Не да се вработија......... Спојлер најголемите глупаци Извинете вака, ама чиста вистина е ова. 80% од тие што ги знам што влегоа беа... без коментар. Имаше еден на сите колешки од факс им праќаше порно видеа и покани за секс. И тој сега полицаец ќе биде... И знаете што прават сега на должност, се шетаат низ населба, дремат по школи, бензински и кафичи. А мене страв ми е да поминам низ населба, да не случајно некој ме следи кола и ми отвара врати и коментира. Уффф, темава многу лично ме погоди, цел живот бегам од вакви манијаци и се шетам со клучеви во рака.
Иначе, на девојката обвинителка ѝ рекла дека тоа не е обид за силување, туку само недолично однесување во јавност (има во коментари на статусот). Значи манијаците и воајеризмот, како што тресат глупости игнорантни луѓе по нет, така навистина и полицијата не ги смета за криминал и за нивна работа. Во каква држава живееме...
Кога ќе прочитам провокација на вакви теми ми се темни. Жртвата никогаш не е виновна луѓе, не знам дали ова треба да се нацрта за да се сфати.
И јас пред некој ден бев да пријавам обид за напад. Цела фамилија со се две мали деца ми беше во опасност. Штом нема последица, не можеш ни да пријавиш. Во оваа држава превенција не важи. Го снимав апла типот со телефон како се заканува и плус неговата кола со регистарски таблици, има и целосни снимки оти целата случка беше точно пред камери. Џабе. Треба катастрофа да се случи за МОЖЕБИ да изреагираат.
Може некој ќе те испровоцира толку многу што сакаш да го убиеш, дали е оправдано ако го убиеш? Ова со провоцирањето за силување и сама си го барала е ист муабет. Ако сакам јас и гола ќе шетам, телото е мое и само мое и без дозвола никој не смее ниту со прст да ме допре. Жртвите на силување не си го бараат тоа со провоцирање, најдебилен коментар што може да го кажеш за жртва на силување. Не смее само со опомена да помине, толку е неправедно, може ќе те претепа, ќе те изматретира, па макар и само психички, ама ако не ти го бутнал насилно не се важи...каде живееме.
МВР постои само како форма кај нас, та и обвинителство и судство. Да не набројувам случаи каде полицијата на жртви им советува да не пријавуваат, затоа што 'многу било мачно да се влечкаш по судови и тешко се докажувало'. Буквално сме во ситуација да се молиме на Бога да не ни се случи нешто. Толку од правдата во Мк. Спојлер па после зошто за името не сум се грижела. Името на што?
Ах, @Mamli, колку девојки би сакале најлошото искуство со спротивниот пол да им биде свирење со кола. Многу кажува за тебе тоа што на тема каде се зборува за силување и доживотна траума, ти чувствуваш потреба да се исмејуваш.
Жалосно е каква порака ова пренесува на мажите. Нема закон, па што, нормално е? Дозволено е? Сакаш да раздрапаш некоја, само не и го ставај и се е во ред? Не ве плаши тоа? И мажите имаат мајки, сестри, ќерки... Треба да се стави прст на глава. Еве го ова што го постирав во силување. Треба пак да се препрочита за да се разграничат некои работи.
Еве да ве прашам вас девојките. Дневна шема. Парк. Вие шетате, седите, пиете сок, јадете или било што сеедно, а од друга страна седи маж и имате претчуство дека ве гледа повремено. Дали е тоа манијачење?
Ама споредби почнаа да се прават со одредени примери. Свирење од страна на поднапиени девојки и обиди за силување. Тоа ти е исто како да споредуваш коњ и зебра. При обид за силување личноста претрпува страв и стрес како некој на кој му е загрозен животот. Јас мислам дека личностите кои се обидуваат да силуваат некого имаат сериозни психички проблеми или пак доаѓаат од семејства каде што тие или нивни блиски биле жртви на семејно насилство . За сите тие проблеми е виновен системот. Кога не можат некои банални проблеми во општеството да се решат, тешко дека може да се надеваме дека системот ќе успее да се справи со ваквите проблеми. Видов на социјалните мрежи дека предупредуваат за некој манијак кој веќе вознемирил девојка односно имало обид за силување, но не знам дали се однесува на истиот овој случај или станува збор за друг случај.
Што се обидуваш да ги минимизираш работите? Дали тука станува збор за гледање или обид за силување? Немој да се обидуваш да наметнуваш вина кај жените дека преувеличуваат. Прочитај го она погоре што го постирав, да ти се разјаснат некои работи, гледам нешто збунет си.
Не ги минимализирам работите. Прашувам. Ти шеташ во кратко убаво фустанче и седнуваш покрај мене и јас те гледам повремено. Дали ти тоа го доживуваш како манијачење?
Значи да разграничиме @Mamli да манијачење е, не можеш да контролираш некој каде ќе гледа, освен ако не му речеш директно не ме гледај, тука не се работи за манијачење или гледање или не знам што...може јас сакам да ме гледаат, може сум се облекла или соблекла така да ме гледаат, дали тоа по автоматизам значи дека сакам да ме силуваат? Секој некогаш погледнува некого, и јас погледнувам, не напаѓам, не дофрлувам, не фаќам рандом па и не рандом луѓе за газ, гради или било кој друг дел од телото оти се облечени во краток фустан, па и голи да се нема да ги допрам. Не мешај баби и жаби и не прави дека ние претеруваме.
Не реков дека сакаш да те силуваат. Повторувам по стоти пат. Прашувам значи како Вие реагирате и го доживувате тоа? Дали за вас е некој манијак ако ѕвери во вас, а ништо не прави со што вие би се чувствувале загрозени?
Колку време се 'ѕвери'? Дали ќе почне да намигнува или да оближува усни? Дали кога ќе станам ќе тргне по мене? Дали дофрлува додека 'се ѕвери'?
Нема врска тоа јас како го доживувам. Не станува збор за тоа и убаво би било да престанеш да ја спинуваш темава. Станува збор за тоа што ако тој манијак што се ѕверел само реши да направи нешто повеќе од тоа јас не сум заштитена. Зашто ќе ми речат те испофаќал, не те силувал, нема напад тука. Не станува збор за гледање, туку за сексуален напад кој нема кај да го пријавиш. Сестра ти да ти дојде и да ти рече дека ја нападнал некој ти сам ќе сакаш да го најдеш манијакот, а вака лесно е да се зборува како ние жените претеруваме.