Црна хроника

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ицолгудбејбе, 31 март 2017.

  1. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.030
    Допаѓања:
    17.187
    Пол:
    Женски
    Сите што без никаков срам се дрзнуваат да коментираат нешто за семејството на Фросина се истите па и бетер олоши од убијциве на девојчето. Како си се погледнувате во огледало не знам колку клета душа треба да имаш само да помислиш такво нешто, а не па и јавно да се препираш. И после се чудиме какви се не дегени шетаат помеѓу нас.
     
    На elenaa0805, Mumoftwo30, butterfly6223 и 15 други им се допаѓа ова.
  2. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.638
    Допаѓања:
    17.638
    Пол:
    Женски
    Самите родители се свесни дека ако ги нема во јавност,се ќе се заборави.Да не заборавиме дека секогаш кога јавноста е бучна и заинтересирана почнуваат да работат.Еве да не беше јавноста Пале од Велес ќе скапеше во затвор.Него ние имаме друг проблем,откако ќе помине се никој не прати што се случува со обвинетите.На протест масовен одма кога ќе слушнеш пресуда од две години условна за убиство.Вака се џабе.
     
    На elenaa0805, sunshinebabe, SummerGirl и 8 други им се допаѓа ова.
  3. Bebce1

    Bebce1 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2020
    Пораки:
    1.523
    Допаѓања:
    6.482
    Пол:
    Женски
    Да ама мислам треба да помине барем некое време,еве народот се крена,нема да се заборави.
     
    На eliesaab и eli25 им се допаѓа ова.
  4. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.788
    Допаѓања:
    98.989
    Каква душа имам, не си ти таа што треба да каже, оЌе?!

    Еве, заврши судењето за масовното убиство во Србија од страна на К.К.
    Родителите на убиените деца одеа на интервјуа, во дебатни емисии и сл, успеав да проследам некои од нив, ама никако не се сеќавам некој да и се заблагодари на некоја партија или премиер.
    Се дискутираше стриктно за настанот и како се одвива судењето. Кога заврши истото, таткото на Анѓелина се заблагодари на ОРГАНИТЕ за тоа што успеале за прилично брзо време да го заокружат судскиот процес, со што истите тие родители не би морале повеќе да го трпат присуството на убиецот и неговите родители по судниците.

    За мене ова е фер и коректно. Останатото не.
     
    На Biljarkata, BlackNight, sunshinebabe и 8 други им се допаѓа ова.
  5. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.638
    Допаѓања:
    17.638
    Пол:
    Женски
    А што треба да чекаат да изнесат 40 дена или 6 месеци?Нивната тага нема да се намали,они ќе поминуваат сега низ куп фази.И тага и реалност и бес.
     
    На Mumoftwo30, SummerGirl, ArabellaStarfall и 5 други им се допаѓа ова.
  6. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.464
    Допаѓања:
    12.263
    Пол:
    Женски
    Ако не излезе на телевизија, ако не боди очи во јавноста случајов ќе се заташка како многу други. Сигурно на таткото не му е дојдено сега да е на телевизија, или на протест, но знае дека на тој начин може да притисне, инаку Васо ќе си поминеше нечујно, и ќе беше само во црниот билтен со иницијали. Вака треба да се постапува, али сега се фаќате за небитни работи, најмалку важно е дали се заблагодарил на Пандов или некој друг. Сега е важно да има правда, за во иднина да не се случуваат вакви работи. Затоа што да ни функционираше системот скотчето немаше да биди на улица, немаше да вози без возачка...
     
    На elenaa0805, Mumoftwo30, butterfly6223 и 20 други им се допаѓа ова.
  7. Bebce1

    Bebce1 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2020
    Пораки:
    1.523
    Допаѓања:
    6.482
    Пол:
    Женски
    Браво за народот што се крена на нозе.
    Браво сшлотени како никогаш досега о вроди со плод ,се разреши судијката.
    Ви симнувам капа на толкав број што бевте на протестите,браво за младите во првите борбеми редови!!

    Вака треба за се и сешто да се крене на нозе,па малку да се среди ситуацијата во државата
    Мора да се покаже незадоволството кај народот и неправдата!!
     
    На elenaa0805, Mumoftwo30, sunshinebabe и 9 други им се допаѓа ова.
  8. Dominodancing

    Dominodancing Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2024
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Машки
    Мора ригорозни закони без милост за такви тешки случаи, за да послужат за пример на другите. А не како тој судијата Наке Георгиев кога го фатија како зема мито, прво се правдаше наместен бил за по некој ден да го признае делото. Чекај бе ало дечко, ти треба правда да делиш а не прв да правиш ујдурмаи, каква спогодба бре? Абе затвор доживотен во Алкатраз!
     
  9. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.953
    Допаѓања:
    36.972
    Пол:
    Женски
    Сва среќа, па не се водиме сите според тоа што ТЕБЕ ти е коректно |(


    Мислам!!!!! Аманте бре, АМАНТЕ!!!! Осет малку!!!
    Пу, јазк!!!!!

    Ако излегуваат по медиуми, зошто излегуваат, ако не излегуваат, зошто не излегуваат? Крајот не ви се наоѓа!!!
    Па, богати биле, вакви биле |( :x срам ми е со кого дишам воздух :tmi:

    Алал да им е на семејството, што при олкава болка (ни на душман не му ја посакувам) имаат сила да излезат и да се борат за правдина. Ова не го може секој. Благодарностите насочени кон органиве на власта се еден вид притисок до нив, пошо другата страна има врски и во двете партии, па таткото со поддршка од јавноста прави притисок. Алал да му е!!!!
     
    На Oneo, elenaa0805, Mumoftwo30 и 29 други им се допаѓа ова.
  10. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    3.123
    Допаѓања:
    9.434
    Пол:
    Женски
    Сега не само родителите да се дознае и преку кого му бришеле прекршоци и тие да одговараат.
    Постапката е проширена и за родителите на обвинетиот што ја прегази Фросина

     
    На Mumoftwo30 и SummerGirl им се допаѓа ова.
  11. wendy2

    wendy2 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    789
    Допаѓања:
    11.898
    Тодор Кулаков - човек карпа. Колку е кроток, начитан, борбен.
    Мене душава ми гори од бес.
    Добро е што смогна сила да излезе да раскаже што било како било.
    Добро е што цела Македонија слушна дека се спремаат да го преместат во некоја установа, се надевам ќе се најде некој чесен судија во одборот да не го дозволи ова.
    Треба протести во работен ден, пред судовите.
    Плакати.
    Родителите на убиецот да се бојкотираат, да им се суди и на нив, да не се дозволи да продолжат нормално да функционираат.
     
    На elenaa0805, Mumoftwo30, butterfly6223 и 21 други им се допаѓа ова.
  12. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.030
    Допаѓања:
    17.187
    Пол:
    Женски
    Јас ништо не кажувам за никого, секој сам за себе си кажува многу нешта.
     
    На Mumoftwo30 и Antebellum им се допаѓа ова.
  13. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.191
    Допаѓања:
    124.690
    Не помина ни една недела. Незнам дали сте изгубиле и недај боже да изгубите близок, болката е неопислива. Тој што доживеал само знае што пишувам. Значи едноставно не живееш . не јадеш, не пиеш, одиш на инфузии , одиш на психијатри , неможеш да прифатиш.
    Не си свесен каде си ни на небо ни на земја… не знаеш како се викаш, а не па да отвориш ФБ, да постираш линкови , да излезеш на телевизија уште на денот на погребот, да се заблагодаруваш на Пандов , да збориш на вести, јас еве како некој што изгубил некој најблизок навистина неможам да разберам. Јас не велам дека не го боли, но се трудам да разберам од каде и тронка сила кога јас тогаш буквално не живеев….
    или е доволно силен и свесен дека само вала ќе се крене народот , но пак не сфаќам

    Нема врска…. Немаше да остане туку така. сите сме гневни и најстрашно е што пак по старо се вози по улициве. Стави полицаец на секој пешачки можеби на неписмениве нешто во глава ќе им влезе…. 130 да леташ без возачка , како ? Зар не можела да го види дека лета , тоа си велам да застанела да видела дека иде ненормален да се тргне :(

    Златна душа ;(
     
    На ideniki1 и eliesaab им се допаѓа ова.
  14. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.638
    Допаѓања:
    17.638
    Пол:
    Женски
    Мислиш дека ние повеќе ја жалиме Фросина од фамилијата?
     
    На Estranged, Mumoftwo30, sunshinebabe и 6 други им се допаѓа ова.
  15. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    1.195
    Допаѓања:
    2.942
    Пол:
    Женски
    И треба да се појавува во јавноста кога родителите на монструмов се обидуваат да го извадат од Шутка. А ова повеќе е "благодарност", се фаќате за обвивката не за суштината, човекот е паметен и врши притисок и им дава до знаење дека следи што прават. Со тоа што најави нови протести покажа дека нема улижување по партии. Можам само са им заблагодарам што во ваков момент дигнаа глас и покрај болката низ која поминуваат даваат изјави и не се повлекуваат. Тоа е борба и за безбедност за сите нас.
    За оние што не гледале еве дел од тоа што кажа таткото на Фросина: Како последно сознание кое стигна до нас е дека сакаат таквиот монструм да го претстават како да шекнал од болка, а тоа е само заради фактот што им ги земаат телефоните, не можат да комуницираат и сега не им одговара да се во Шутка и бараат некоја друга институција каде да го однесат, дали лудница каде што е помала контролата, така да комуницира, така да го бранат, рече Кулаков.
    Родителите на Васо да горат во пеколот да даде Господ.
     
    На Mumoftwo30, butterfly6223, ideniki1 и 17 други им се допаѓа ова.
  16. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.588
    Допаѓања:
    62.993
    Пол:
    Женски
    Секое влакно на кожава ми се накостреши од тоа кога раскажуваше како татко му на смрдлото дошол на местото на несреќата и се шуњал таму без да се открие кој е, за да види што се случува, евентуално да напраи некоја пиздарија.

    Кога сум мислела дека сум видела се, крадење, лажење, убиства, мито, корупција, врски, киднапирања на 14 годишни девојчиња, крадење лекови од луѓе кои умираат од рак, се појавува некој нов пробисвет, некоја нова пропалица и успева да ме шокира.

    Отишол и дремел пред татко кој си го изгубил чедото и чекал таму да види докази, не се кажал кој е, којзнае што и пробувал да напраи. Во очи го гледал човекот чија ќерка била убиена од синчето негово и не се кажал кој е. Нит сочувство не изразил.

    Абе црна земја да нема кај да ги закопаат, ми се повраќа коа ќе им ги видам тоа суратите одвратни.
     
    На Oneo, elenaa0805, Ingvild и 30 други им се допаѓа ова.
  17. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.191
    Допаѓања:
    124.690
    Не мислам .
     
    На eliesaab и simona_baby им се допаѓа ова.
  18. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.251
    Допаѓања:
    124.613
    Пол:
    Женски
    Арно не му кажале додека бил таму кој бил.. можело да биде гадно.. во таа болка..
    Страшно. Лешинар.
     
    На Knizhevnik11, SummerGirl и fbaby им се допаѓа ова.
  19. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.638
    Допаѓања:
    17.638
    Пол:
    Женски
    Луѓево се на лекарства тешки,сеуште во шок,и нажалост отпосле ќе се соочат со правата реалност.Нема поголема болка од тоа да си го гледаш мртвото дете на неколку чекори од тебе како лежи а не смееш да го видиш и допреш.И тоа трае цели три саати.Околу тоа дека без разлика на се јавноста ќе реагирала,не сум баш сигурна.Можеби ќе реагирала ама секако ќе помине месец два пет и ќе остане само фамилијата да оди по судови,да гледа снимки,слуша сведоци и гледа докази.За на крај да слушнат пресуда дека е млад дека му се дава шанса за да се поправи и го судат година две три или во најлош случај условно.
     
    На Mumoftwo30, SummerGirl, azelea и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Bitolchanecot

    Bitolchanecot Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2021
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    553
    Пол:
    Машки
    Поддршка за родителите, ако не е јавно јасно и гласно, ке се заташка како и еден куп други да не ги ни набројувам на чииј убијци излагаат за година две од затвор. Сега беше Фросина, утре можи да си ти ж, или твој близок. Доста е доста, измени во закон и поригорозни казни треба од темел менување све.
     
    На wendy2, SummerGirl, eliesaab и 1 друга личност им се допаѓа ова.