Овие средношколски екскурзии треба одма да се укинат! Прво се трошат огромни суми на пари. Второ постојат размазени и разгалени дечишта што мислат дека сите нив ќе ги чекаат за да спијат и се тегнат како дома да се. Трето некои од тие хотели едвај чекаат да дојдат што помали и понеискусни деца, па да можат да им соберат се што носат со себе. Кај мене во 4-та на екскурзија во Прага, се запали хотелот. Набедија соученици дека се виновни на сите им земаа по 20 евра уште пред да влезат во хотел за некои такви случаеви и никогаш не им ги вратија парите. Вистината беше дека некој од хотелот го потпалил душекот што стоел во ходникот и така изгореа неколку соби. Кога прочитавме од тука дека се случил пожар, одма почнавме да вртиме по телефони да се распрашуваме дали се сите на број. Моментот кога биле сите надвор, се што им останало во собиве се им собрале. Пари, накит, телефони, јакни, патики.. се се се! Прашајте си ги децата што прават кога одат на одмори преку Рапсоди и Балкан фан. Сум била сведок на мнооогу погадни ситуации, токму од невоспитани и арогантни средношколци..Најголемиот дел се фул опремени со екстази, кокаин, марихуана и се што можат да најдат па ги препродаваат таму. Јавна тајна е, само нели не можеш и не смееш да им претресуваш куфери, па се молиш само да не ве фати полиција. Сето тоа доаѓа од дома! Од невоспитување и неводење контрола.
Сеедно чии деца се, деца се и професорите се одговорни за нив. А друга работа е што сите се чудиме и коментираме за невоспитани деца кои ни идат на гости, во игротеки, во градинка, во супњрмаркет, во шопинг центар...итн. При толку невоспитани деца како една мајка не се погоди да членува на фемина и да каже и нејзиното е такво. Нашите си се нај нај Не треба да биде мое или дете на најблизок за веднаш да помислам дека нешто лошо може да му се случи.
https://fokus.mk/ertfoto-italijanit...no-uchenik-izvrshil-nuzhda-na-pod-vo-hotelot/ Повелете по сликовито како што сте тражили
Какви се тие мерки за казнување на малолетници? Нормално дека поддржувам да се преземе нешто и за едните и за другите, ама со сигурност тврдам дека никој нема да биде санкциониран. Гарантирам дека никакви мерки нема да се преземат и случајот до утре ќе биде заборавен. И никој не рече дека професорите се во право што заминале (во никој случај тоа не го одобрувам), ама понашањево бе луѓе го гледате? На што личи тоа што го направиле? Од која пештера излегле? Има 3000000 културни начини да го искажеш револтот, а тие двајца за жал не се 5 годишни деца за така да се понашаат.
Со екскурзииве надвор секоја година чуда се случуваат. Како не научија од грешките и пропустите од порано или повеќе шетањето на туѓа сметка им е послатко ( професорите). Нека одговараат сега за пропустот, нели кога земаш одговорност за некој треба и да си одговорен. Срам да им е, изроди . Пред некоја година пијан професор и слики на фб,сега ова... Има ли крај на ова? За некултурата и невоспитувњето родителите нека си ја чукнат главата и запрашаат каде потфрлиле тие како родители. Основна култура еј.....
Да се надоврзам на темава со случка од мојата екскурзија пред неколку години. Во Прага во диското вечерта бевме сите излезени, едно од децата се предозира со јегер и другиот ден сабајлето беше скоро онесвестен и не слезе за да заминеме за Братислава. Шеќераш бил! Ниту родител известил наставник ниту детето кажа само затоа што агенцијата бараше да нема никој некаква хронична болест што мора да е под надзор постојано, а тој “многу сакал да дојде” и решиле да не кажат никому со надеж дека нема ништо да се случи. Детето знаејќи дека има шеќер вечерта пиеше јегер. Сабајлето им кажа на наставниците и заминаа одма на болница, ако се сеќавам добро 4пати над дозволената граница му бил покачен шеќерот. Ние останатите деца во три автобуси седевме на паркингот од хотелот во автобус повеќе од 10 часа чекајќи ги да се вратат. Парите за Братислава ни пропаднаа, измрзнавме во автобусите и на крај тој се врати во Мк со авион заедно до една наставничка, а ние тргнавме за Мк.
Во случајов ги оставиле сами во странска држава. Таа мерка ја избрале за да ги казнат предходно споменатите малолетници. Никаде не реков дека ја одобрувам евентуалната постапка на децата, напротив за осуда би била. Но ништо подобра не е и реакцијата на тињ што биле одговорни за нив.
Кога бев средношколка, во програмата имавме предвидено да бираме екскурзија во Турција, Грција или Хрватска. Ја избравме Турција. После посетата на стар град со една школска другарка гледајќи ги тезгите кои беа таму не забележавме дека останатите деца од групата заедно со професорите веќе доста се одалечиле од нас. Си помисливме јас и таа дека можеби отишле на местото од каде што дојдовме и каде што се договоривме да се чекаме за 3 часа па сите таму ќе се чекаме и ќе се упатиме кон автобусот. Беше близу, кога стигнавме за наша огромна несреќа никого немаше таму. Ниту професор ниту ученик ниту па некој од нашата група. Ни се доближи еден човек не праша дали сме ние од таа група на ученици дојдени од тој град, турчин... среќа што знаеше добро макекедонски иако не беше течно но успеавме да се разбереме и да дознаеме дека групата се одалечила и е веќе пред поаѓање но ни покажа на мапа каде можат да бидат. Не успеавме добро да го сфатиме па се понуди да не однесе до местото. Беше меч со две острици, и впуштање во непознатото ама немавме друг избор а да ја прифатиме помошта. Стигнавме на време, а тие веќе ќе поаѓаа со автобусот. Настана голема караница за да на крај виновникот - еден од професорите заборавил да не извести за промената на планот. Шоферот нервозен, куче да каснеше од него ќе пцовисаше ни ја префрли вината мене и мојата пријателка дека воопшто не сме биле внимателни и дека доцниме да се вратиме на вечера во хотелот. Следниот ден, бевме во посета на џамија, требаше да се враќаме назад во хотелот, други две другарки исто така задоцнија затоа што имаше голема гужва а не ни беше спомнато за колку период време да се вратиме на местото каде што беа автобусите но знаевме од прилика во колку часот да бидеме сите заедно. Кога се собравме внатре, седнавме секој на своето седиште, сета среќа што се завртев назад (таму седеше другарката која што доцнеше со уште една и ги прашав останатите каде е) почнав да звонам на нејзиниот телефон но ниту на крај памет не се сетив дека не можам да ја добијам бидејќи немаше доволно мрежа. Истиот шофер велеше дека нема повеќе да толерира недисциплина, и го запали автобусот спремен за поаѓање. Сета среќа девојчињата тогаш се вратија а шоферот беше доста дрзок и кон нејзе. Сакам да кажам, никогаш, ама баш никогаш екскурзиите не се испланирани со време и со место и со точна рутина. Секој гледа за себе да се прошета повеќе и не го интересира што прави другиот. Тогаш хотелот во кој што престојувавме (не можам да се сетам кој беше) беше стар една година од кога бил отворен и на денот на поаѓањето назад во Македонија, одговорните на хотелот се жалеле за штета направена во собите. Професорите, заедно со учениците кои биле во тие соби мораа да платат оштета која не била направена од нас учениците.
Водачот си ја изгубил лиценцата поради друга причина.Родители тврдат дека платиле 30е за влезници за посета на некои места,кои за жал не ги посетиле оти водачот спиел,па не можеле да го разбудат.Не знам колку е веродостоен доказ сликава,ама се некако ми се чини дека не е вистина,туку само колку да се префрли вината на децата.Дури и да е вистина,што е страшно и никако не ги оправдува децата,како ги оставиле? Ако ништо друго,цела јавност знае за случката иако директорката се заканувала да се молчи.Ако децата сториле такво нешто нека се преземат педагошки мерки,ама возрасниве...Тие имаат кривична одговорност,родителите треба тужаба,па фино нека си се расправаат.
Јас колку што разбрав пред. А може и ако преспале ученици после тоа. Нели им рекле дека може да преспијат пак во хотелот? Ако имало кака немало да ги пуштат пак во хотелот, тоа сигурно... Сѐ е матно овде...
И кај нас беше истата приказна. Од хотелот фалеле пехари што биле изложени. Иако не ги најдоја кај ниту еден од нас сепак депозитот во вредност од 20е по лице го задржаа. Три автобуси полни бевме.
И јас истиве прашања си ги поставив. А кој ја сликал какава? Леле од кога по другиве теми не сум правела муабет за кака
Дали тоа значи дека Шпанците, Грците, Тајланџаните треба да ги укинат тур групите за британските туристи, затоа што дел од нив се проблематични? Тоа е цената на бизнисот. Треба да си спремен на секакви луѓе. Дека сме некултурна и недисциплинирана нација СМЕ, но тоа не значи дека 133 деца сереле и демолирале по хотелите. Воглавном тоа биле 4-5 поединци како што и секоја генерација има такви ликови.
Па ја сликале за да му ја пратат на тој од агенцијата, демек да види што направила неговата група. На една страна прочитав дека од хотелот во Италија им наплатиле оштета по 20 од човек, дека не можеле да го разбудат водичот па пропуштиле 2 факултативи. Ако имало кака, кога ја виделе штетата нели ја виделе и каката? Се занесовме со филозофирање И озбилно Македонците им се најлоши туристи кои ги имале? Какви чуда се дешаваат по хотелите, се сомневам дека кака е најлошото нешто што го виделе.
Како по обичај тривијалните теми секогаш добиваат поголемо внимание, а поважните како протестите во Ѓорче Петров остануваат маргинализирани. http://netpress.com.mk/zena-bez-dozvola-go-pregazila-deteto-vo-gorce-petrov/
Исти случај како во Вевчани пред некое време. 20 годишна девојка прегазила жена во центар на селото. Немала возачка дозвола и пробале татко и да го направат дека тој возел, тоа не уапеало премногу очевидци имало и ја направиле непресметлива, односно нестабилна за да не одговара за делото. Жената била Скопје на клиника и имала фрактуринан череп и уште неколку повреди. Ама ова со детето дека Скопје повеќе му се обрнува внимание.
Хотелот заради гомно откажува соработка не само со агенцијата туку прочитав и цела нација спомната во писмото? Као сите хотели не сакаат да соработуваат со Македонски туристи? Абе сељачка работа со писмово, на кој му текнало еве не знам. Ќе си дозволи некој вака цела нација да вреѓа заради едно гомно. Не знаат собарките што се повраќаници, мочки и гомна, посебно вакви хотели со какви што соработуваат овие агенции на сметка на децата. Па фрчат писма дека Швеѓаните пример без култура се оти некој се опил и исповратил на сред соба. Мислиш Хилтон се. Па и таму има вакви работи само од поголеми фаци и дискреција имаат.
Замислувам како иде собарката, демонстративно напушта веце, вади нараквици, вика менаџер. Па он иде, влева во веце, се анализира ситуацијата, гомното де, па се слика...препраќа. Филмови. Скандалот се документира и се пишува тоа што се пишува.