Одличен пост Мунлајт. Сумира во три кратки пасуси, се' што треба да се каже на темата: сексуални деликти.
https://fokus.mk/otvoreno-pismo-od-...-pogrebana-od-doktorite-vtoriot-od-drzhavata/ A ova bre zeni, normalno li e... Veke nekoe vreme ja sedam prikaznava i ne mi se veruva deka baranjeto im e otfrleno...
Vo Edna normalna drzava na decata Im davaa svirchinja Od shkolo I so ista svirka silna da svirat PRI opasnost od kidnapiranje, sexualno nasilstvo. Naselenieto bese obuceno da pruzi pomos. Milicijata vednas se pojavuvase.I nikoj ne se zezase so svirchinjata, site seriozno go sfakaa.
https://makfax.com.mk/makedonija/ние-не-сме-фашисти-ама-не-ги-сакаме-тие/ Се згрозив од коментарите...
Не знам дали во животот сум видела нешто поодвратно од ликовиве, нешто потажно и нешто што повеќе ме револтирало. Не можам и не можам да сфатам, не можам да си поверувам. А колку ли само вакви "сограѓани" имаме...
А како би можеле тие дечиња да и ги разболат и повредат нивните деца... Дали е во прашање неинформираност или тешка глупост,но во секој случај е жално за тие дечиња и болно за нивните родители тие коментари да ги слушаат
Зошто сме такво игнорантно општество? Срам ми е каква слика испраќаме за нашата свесност, емпатија... Дефинитивно мислам дека се работи за неиформираност на жителите на селото. И емоционална тупавост
"ако дојдам да ти ја сокапам муцката", бе Еве @Mamli, ако им е за градинката, им понудиле градинка да им изградат на друго место. Тие се уплашиле децата со попреченост да не им ги сокапат муцките на нивните деца, затоа тие се закануваат дека ќе сокапат муцки.
Прашање е на примитивизам, и ништо друго. Цело видео од 1 час го изгледав, чисто да ги слушам проблемите и коментарите. Секоја чест на министерката што упорно се обидуваше да објасни. Само мислам дека е залудно се`. И подобро да не се носат таму децата, заслужуваат подобро. А овие “граѓани“ да се исклучат од се` - не 5 саати, 24/7 вода да не добијат. До толку ми се замразени што ѕид би изѕидала околу нив, за себе и своето поколение да заштитам.
Ги прочитав сите случки сите коментари. Искрено страв ми е да се движам сред бел ден ,а не па ноќе дури и во мое мало. Секој ден се повеќе и повеќе читам дека има силувачи манијаци и се Се прашувам каде се нашиве џандари Ми се случило идејки накај работа во Карпош да ми искочат пред нозе двајца роми се исклучив почнав да се дерам да им викам дека се безобразни никакви после тоа почнав да се тресам неможев ни да се сетам што сум им зборела а они ми викаа немој не викај ништо не правиме . За тоа што сакаат да отворат дом за деца со посебни потреби да дефинитивно треба низ цела Македонија и тие се луге душички што ли се криви тие За нив треба и посебни наставници обучени лица да ги чуваат Во основно имав другарче кое беше со посебни потреби учеше со нас што ние бевме нормални од сите он добиваше малтретирање поради тоа што беше таков. За децава треба посебно школо,посебни стручни лица,посебни домови за повеќе нега да им се пружи. А за жителиве срам да им е како не им е жал па тој горе гледа Немам повеќе коментар А за манијациве само еден стап па тепај тепај да ги затворат негде голи на ладно на топло
https://fokus.mk/video-novinar-na-t...gi-zapoznae-detsata-protiv-koi-protestirashe/ Слушнете ја „госпоѓата“ со пеперутка на маичката- не било убаво такви деца (да се гледаат) на сред село. Нејзините деца немало да одат на школо, зошто ќе се плашеле. И нормално дека не сака да отиде да ги види дечињата, зошто не дај боже да научи нешто ново, вака таман и е во омраза и простотија. Не дечињата од Демир Капија, туку возрасните од селово се оние на кои им треба социјализација.
^ Госпоѓава да имаше едно дете вакво да видиме дали вака ќе збореше. Децата ќе им се плашеле ,незнае она овие деца колку сакат внимание и колку имат мила душа Во моја околина има неколку вакви дечиња ги гледам колку сакат да се дружат да им направиш муабет да им подадеш барем едно чоколадце за нив тоа е како цел свет да си им го дал ... Народов наш сеуште живе во некој стар век На сите им треба социјализација мн имаме прост народ ,ако се роди вакво дете одма леле види ја родила дете со посебни потреби не била добра со здравјето затоа така не јадела ова она во бременоста. Овој народ се срам за цел свет
Наместо да ги учиме децата дека сите се исти и дека не треба да се делат и дека НИТУ ЕДНО ДЕТЕ НА ОВОЈ СВЕТ не заслужило да го клоца и бутка некој, ние се враќаме назад во неандерталско доба. Кој сака така да се роди и која мајка очекува такво нешто ?! Каква е оваа сепарација ?! Да ги однесеш на психијатар, пола и повеќе од селаниве се за во институција со ментални нарушувања.
Некој имаше пишано дека имало и луѓе со факултет во селото ама џабе. Џабе ти е дипломата ако со менталитетот си во камено доба. Страшно. Тие не само што не знаат, туку не сакаат ни да научат нешто за тие деца. Примитивизам на ниво.
Знаете што треба сега? Да им изградат центар на ,,нормалните" и да ги затворат сите таму, а овие ,,ненормалните" слободно секаде да си шетаат До сега не сум чула дека личност со попреченост сторила некое ептен лошо дело, за ,,нормалниве" слушаме секој ден
Градоначалникот на Неготино: Жителите на Тимјаник биле изманипулирани Се смирува тензијата во Тимјаник. Ова за НОВА го изјави градоначалникот на Неготино, Тони Делков кој бил таму и разговарал со жителите на Тимјаник. Тој смета дека жителите на Тимјаник биле погрешно информирани за децата кои треба да бидат донесени од Заводот во Демир Капија. Делков рече дека не знае кој го направил плакатот со кој жителите се повикуваат на бојкот, но веќе имаат некакви сознанија кој има давал погрешни информации на жителите на Тимјаник. Неофицијално, атмосферата во Тимјаник ја подгреале вработени во Заводот во Демир Капија кои се уплашени за своите работни места. На социјалните мрежи пак, има коментари дека во Демир Капија ќе се гради камп за бегалци и дека заради тоа се празни Заводот, а не заради деинституционализација. https://novatv.mk/gradonachalnikot-na-negotino-zhitelite-na-timjanik-bile-izmanipulirani/
Родилката Маја Паневска од Свети Николе починала утрово во болницата во Штип откако вчера вечерта била породена во болницатa. Како што дознаваме од семејството, жената се породила со машко бебе, а утрово починала под засега се уште неразјаснети околности. Семејството нема информации од што настапила смртта и кога дошло до влошување на состојбата кај родилката. Директорот на штипската болница, Ален Георгиев, го потврди случајот, но не кажа повеќе информации за трагедијата,а во текот на денот очекуваме одговори за тоа како било извршено породувањето, дали имало компликации при породувањето и кои се причините поради кои настапила смртта. Превземено од мкд.мк Уште еден случај со родилка Бебето живо. Никогаш не ми се јасни оние ,,неразјаснети околности,,
Неразјаснети околности го кажуваат додека не измислат приказна која ќе има логика и ќе застанат во одбрана на персоналот доколку тоа е поради нивна грешка. А може и не се способни да откријат поради што се случило сето ова .
Меѓу редови тоа и ми беше муабетот. Додека да се најде ,,вистинската,, причина за која нормално нема да се виновни. Што живот ќе беше на детенцето И не велам дека секогаш мора виновник да се најде, и лекарите се луѓе, ама нели Ви се чини дека пречесто се случуваат вакви работи во 21 век ?