Таткото на Фросина: Ја удира на пешачки и татко му доаѓа, веројатно започна операцијата па три часа чекавме дежурен обвинител! Илјадници граѓани денеска учествуваа на протест во Скопје за Фросина Кулакова и сите жртви на сообраќајни несреќи. Тие побараа „правда за Фросина“, „оставка“ и „затвор за Васил“. Протестот започна на местото каде што Фросина беше прегазена, а учесниците оддадоа почит со триминутно молчење. Таткото на Фросина, Тодор Кулаков, истакна дека без притисокот на јавноста случајот веќе би бил затворен и во фиока. „Затоа откако овој криминалец, нарко-гангот негов ја удира со 160 км на час ќерка ми, на пешачки семафор, татко му доаѓа, и веднаш веројатно почнува операција па три саати чекаме дежурен обвинител во строг центар знаејќи дека нема друг случај, знаејќи дека тој обвинител е платен за тоа. Зошто? Зошто и дали нешто се договарало? Да се прашаме зошто утредента во 22:30 часот вечерта сменет е предметниот судија на истражната постапка, зошто? Исто така горам од желба да го научам неговото име и презиме, да ми каже мене што направил тој ден, зошто го смениле?. Да се прашаме дали нешто е договорено за причината за неговата смена, затоа не е ни 2% поддршка на судството и затоа е оваа борба, за правда за Фросина“, порача таткото.
Не знам само со што и како ќе го брани адвокатот. Вози без возачка, Поминува на црвено, Вози 130, Вози после 23 часот, нешто што се заборава, казниво е првите години после 23 часот ако имаш тазе возачка. Ама па тој не ни имал. Вози пијан. Убива девојка на лице место. Буквално за се можат да го тужат. Мислам дека е време некој да се позанимава со казните и висината на истите. Доста се газат луѓе како мравки и врз база на неженет, млад, влијателен, без деца се ослободуваат од додржување на затворската казна или поминуваат со условно. Оној дибекот што го згази детето кај католичка, жими таквото не може да го најдат. Издади потерница бре. Си отиде и тоа кутро дете. Абе на сон секој ден да му искача несреќата. У лудница да се лечи, морон. Да имал душа, немал да бега. Биди маж дебилу, како кога тестостеронот на најако те пукал кога си го дигал џипот на најјако. Малокурец неиживеан. Страшно сум напиздена и ми е жал што не можам да присуствувам на протестите за да дадам поддршка.
Со ништо. Бадијала ке трошат пари на адвокати. Мислам да се прочешла подлабоко, и таткото на дебилот ке се најди крив. Кој како му ги дал клучевите од кола? Дали татково свесно па можда и го охрабрувал синот вози сине цело скопје е наше, без гајле тате е зад тебе….
Ехее ќе најдат. Ќе биде ама знаете не е женет, млад е, или нешто психолошка состојба ќе му анализираат дека се каел, дека бил потресен. Можда ќе биде и дека џигерот лошо му процесирал алкохол па он уствари не знаел дека ќе бидат 0.80 промили кога ќе вози, мислел ќе се отрезни до тогаш. Па и темно било, не ја видел Фросина. И слични други шо не ни знаеш дека може да му текнат.
Како мислиш кој му ги дал клучевите од кола? Колата била "негова" (поклон за роденден од неговите) така да секако дека знаел татко му дека син му вози кола без возачка.
Имаше слика што правел два часа претходно. Пиел. Имал споделено стори со пијалок во рака, вино мислам беше.
Ако тате средил документ дека е психички нестабилен, ќе го пратат на ,,лечење” , од таму после извесен период ќе го пуштат и ќе си има документ за секоја беља што ќе ја направи. Има еден таков низ населба кај нас, полиција вика има документ. Ќе видиме што ќе бидне, ако биде медиумски покриено. Оние што го утепаа Тот. Чекаат време да помине уште малце и законот вика дека ако некој ги вработи, од сабајле ќе идат во таа и таа фирма на раб, после се враќаат во ќелија. За тоа време ехеее
Тоа е се така убаво теоретски. Но, во пракса твојот инает и јас бев во право може само живот да те чини. Вреди ли? Јас секогаш гледам дали ќе застанат сите, дури и ако еден застане и чекам да видам некој да не се престрои да не ме качи на хауба. Јас нема да го учам детето, мајка зелено е за тебе, во право си, помини. Не, не и не. Се отвараат двете очи и се размислува трезвено и реално. Додека сите не застанат, нема проаѓање. Нема што да се докажувам кој е во право, кој не е, ако ме смести три метра под земја. Мислам ова е и за тебе совет.
Член од фамилија имаше лесна сообраќајка така што на семафор стоел втор во колона. Зад него удира еден што не успеал да закочи, а овој во тој пред него, во колата прва во колона. Ако имаше пешак пред него, еве не знам како пешакот би запазил кога првиот ред коли веќе застанале. Помина само со материјална штета И јас гледам ама не чекам на тротоар да се запали црвено и после пак да го јадам оти на црвено идам.
Ќе ме собереше тип со тротинет со жена му на точак. Пред влез, пред зграда каде што е пешачка зона со куп дуќани. Не, не на улица, не на велосипедска, не на два чекори од велосипедска. Мотори исто така возат на тротоар, покрај влез од зграда, полицијата стои и буквално не реагира. На партизанска буквално полицијата не прави ништо, туку само им свирка на оние со 4 трепкачи што застанале кај зегин или пласет или кај пазар. Така да, да и јас чекам сите да застанат. И пак гледам да не иде некој улетан па да ги собере и овие застанатите и мене. Дали треба до толку да се плашиме, секако дека не. Но ете се плашиме и ептен сме претпазливи. Верувам секој еден од нас има еден куп случки да раскаже за нашиот сообраќај, на сите улици низ нашата држава. Искрено се надевам дека ќе има правдина конечно.
Никој не одговара за убиство. Кај живееме. И оној љубовникот на Боки 13 како се викаше... И тој уби човек па не лежеше. Сеа брзо беше ... Е тоа му дало сила и на овој да убие.
Не е истакнатово доволна причина за притвор? Пак ке речам, свесно, свесно давање на кола на лице без возачка. Така од сабајле со комшии се расправам, абе несреќен случај е. Не, несреќен ке е ај имаше магла, па не ја виде, па возеше со 50, па лошо падна девојката па загина. Сите причини до една во случајов викаат убиство со умисла.
Маж ми го чукнаа така. Он застанал со кола на пешачки, зад него детиште некое со телефон во рака не гледа, и го удира во браник. Среќа што било во rush hour, колона коли, и возеле и двајцата многу бавно. Малку треба.
Најлудо што сум видела е кола на трим патека. Значи патека широка за тројца макс да идат еден до друг. Таму трчам еднаш и слушам звук зад мене и очекувам точак, се вртам и гледам јебана кола на цела ширина од патеката. Се потргнав во тревата, братот си продужи напред и после сврте кај еден паркинг онака лабаво.
Секакви ситуации има. Јас не ја обвинувам Фросина. Мене ми се има случено, сред улица, рутински да поминам, а да се свестам касно кај тргнав. Среќа сум имала. Сигурно и таа. Или мислела ќе закочи или несвесно поминала гледајќи зелено. Но, факт е дека колку толку мораш прво себе да се заштитиш. Ова е поука за сите млади, иако лоша приказна зад истата. Ако си зад волан, да се однесуваш одговорно, да не пиеш, да не се курчиш и да мислиш со две клетки во мозокот. Ако си пешак, да гледаш на секаде, додека не застанат сите, стоиш, макар и три црвени светла едно по друго да се запалат. Нема фајде од исплаќање на оштети за повреди, нема фајде од тоа што ќе си мртов.