Trebase bez iskluchok cel parlament I site sto 15 godini se potpishuvale na livchinjata za pari da dojdat na grobistata da bidat sto napravile I da gi poglednat roditelite vo ochi. Namesto svadbeni zvonam I sfatovi gi ispratija vo zemja.
https://mms.mk/393618/?fbclid=IwZXh...E7JBR2Ac9zeZ5QUr1Y_aem_v49zom2AVgArCUM73Utc3Q Народот скроз отиде, Господе помогни ни.
Од рубриката Македонија денес, издвојуваме: Убиство и самоубиство во Волково; Пукање во Прилеп; Прегазени мајка и дете на Партизанска. Еве се мислам што да додадам ама не знам, исцрпени сме веќе.
чекај... Во 6 саат не се објавува пост ваков.... Има уште 6 часа за дешавки до крај на денот. Ова твоево за пола ден е.
Лелеее се надевам дека барем детето е добро. Сирото... Добро е што тој се убил, гнаса. Таквите не заслужуваат да живеат
Да му е страв на човек од дома да излезе... Господе чувај не сите. Ова не е држава, арно многумина се иселивме!
Под објавите за застреланиот службеник во прилепскиот Центар за социјална работа,куп одвратни коментари кои го оправдуваат и подржуваат насилникот. Се чудам за што им се мозоците на овие луѓе?! Наместо да се запрашаат како тој лудак успеал да побегне од психијатриската установа во која бил затворен и како набавил оружје,тие упорно ја коментираат и напаѓаат жртвата. Ништо поразлични не се и коментарите под објави за силување и семејни насилства. Демек патријахално воспитувани генерации ама трули души без грам емпатија,а ни грам совест. За памет се гледа дека го немаат. Ми се гади од такви индивидуи кои за жал се во огромен број.
За утре е закажано ново рочиште за смртно прегазената Теодора, за чија сообраќајка возачот не помина ни ден во затвор - МКД.МК
И уште потажно имаат бајѓи голем број на лајкови. Одвратна раја, замисли таквите луѓе се кријаат под превезот на чувствителни луѓе и емпатични, а длабоко во душата се вакви скапани девијантни и што мислат дека се се решава со насилство. А од друга страна пак типот нити е културен, нити пак е добар, се девијантно, дури ни за то шо се тепа и бори не е добар, не ме прашувајте зошто, не сакам да ширам по форуми.
Душа ме боли за ова семејство, за Фросина се дигнавме сите, зошто не го повториме тоа. Дури тука пред некој ден една членка пиша дека таткото се јавил на утринска на Канал 5 и откако се преставил го исклучиле.
Jas ja gledav utrinskata I mozam da potvrdam go otkacija covekot vo najbrz mozen rok..ne mu dadoa da se doiskaze...
Вчера вечерта околу 22h на Теодосиј Гологанов кај Милениум пекарата беше прегазен човек Барав по порталиве да видам дали е добар никој нема објавено.. ако сте прочитале некаде ве молам споделете цела вечер го мислев и не можам да го извадам од глава плачот на жената..
Ме заинтригира, отворив гугл и страниве да видам дали има инфо, но гледам никој медиум не пишал за ова. И јас се изненадив. Дали имаше полиција викнато некој?
Страшно... Со помин нека му е на човекот дај боже да оздрави. Ама ова не ме чуди после 20 часот возат како на трки! Лудаци
Луѓево одвратни станаа. Тие така што коментираат треба посебни институции за нив да им дојде памет, простотилак тоа е.
Во врска со видеото што вчера го споделуваа со мажот што ја тепа жената во Радовиш, човекот е приведен ама жената не сака да го гони затоа што тоа било од лани, мајка и ја местела и го мразела мажот. Бог да чува, не ми се верува што прочитав.
Мислам дека имаше, искрено немав сили да се приближам поблиску.. само што ја слушав жената кај што плаче премногу се потресов..
Профилот од кој е напишан тој коментар е нов колку што можев да приметам. А и верувам дека после такво тепање лудакот и втерал страв во коски,така што не би ми било чудно и да го брани. Не сте свесни кој страв е тоа. Колкава несигурност носи во себе една жртва на насилство. Колку безвредно се чувствува... Згора на тоа имала и две деца,вдовица била... И треба разговор со психолог,психијатар. Нели имаме инспектори за семејно насилство,треба да се обучени за разговор со жртвите. Имаме психолози во центрите за социјална работа,треба да умеат да работат со жртви а и со насилници.