Или пак не им се замарало, се јавувале по телефон и им ги бришеле казните, да не се мачи малиот да оди на полигон и во испитен центар, тато се јавувал да ги бришат казните.
Кај нас лесно се зема возачка ако имаш врски и пари, само нас обичните смртници не малтретираат.. Само треба да ги извозиш часовите, да одиш да полагаш прва помош која никој никад не ја паднал, ајде и тестови да положиш сам, другото, градска и полигон, ако имаш врски, и колата да не знаеш да ја запалиш ќе положиш..
Секако не им се замарало штом создале таков монструм. Не знам, може и јас претерувам и сум паничар. Ама искрено многу внимавам на психата на моето дете, на нејзиното однесување, ама баш на се. Толку многу се оптеретувам некогаш, што не спијам ноќе.
Не можам да најдам ни трунка оправдување за мајката на Васо. Ама ај да пробам да замислам вака - Госпожата имала амбиции за кариера, и некако во последната година и "избегало" детето во лош правец, се здружило со лоши другари , го навлекле и еве она за жал од пусти обврски околу кариера и работа Не приметила дека детето и тргнало по лош пат . Ама .... Она знаела, знаела дека се дрогира , дека дила , знаела дека вози пијан без дозвола ....Имал дебилот пријави нели,морала да знае . Е како бе ни е било жал БАРЕМ за своето дете ,ако веќе не мислела дека и други можат да страдаат од нејзиниот син. Како можела да легне да спие знаејќи дека детето и е дрогираш , пијаница , дилер ... Како не и преработело тој мајчинството?! Еднинстевен одговор ми е дека она Не си го има сакано ни сопственото дете. Па се прашувам сега , чуму толкава потреба да го вади од затвор ?! Чему желба да го чуе од затворот ?! Што ќе и е детето и да се врати дома?! Сега допрва ќе го сака ?! Сега допрва ќе се грижи за него ?; Не бе златна Не ти треба А ако толку ти недостига да земеш да си влезеш и ти во зандана ,па таму да пробате да се засакате како мајка и син. Иако и за таму не заслужувате шанса! Прв пат ќе кажам нешто што никогаш не сум го кажала . Ама - Не секоја жена ТРЕБА И МОРА да добие шанса да роди , т.е да стане мајка. МАЈКА не е титула. Мајка е орден. А Ана тоа не заслужува да го има во своето сиви. Мрш !
Се додека децата не ми појдоа во школо не бев свесна какви се родители има.Кога ќе си го вратам филмот тоа се гледа уште во градинка ама тогаш се помали и си викаш ајде мало е не разбира. Има родители кои гледаат како нивното дете тепа и не стануваат од столче да изреагираат,негираат на се нешто што детето ќе направи.Не носат тетратки,никогаш не учат со родителите никогаш не доаѓаат на родителска.И тоа се тие родители кои не се замараат,а одма се приметува по детето. Е тие таквите не се замараат ни дали тоа дете некого ќе повреди ни дали некого ќе изгази.Му купиле мотор на 9,10 години хара по улици и тука нема вина во детето. Овие се тие родители,само образовани,успешни,па за нив потешко ќе се каже дека детето го запоставиле,се дури не направи некаква глупост,од која нема назад. Убаво пиша некој типични Кецманович само нажалост тука кај нас . И не,нема да застанат да газат по лешови,ќе гледаат до крај да го извлечат,а тоа им го овозможува нашата корумпирана држава. Сега останува на нас народот.Кај нас треба промени од корен,тешко ќе оди и споро.Единствено што ми дава надеж е младинава што не ќути што си има свои цели и се борбени.Ние сме заглавени на пола ем сакаме правдина ем си викаме ќути има и полошо,или пак не е моето,среќа.
Денес слушав муабет: А бе може она била дома безгласна буква, може татко му бил ваков онаков.. ајде бе. Да ја жалиме? Море МРШ. Многу била фина и тивка. Се најдобро за неа збореле..Е па ете, од тие да се плашиш.
Дечки НИЕ како народ не се оправаме. И денес и вчера пак гледав како лудо возат и на партизанска и на гологанов. Така да , толку беше . 3 дена внимавајте па пак по старо
Да се надоврзам. Пошто во сите овие улоги сум секој ден (возач на автомобил, возач на точак и пешак) сообраќајна култура нема НИКОЈ. Најголема вина наоѓам кај возачи на моторни возила, било какви, бидејќи се доволно брзи и тешки сериозно да повредат некого. Пешаците не се баш најсвесни кај треба да се движат, конкретно кога одам со точак на работа, на тој потег од булеварот нема никаде паркирано коли па да мораат на велосипедска да пешачат, па пак не се на тротоар, туку на велосипедска. Не знам зошто. Со точак смее да се помине на пешачки возејќи само каде што ги има црвените линии долу, амаааа и таму пешаци поминуваат. Буквално вчера ќе се отепав оти тргаме сите да поминуваме пешачки, јас поаѓам на црвената линија, две девојчиња решија косо да поминат и буквално пред точак ми излегоа. Така што, ОПШТО ни фали култура, независно со што се движиме низ град. Исто навечер постојано се случува на зелено за пешаци, коли да поминуваат на црвено (ако видат дека нема пешаци, посебно ноќе). Не е важно дали има или нема, црвено ти е, стој значи.
сл Слична ситуација и мене ми се има случено на Партизанска,поминуваш уредно на пешачки на зелено и секако налетуваш на точак кој лета...иако се смета за велосипедска никој не обрнува внимание дека има пешаци.Баш не знаеш од што да се пазиш веќе.
Тоа е крив градот и тоа многу, не може велосипедска да поминува ПРЕД автобуска станица, а тротоарот за пешаци да е позади. На повеќе места на Партизанска контењери има на велосипедска, па сакаш нејќеш, пак на тротоар искачаш. На многу улици, воопшто, ни тротоар ни велосипедска нема, т.е. има, ама паркирани се коли. Ремонт ни треба целосен.
Е,баш така.Мислиш дека безбедно си поминуваш на пешачки ама ништо од тоа.Нема никаква логика во поставеноста.Не знам уште што треба да се случи,за да на некој му текне дека треба РЕМОНТ.
Сашо Дукоски - гнида. Познато ми е името, и си реков сигурно не е по добро, ама кога видов дека го бранел Боки13 одма ми стана јасно. Патем баш рандом, дали Боки13 даде некој коментар за случајот? Или врана - врана не рани, па си ќути оти знае и он како излезе. Крајно мислам колку години и да добие, ќе измислат дека му лошо здравјето, желудникот, црниот дроб - мора на лечење, на домашен притвор, и ќе го извлечат од затвор
Не е само во Мк..и во Словенија 2 пати до сега се случува,минатата недела имаше дојава за 250 основни училишта маваат кај што највеќе боли.ми идеше да отидам да си ја земам ќерка ми од страв
Кецманович. Разликата е што они пробуваат да се спасат они, а не Коста, овие па да го вадат од затвор. Туку секогаш ви е чудењето за адвокатот. Кривичар е, сака такви случаи оти таму има пари. Тоа му е работа. Мене он воопшто не ме изненадува, ама родителите да. Значи прават убиец од сопственото дете. На 16 год сообраќајка, ај чистат по него. Да не се правеме удрени, секој втор чисте по деца, по себе. Плаќаш и нема тужба. Ама детево продолжува да дила. Го вадеш од затвор. Колку деца се уништени од неговата дрога? Капак му даваш кола и го претвараш во убиец. Цела јавност ти се крева, дозволија син им да биде во медиуми, распнат и упорно ќе го бранат. Ќе го вадат од затвор за да убие некој друг ли? Мене не ме изненадува ништо веќе. Едно 80 % од родителите ќе го направат истото. Фемина не е мерило, овде сите се најдобри. Ремонт ни треба. Целосен. Оти еве пак прегазени пешаци.
Општо земено, зошто сум со кола доста често немам видено да ми наиде велосипедист или со ел.тротинет и да се симне од нив и по правило да помине на пешачки. И тие возат ко дивјаци. Колку стрес ми имаат направено, од нигде никаде за дел од секунда ете ми прелетуваат на пешачки, среќа што возам споро т.е.по правила. А многу се безобразни и мал дел од пешаците, го гледаш си оди рандом по тротоар и збори на телефон, без да застане, да погледне лево десно се симнува на пешачки, значи не ни погледнува дали има кола толку се зазборени. Па ми треба некој знак дека ќе поминуваш, треба да застанеш ваљда.
Читам на тајм мк до сега само Радио Лидер и Фокус најавија дека ќе ја бојкотираат прес конференцијата на Дуковски. Еве за подршка ги лајкнав и отсега ќе ги читам. Тие што ќе го пренесат пресот, ќе ги блокирам.