Апсолутно се сложувам. 12 години искрено јас и мислев дека ќе е толку, односно под 10 не и над 15 не. Во правото се земаат и олеснителните околности точно. За жал, тоа е тоа.
Не е за жал... ништо нам не ни значат годините. Еве не знам, што значат? Што е смислата на казната? Која е целта? Секоја друга затворска казна освен доживотната, подразбира дека крајна цел е осудениот да го поправиме, ресоцијализираме, да го пуштиме во општеството назад евентуално. Некако тоа постојано се заборава, не само за Васо конкретно, општо земено. Не е "за жал" ни доброто однесување, тоа е крајната цел на казната, некој ресоцијализираме и ако сме успешни во истото тој ќе има добро поведение, со што се редуцира казната. Не сфаќам лов на вештерки.
Во возилото на Васил имало и други лица кои ја снимале вожњата и не се ни повикани како сведоци затоа што дечкото е син на познат кафанџија од градов. Видеото е избришано нормално и никому ништо.
Во смисла дека џабе е и повисока да му дадат. Не може доживотен. Просто не може. Така е по закон. Дрндаме сите да биде по закон. По закон си е ете. Ќе им смени ако е 20? (Толку е максимум по закон) Некој би се ресоцијализирал и по 2 години и би имал добро поведение ама па нели по закон не може 2. Ме сфаќаш што ми е поентата, знам.
Како покажа каење Васил? На тик ток дури си скролаше со телефонот што му го прошверцуваа у затвор? Од таму се покаи? Абе ајде. Бар овде ги имаше СИТЕ услови за давање на максимална казна, сто сообраќајни прекршоци зад себе, друга сообраќајка, пијан, незастанување на црвено, непрописно возење и неукажување на прва помош. Мене стварно не ми е јасно што треба да се случи за максимална казна да добие некој? И не ме водат емоции, туку стварно сум на тој став дека овде апсолутно имаше индикација за максимална казна. Млад бил, се каел и спортист бил не се ама баш никакви олеснителни околности.
12 години???? Аууууу..... Ќе излезе за 3, и пак ќе се вози. Греота таткото извикал "судот- мафија" и излегол од судницата....
Сестрата нема во статусот прецизирано кои треба да одат на тој протест. Значи нека пише попрецизно, стоп за невладини, стоп за членови на СДСМ, стоп за членови на ЛДП, стоп за членови на ЛЕВИЦА, ДУИ, ДОМ, стоп за феминистки, стоп за КОЈ Е СЛЕДЕН, стоп за сите луѓе кои се поврзани со опозиција или се нејзини симпатизери.
Сваќам дека е сарказам твојов коментар и многу се најдоа прозвани од претходни изјави на семејството ама моја претпоставка е дека беа под притисок од власта за некои изјави и сироти луѓе во голема болка надевајќи се дека така ќе ја добијат правдата подлегнаа на притисокот.
Не е премија, бидејќи тој нема само едно дело и плус има други потешки околности што можеби кај другите случаи ги немало што биле осудени со 2-3 години.
За што протести? За казната? Реални да бидеме нека се среќни и на толку што му дале. Да беше девојчето на некој други родители ни 12 месеци немаше да добие.
Лаичко прашање.. Нели е веќе 3 осуден за нешто претходно? Овие 12 одат плус на тие или? @JuLleE @CameliaMiller Вие повеќе се разбирате..
Случајов кај народов во моментот разбуди еден огромен грев и освестување кај народов, моментот ‘доста е’, да се разбереме. Во еден ден организација на улиците излегоа илјадници луѓе. И тој гнев успеаа да го задушат оштетените, не сторителите, уверувајќи нѐ сите дека системот функционира и нема потреба од протестирање. Епа, функционира ли? Вредеа благодарностите до властите и изјавите дека системот почнува да функционира? — Оф колку жална држава, народ сме. Во прв момент си реков вау, 12 добил, не 5. И после те удира реалноста дека има 20 години и на 30 ќе излезе, дека толку години вреди животот на сите нас. И почнуваш пак да се прашуваш што уште бараш тука уствари.
Kласичен помочко, некадарен да сноси одговорност, дури и солза му потече, се пипкаше кај окото. Сестрата на Фросина сега повикува на протест, откако испиша ферамни какви биле тие што протестирале итн.
Те разбирам, со тоа што нема никаква логика во ниту еден асален правен систем да добие доживотна. Не во Македонија, каде било, за доживотен затвор треба сериозно грозоморно, планирано дело. Во случајов на Васо - тоа не е. Законот и судот не се занимаваат со емоции, туку со закони и правда која не треба да биде селективна. За родителите ниту една казна нема да биде доволна, точно да го обесиме на плоштад нема да им биде полесно. Страшно е што случаи како Блажиќ не може да имаат доживотен затвор затоа што за неговото нема ресоцијализација, за постапките и однесувањето на Васо има. Друг муабет е колку во нашите затвори е возможно истото. Може по закон 2, затоа и толку обично добиваат, помалку од 5 секогаш, со добро однесување и пократко. Кај Васо многу работи беа во прашање, од алкохол, брзо возење, на црвено поминување, немање возачка и претходни слични дела, плус производство на дрога, затоа и 12 години се, не се 3 или 5. Нормално дека олеснителна околност е возраста, на 19 години си полнолетен, но не и возрасен од развоен аспект, а и тоа што призна дело и не влечеше судење со лудило, тежок семеен живот, скршено срце и др. срања.
И зашто признането за вина исто се зема како олеснителна околност, демек во смисла емоционлната зрелост на обвинетиот ја разгледува судот?