Требаше да ги остават да организираат прес конференција, и да објават каде ќе биде тоа новинариве, и додека они зборат, ние да им викаме убијци убијци..
Сопругот работи. Кажува многу тел ѕвонат и притискаат за наркоманчево за жал...Се надева дека овој пат нема да им пројде тоа и дека ќе се истера правдата.
Луѓе што се чудите дека притискале за него, веќе ги научивме нив дека се ненормални. Наше, како граѓани е да притискаме уште повеќе од нив и да не се откажуваме. Никако да не прекинеме со притисок, нас ни изгледа безнадежно и беззначајно, дури и јас се демотивирам некогаш, ама гледате, веќе новинари се оградуваат од нив, никаква поддршка немаат, се плукаат максимално од сите страни. Да не заборавиме дека соседно од нас револуција се крена, ќе падне Вучич кој е политичар што ништо не го туркаше. Ќе си ја истераат правдата за загинатите од Нови Сад. Не е толку далеку и кај нас да се дигнат студентите ако ова не се заврши како што треба. Плус да не заборавиме дека будно се следат и случајот на Вања, а богами иако е кученце и за Феликс протести организираат кога ќе почне судењето. Не се обесхрабрувајте, се гледаме Недела повторно на протест, промената ја носиме сите ние.
Веќе цела недела се мислам дали да пишам или не, само пишувам и бришам. Не можам да го поднесам гневот што врие во мене со сите овие ситуации кои шо се изнадешаваа овие 10 дена. Минатата недела кога пишав овде за Фросина и за мојата ситуација, утре дента отидов на плоштад тука кај нас во Неготино за да и оддадеме почит на прерано загинатата и луѓе мои не можев да се соберам, тоа беше нешто страшно...толку многу луѓе, толку многу тажни лица шо мислам дека уште ми се сите пред очи. Правда во нашево скапано државиче тешко да има, ама мора да се бориме и да го докажеме ние како луѓе спротивното. Имам пишано пред некоја година во некоја тема за мојата ситуација, луѓе мои не го посакувам тоа на никого. Го најдов сум пишала на 27.12.2020 еве го текстот. -------Седам и размислувам во каква држава живееме... Поминаа точно 9 години од тој кобен ден, денот кога еден тип ме прегази со мотор на пешачки премин пред моето училиште. 5ти септември, како сега да ми се навраќа денот. Облечена во црвено фустанче спремна за првиот училишен ден. Се поздравив со моите и заминав насмеана на училиште. Помина што помина денот, стојам пред училиштето и еден рандом лик ме прашува дали можам да ја поминам улицата. Јас гордо одговорив ДА. И толку беше. За момент се најдов на земја. Слушав околу мене гласови и слушнав како некој ме прашува дали можам да го кажам бројот на мајками и да го кажав. Имав скршеница на десната нога, повреда на главата и цела бев изгребана. Цел месец лежев во болница, домене секако мајка ми. На училиште не одев 4 месеци, дома затворена. На типот НЕ МУ БЕШЕ НИШТО, само што во крвта му нашле голема количина на алкохол. Дојде судење, јас со штаки во судница седам. Сведоци полно. Моите и јас среќни дека ќе добие некаква казна...Но, не. НИКАКВА казна не доби. Адвокатот не изигра. Сеуште го вози истиот мотор со кој ме прегази. Секој ден го гледам во чаршија со тој мотор и ми се навраќа истата сцена. Сеуште одам по болници заради повредата на главата. Сеуште имам страв кога ја поминувам улицата. Немам зборови... Толку..------- Веќе 14 години поминаа... Никогаш нема да го заборавам тоа како адвокатот ни го потплати и тој воопшто не се појави на судењето, па бевме и без адвокат, цело судење се смешкаше и плати само 1200 ДЕН во судот, само толку!! Записникот менуван по 100 пати. Близок со началникот. Сакаше да ги потплати и сведоците кои што беа тогаш пристутни при несреќата и правеше се за да докаже дека јас сум крива. Моторот го вози уште. Уште дивее со него. Кај и да ме виде низ град одма дава гас на моторот и се курчи. Поради него сеуште се влечам низ болници. Правда мора да има за сите!
Многу, многу ми е жал. Што и да ти кажам, ништо нема да го смени минатото за жал. Мое е да ти ветам дека ќе се трудам да бидам дел од тие кои се стремат да ја сменат иднината, мислам дека дури сум жива ќе одам и ќе се борам за правда. Нема што друго да се каже, Недела, 17 часот.
Не сте свесни колку пати претходно сум сакала да поднесам тужби, да го гледам како се влечи со мене по судеви, да го мачам и јас него како што тој мене ме мачеше и мачи цели 14 години. Но, седнав и реков дека Бог гледа се и дека еден ден ќе му пресуди толку лошо. Ви благодарам на сите, морав да се искажам.
Дај бе сериозно веќе престанете со тие тротинети,посебно ако не знаете да ги возите, идев низ град и имаше тротоар и дечко со тротинет изгледа мислеше ќе немаше место јас да поминам и малце отиде накај тротоарот и падна ама баш добро падна, што сега ако му се случеше нешто јас да не ќе бев крива?
Ние едино може да правиме притисок ако се појавиваме на протестите Затоа сабота неготино недела скопје Ете има превоз и од кавадарци и од ск за утре за во нг Нема изговори
Кога претходно беа бомбите, исто така имаше големо политичко случување кое требаше да се прикрие, односно да се тргнат мислите на јавноста за тоа случување. ,,Бомбашите" никогаш не ги пронајдоа. Моментално има неколку битни случувања како судењето за Вања и убиството на Фросина. Бомбите во училиштата повторно почнаа. Дали е случајно ова?
Не верувам. Јес да сме амеба нација углвном, ама никој не е до толку една бомба да му тргне мисли. Зедов дете јер нели бомба, па еве пратам што се случило со судењето за Вања. Верувам и другите
Родителите и адвокатот имаат прес. Добро, снимката се бојкотира, ама зошто и пресот? Јас сакам да видам што зборуваат, што кажале итн. Мајкава очајна, само од што. Милјана на пример ко примадона се шеташе. Оваа пропаднала. Изразија ли сочуство? Ме интересира на која основа ќе се бранат, еве кажале дека е психички здрав.
https://mk.tv21.tv/foto-na-pres-kon...t-dukovski-se-pojavija-i-roditelite-na-vasil/ молам? Зашто им отишле на прес?