Не е битно ама интересно ми е што тука читам многу чест коментар татко му тежок вмро овец а на фб дека шекрека ургирала за дрогата... па не ми е јасно или пробуваат двете да се оградат ? А исто за родителите нели пишав дека би сакала да знам како се чувствуваат по повод настанов и ми се разјасни со тоа шо бришат се... Веќе џабе сите ги разбравме ,само се надевам нема да се заташка се како и со претходните жртви !
И кај нас младите беа мотивирани и искрено се приклучија на шарената. Борбата кај 99÷ беше искрена, но таа борба беше искористена за да тие 1÷ добијат функции и да дојдат на власт за да владејат полошо и од претходните. Затоа сега ќе дуваме и на млако, и тешко да ги мобилизираш кога еднаш ќе ги искористиш. Им се восхитувам на студентите кај соседиве и се надевам во Србија дека ќе биде успешна борбата а не како тука што беше. Таму не е партиски веројатно, затоа што сите го подржаа Вучиќ, и Сорос, Еу и Америка.
Не го отворив видеото. Ве прочитав и цела ситуација ми е пред очи. Секој ден ја минувам таа улица, не се чувствувам безбедно. Дрифтаат, возат над 80, под импулс, алкохол, дрога. Исто сакам да кажам дека е језиво колку иста случка се случува втор пат, речиси идентична, па и временскиот интервал, подобро да не се коментира. Не знам дали е судбина, ама коинциденција мислам не е. Во вакви ситуации не е виновно судството. Виновни се тие кои му издале возачка. Како и џандарите што не го контролираат по излез од поправен. Воопшто не ми е јасно како може некој толку долго да вози под дејство и со таа брзина? Лудница, страшно...
Како не е криво судството па они треба да контролираат се,полиција поднесувала пријави ама судство не судело.И возачка не ни постои во случајов.
Бил "психички паднат". Understandable, have a nice day. Што не шмркнал малку, да се поткрене? Уште очекува да го жалат. Ѓубре.
Сакате да знаете зошто нема да излеземе на низа протести и покренеме реформи? Сакате стварно да знаете? Бидејќи сме во ебана колективна депресија, ете затоа. Затоа што премногу ни се случи низ годините, и немаме веќе сила веќе да се бориме. Зошто боли секој ден утрото, траорен е денот, а уште пострашна ноќта. Ете затоа. Бидејќи на колена сме, пресечени, докосурени. Ништо убаво не ни се случи. Ама баш ништо. Ниту една власт не се потруди да не направи бар малку посреќни. Да не натера да останеме, имаме надеж. Заради проклетите сталежи - од најбогати до најсиромашни, без средна класа. Ете, затоа не сакаме да излеземе на протест, зошто џабе ќе биде. Нема ништо да се смени и Фросина три ќе се повтори. Жал ми е ако звучам депресивно, но ако малку подлабоко се размисли, тоа е реалноста. Се одјавувам од темата.
Бог да ја прости пред се, но јас би се осврнал на еден друг момент, како не им е страм на пресс24, лидер и уште 2-3 други портали, страници, со клик-бејт наслов, ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО, убиецот седи и плачи покрај мртвото тело на Фросина, отвараш, ни видео ни бутур. Не ви е страм бе со нечија несреќа да дигате гледаност, да шернувате на фб? Немам коментар……
Така е кога родителите од мали им овозможуваат сѐ на своите деца на главата им сѐ качуваат. Дури ни полицијата ни судиите ништо не им можат. Страшно грозоморно дело. Бог да ја прости девојчето...
Шеќеринска е гнида од жена, еднаш си чекав на Рузвелтова да поминам улица, и ми се смени зелено, а она требаше да врти десно, и сега и неа и беше зелено за десно ама се знае дека мора да поминат прво пешаците.. И она мене ми свиреше, убаво ја видов дека е Шекеринска, со сиво ауди, кокошка, арно и направија кога ја скубеа..
Сега синчето ќе му е јака фаца у затвор. *Знам дека ќе добие помала казна ама се надевам дека ќе му ги земат предвид и претходните злодела и дека ќе одлежи барем 10тина години.
А бе не дека бранам некој ама ако не била Шеќеринска ќе бил друг. Тате и мама сакале детето да го пеглаат од глупостите. Ич не ги жалам .. ич.
Жалното е што навистина ќе биде јака фаца во затвор. Ќе си го доразвие бизнисот со наркотиците таму. Тате ќе среди никој да не го чепка. Ќе си биде пабло Ескобар и таму. Слободни викенди за излегување секако. На пола казна ќе му дадат намалување бидејќи нели млад, надежен и така...
Копилево го знам од Димо, никој не го сакаше, пробиваше да ги "купи" другарите. Поголемите генерации го млатеа од тепање дека се правеше паметен секој пат и никогаш не си ја научи лекцијата. Не ме изненадува да дилал колку да почувствува моќ ¯\_(ツ)_/¯
Ама ете она била, и зошто дозволила, мајката и таткото го пеглале од глупости зошто некој им дозволил. Зошто некој над нив не ставил точка, тие над нив па ги пеглале мама и тато за покривање на глупостите на синчето, и така во круг до недоглед
Па, не може да се изземе од одговорност Шеќерка со муабетот: ако не била она, ќе бил некој друг. Крива е, како црн ѓавол. Само, не верувам дека ќе ја стаса правдата, нели, заштитена мечка е она?