Не сум пушач, поим немам. Мене на телефон ми личи, ама како и да е, и да нема сега телефон, понатаму ќе му набават..
Кога бев 8мо кај парк ни го згазија другарот пред очи, исто така типот што возеше 18годишен без возачка... На пешачки! Детето сега веќе маж ми беше и комшија. Јас се јавив дома кај мајка ми од говорница, да иде да им каже дома на родителите што се случило, зошто полицијата не можеше да ги добие на телефон. Им кажав, јас ќе и кажам сега на мајка ми, она ќе оди, им кажав и нив адреса. Никој друг не беше способен да даде изјава. Родителите отидоа одма во болница, а мајка ми дојде во парк по мене. Патиките седеа кај мене дома, мајка ми ги собра од улица. Ги гледав секој ден и ми се враќаше сликата и сите врисоци. Мајка ми, иначе има закопано 11 годишно дете, мојот постар брат. Толку.
Тоа сакав да кажам. Затоа и прашав како полагале . Пред пешачки се подзастанува, се вози полека. Прво и основно правило на кое учат инструктори.
На братми , му излезе дедо од нигде никаде пред кола. На сред центар. Не беше на пешачки. Брат ми среќа излагаше од кај шо беше паркиран па не го удри многу не му беше ништо. Погодете ?! Брат ми пак беше виновен. Пешак е . И да не е на пешачки , одговараш.
Еве кај мене беше обратно.Ме удри жена на пешачки, на семафорите кај паркот на езерата во Аеродром.Беше зелено на семафори, на сред пешачки се упали црвено, сите коли стоеја во место, само таа беше залетана.Не знам која сила ми ја даде Господ, да бидам толку свесна по ударот.Се сеќавам на се, и тоа дека застана, излезе од кола заедно со друг човек.Веднаш му се јавив на маж ми кој ме однесе во Градска.Бев во процес на инвитро и не дозволив да ме снимаат.Да не навлегувам многу во детали, поентата му беше дека на крај јас бев крива.Во записникот од МВР стоеше дека јас сум била виновна зашто сум поминала на црвено, а како сведок беше наведен човекот што беше во кола со неа, за кој изрично стоеше дека е случаен минувач кој видел се додека стоел пред пешачки (изјава што ја дал додека јас бев во болница).Поднесов и приговор, ама ми го отфрлија.Ете тоа е нашата држава.Ќе те удрат, на пешачки, и ти ќе бидеш крив.Не ја знам жената, ама Бог нека и суди, кога оваа држава не.
Тоа што си присебна во таков исклучително тежок момент е навистина убава карактеристика, ама јас може да се онесвестам таму. Иако поминала случката, иако нема крв, од само тоа што ќе ме потсетува може да направам некому поголем стрес. Ако некој може да појде, нека појде. Притисок во јавноста се врши и со тоа што ќе се пишува и на социјални мрежи.
Да баш така... Еднаш во живот така нагло закочив на залетан човек и од тогаш на штрек како гледам пешачки... далеку беше човеков од мене, ама па се истресов летна и лаптоп од седиште и ташна... а возев дури 30. Дури мислам и премногу пазам, зошто кога се возам со сестра ми и маж ми стискам со нога во празно за да кочам..
Мене еден така ќе ме собереше на раскрсница зашто бев сред улица кога ми се упали црвеното и братот врти десно и од прозор ми се дере Кај минеш ма на црвено. И јас ќе бев наводно крива оти минам на црвено демек.
Добро бе, вие слепи ли сте шо не знаете телефон како изгледа од далеку? Тоа е телефон шо го држи во раката. Ама ништо чудно, скоро сите имаат телефони таму, посебно оние со подлабоки џебови и врски.
Не сум, тие работи оставаат последици, трајни и ужасни. Но, имам дете. Не ме сфаќај лично и погрешно. 100 луѓе можеби не можат, но 100 можат. А сите носиме тежина со себе, што само ние си ја знаеме. Јас слика од брат ми не можев да видам, немаше дома до мои 18 години. Ама сфатив друго, ако ти е тешко, зборувај, не се стискај, извади го од себе... Кажи колку си лута и гневна, макар и да знаеш дека нема ништо да се промени. И нема, да ти биде полесно нема. Ама барем знаеш, го направив тоа за себе, се потрудив да си олеснам. И да го вратиме девојчето нема. Ама тие што можеме, зошто да не направиме тоа што можеме? Во наша моќ е да се потрудиме. Се надевам сфаќаш што сакам да кажам.
Јас мислам дека друга и е поентата на членката. Еве и мене ме фаќаат страшни панични напади и ми се слошува меѓу толку народ, затоа избегнувам, ама не може на цел народ истото да му се случува за да не излезе на протест. Кога можат на митинзи и политички протести да се собираат како овци можат и за ова, ама не сакаат.
Тој е. За жал, само тој се осмелува да постира, без влакно на јазикот. https://4news.mk/foto-ubietsot-na-f...foSUxx1vB8CzjDnBAQ_aem_x11mh_VCSW3plyfw0z7HIQ Табакерата му ја зеле. И вие понекои, браните нешто што не се брани. Срамота
Колку треба да си нечовечен за лабаво да нагазиш 130 на улица каде што поминуваат луѓе без гајле дека некого ќе повредиш/усмртиш. Уште се дере Што направив, каде му беше совеста пет минути претходно кога летал по булевар како да е негов. Тоа видео може да биде само пример за сите "помлади полнолетници"- лудачко возење само со едно може да резултира- смрт. И после тоа нема каење и дерење, после веќе се е касно.