението заради која му е одземена. Сигурно не е дека чекал 15 минути +,нели?
     
    На Rama, An-na, theowndemon и 4 други им се допаѓа ова.
  16. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.391
    Пол:
    Женски
    Кога виделе дека им заминале прво одма под итно требало да се јават кај соучениците или класниот, а не да вршат нужда на сред соба...Со тоа уште од старт се покажува колку се некултурни и дека не се баш нешто потресени.
    Требало да бараат начин да останат присебни и да ги конткатираат останатите.
    Сигурно имале интернет и можеле да ги добијат останатите ученици, ама ете и да немале на крај краева може да отидат на рецепција, да пробаат да се разберат, па останатите да се вратат по нив.

    Секому се дешава да задоцни и да направи грешка, ама ај да се понашаме како животни ако не.
    Уствари не сакам да ги навредувам животните, се извинувам.

    На крај уште душички невини ќе излезат.
    (facepalm)
     
    На cresa-jagoda и CaraMia им се допаѓа ова.
  17. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Ова е сликата. Апсолутно не е веродостоен извор.
    Вика писмено, а очигледно се работи за мејл. Во ред е ако сакале да не откриваат мејл адреси, ама датум на праќање, атачменти, оној дел од меил адресата после мајмунчето што може да покаже дека е пратен мејлот од фирма, а не фалсификуван... Ништо нема.
     
    На danichap и LivingGlam им се допаѓа ова.
  18. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.229
    Допаѓања:
    70.694
    И јас сум била на ваква екскурзија, и можам да кажам само дека причини за доцнење може да има милион...Еве јас, ни пијана ни ништо, од умор утрото не можеа да ме освестат другарките...
    Исто, од сите професори барав дозвола да се видам со стрико ми, професор дојде со мене да се увери со кој одам, кога ме враќаше исто дојдоа да ме пречекаат да видат дали пак со него се враќам, значи од вид не не' испуштаа
    Имаше и пијани кои добија соодветна нега од доктор за побрзо да се освестат...
    Оправдување за оставањето НЕМА, па какви сака нека се децата...Ќе одиш бе, ќе им тропаш во соба, ако треба насилно ќе им влезеш во соба
    Приказната за изметот јас лично не верувам дека е точна, само сака да се избегне одговорноста
     
    На Rama, theowndemon, Someonespecial и 4 други им се допаѓа ова.
  19. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.534
    Допаѓања:
    289.015
    Не се душички невини можеби, ќе бидат санкционирани доколку се утврди дека тоа навистина се случило.
    Прашањето е дали сите возрасни од автобусот ќе бидат санкционирани за тоа они што го сториле.
    Поддржуваш такви мерки за казнување на малолетници?
     
    На zuto, theowndemon, Someonespecial и 7 други им се допаѓа ова.
  20. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Дани, тоа се всушност добро познати мерки на казнување на нашите наставници :) Уште од мое време ги памтам истите, дури и со многу помали деца. Е, тоа е тема богами.
     
    На theowndemon и danichap им се допаѓа ова.