Отвори си ФВ.. не планирам да полнам телефон со Скриншотови.. @autumn leaves а другите жртви? Или ако тате има врски ќе ти обезбеди правда ако не ќе го гледа тој што те убил како си пие кафе додека ти одиш на гробишта.
Мое мислење е дека 12 год не се малку, до оглед дека во Мкд повеќе од 5 год немаат дадено за вакво нешто, а многу често и не повеќе од 3. За родител и 100 год ќе се малку и со право. Но 12 не е за потценување.
Е ама татко и се заблагодаруваше на Мицковски, Пандов се по ред.. и повикуваше да не се протестира против власта.. затоа навлече бес. Зашто него не му се криви ВМРО само СДСМ. Ако не мешаше партија многу подруго ќе беше.
Тие 12 се дадени со отежнителна околност т.е. заради претходната пресуда од 3 години заради дилање на дрога, пресуда која Врховен пред некој ден ја укина. Без таа пресуда откако Васо ќе се жали сега Апелација ќе му ја намали доста затоа што отежнителната околност веќе не постои. Се сеќавате на случајот од Велес? Тој со истиве прекршоци и со претходно одземена возачка плус избега од местото и на Апелација двојно му ја намалија казната. Васо ќе добие 5-6 и ќе излезе после 2/3 и тоа не е доволно и малку е, таман за сите идни татини и мамини синчиња да си немаат гајле кога ќе знаат дека се недопирливи.
А зошто не се појавува никаде брат и на Фросина? Ниту пак се споменува. Ако имам добро слушнато, он е ист калибар со Васил. Или пак јас имам погрешна информација нешто.
Васо нема ни пола од казната да ја одлежи, реалноста е таа тука во нашата држава. Сега на следното судење ќе му ја намалат казната на 7-8 години, и на крај ќе лежи само 2-3 за добро однесување ќе биде ослободен и затоа што е млад. Исто како случајот во Велес, од 18 години досудени на апелација му ја намалија казната на 8 години.
На никој, ни на партиски војници, не му посакувам вакво нешто. Само тешко на обичниот граѓанин, без партиски позадина. Нема да има звучни имиња на кои ќе треба им се заблагодари.
Додека вие овде го распнувате семејството на Фросина, семејството на ѓубрето Васил веќе работи за да му се намали казната. Зборете уште против притисоци и протести. Дека не им тропнало на нивна врата.Класична македонштина...
Извини вака, ама никој не видов да го фали или да не го критикува семејството на Васил. И да тешко мене ако ме снајди вакво нешто, оти за да истерам правдина, врски НЕМАМ.
@Waverly Raven Треба да се застане и да се размисли. Тоа што правел таткото на Фросина на работа или што коментирал за други не е битно за овој случај. Тоа би било битно во друг случај. Во овој случај загина невина девојка. Кога ти гине некој најблизок очекувано е да вршиш притисок со праќање на „специјален поздрав“. Па и да си вплеткан во или со партија, ако ти загине најмилото сосема е разбирливо да се обидуваш да истераш правда и преку конекции. Оти си вложил труд и очекуваш да ти возратат. Си велиш дека и главниве фаци се родители, па барем ради безбедноста на нивните деца (кои исто не дај Боже, може да станат жртви на бесни возачи) треба да ги применуваат принципите на правдата, ако веќе не им е толку гајле за сите. Очајот те тера.Оти треба да ни е јасно како ни функционира државава. Виновникот преку семејството користел и уште користи конекции за да се извлече. Има лоши навики и стана и убиец, но тој и неговото семејство не се толку распнати. Човек да помисли дека некои профили овде му се роднини на ѓубрето, па намерно дефокусираат. Баш истото како и за случајот на Викторија. И не треба да се лае кога (не дај Боже) секој/а од нас или наша најблиска личност може да стане жртва утре.