Дајте повеќе детали, ве молам. Мајката ли снимала, притворен ли е? Не можам да читам, ми се ежи кожа. Многу сум чувствителна
Булингот за жал зема се поголем замав. А и некако во училиштава кај нас слабо се справуваат со тоа... А има напори да се искорене како што гледам. Али резултатите се незадоволителни.
Да сум била на твое место, јас би реагирала. Не знам за тебе ама во мое присуство никој нема да малтретира дете или животно. Со деца работам, затоа и реков, сите родители што ги гледам се понежни и понежни со своите деца. И тоа од бебиња, не па за таа возраст како детенцето на видеото. Нормално дека ниедно мавање не е океј ама има разлика да го "мавнеш" по гз кое нема ни да го осети и мавањето од видеото на кое моронот фацата му ја измести на детето, тоа за мене е крвнички. Да не зборам што емотивно го осакатува, не само тоа што го мава, туку и другите две што гледаат. Сите девојчиња, татко нели, пример за утре каков маж да бараат да им биде, да им постави стандарди и најголем заштитник. Тоа ли е заштитник? Мене ми е исто драматично и на видео и во живо, само разликата е да видам во живо ќе реагирам, а на видео можам само да вријам во себе и да му редам на идиотот сѐ до трето колено. Не знам дали оправдуваш ама погоре мислењето ти е со осудувачки тон за бурните реакции, као зашто бурно се реагира кога постои и надвор тоа. Најверојатно затоа што не е океј и треба така да се реагира затоа што овој пат е јавно ова и на секое наредно што ќе биде или нема ама ние ќе бидеме сведоци.
28 години од Драчево, имале 3 дечиња. Мајката снимала, се случило додека спремала ручек. И порано бил насилен, во саботата сабајлето ја претепал, вечерта е приведен и сега е во притвор. Според објавата на мајката сега нејзе ја криват зошто го пријавила. На женава и на децата им треба под хитно помош, и да се склонат на сигурно.
Се згрозив и од твојава објава искрено. Таткото го утепува 4 ГОДИШНОТО девојче. Со сета сила по газе и по лице. Сигурно штом мајкаѕа снимала не е прв пат. Би го гледала кај што го дерат на плоштад со задоволство. Толку мн се вознемирив апче ми треба да се смирам. Гнаса,гнида,олош и се најгадно е тој човек а не татко! Ми се згади.
Колку е ова за жал се' уште реалност во нашата држава... Можеби не е како што било порано, но голем дел од 'родителите' се држат до тоа 'ќотекот е од рајот излезен'. Претажно за девојчето, толку мало, беспомошно да се брани, паднато во рацете на базмилосен 'маж' кој е многу јак изгледа само во вршење на насилство врз мало суштество кое нема никаква сила и можност да се брани против него..
Што може да се направи да се спаси мајката со децата? Реални да сме ќе го пуштат во оваа банана држава и на крај пак ќе има или насилство или многу тажен крај... Неможам да опишам колку ме боли душава за дечињава..
Постојат вакви работи баш поради тоа што институциите не си ја бркаат работата. Жената сигурно не сакала да гледа како таткото го тепа сопственото дете. Не е дека луѓето оправдуваат вакви случаи, туку затоа што овие морони лежат малку во затвор па дури и ич. И после пак се враќаат дома, а жртвите остануваат сами без заштита.
Еве да го направам славен. Гомно. Луѓе, не знам зошто го гледав видеото. Срце ме пресече. Го испоколнав се најлошо да му се случи. Куртон. На мало детенце сила покажува. Биди маж да ти се плукнам, оди сили се на некој ко тебе. Бараба. Не знам ни како веќе да го наречам. Монструм.
Да се направи славен на секоја социјална мрежа. И да скапа на најлошото место!!! Ѓубре бездушно!! Му се молам на господ само државава да реагира да ја згрижат мајката ((
Ме нервира лицемерието на народот, ако досега не сфати. На Балканот е нешто најнормално тепање, ќотек од рај е излезен, сите ви врзувале шамари кога сте се враќале касно, кога сте брцале прсти у штејер, и одеднаш вака на снимка видено одма сите згрозени. Абе не ме јеби. И ја сум таа што се дерам против насилство врз деца ама идат мајкичките да ми речат оти не треба ние девојчињата да се мешаме како некој си го воспитува детето и немало што јас за туѓи деца да се секирам кога немам ни свои. Океј, тогаш, што да кажам. Мислам у реду, нека е мојот пост проблемот.
А ти девојче си ?Се гледа по муабетов. Сигурна сум дека сите тука што искоментираа се навистина згрозени и дека никој тука не тепа дете или се заканува дека ќе го убие. Не им е на сите "скриена опашката". И има разлика од воспотување на дете и тепање. Ќе ја научиш можеби еден ден. Со вакви коментари ништо нема да смениш ама не секој може да има емпатија.
Се гледа дека си сеуште не искусна во животов ,колку години имаш? Навистина пишуваш глупости демек сега сите ги оправме децава како психопати по дома.
Не треба да бидеме згрозени? Никогаш го немам удрено детето. Ниту пак маж ми. А мислам дека и се почесто, многу родители не си ги млатат децата.
Не планирам да се оправам, пошто фала богу не е моето искуство темата. Никого не прозивав конкретно, за реакциите по фб беше муабетот, кој се пронајде, негов проблем, шо да речам. Бидете згрозени и за удирање кога паднало, и по газе и по раче, и од жена и од мајка и од секого кога е удрено, не само вака на снимка драматично кога е.
Девојче ај легни си. Имам две деца и сите ги гледам како мои. Во секое дете го гледам моето. Тоа неможам да ти го објаснам со збор. Ова не е прифатливо ниту пак ќе го нормализираме. Мора да се казни и да се зборува на големо,мн големо казни да има и да не се преќутува. Не те прозивам поќе.
И јас истото се прашувам, како може институционално да се помогне во овој случај. И да не го пуштат жената поминува низ хорор затоа што го пријавила. Под притисоци е од неговата а можеби и од нејзината фамилија. Тоа самата си го пиша во постот: Сè се случи во сабота наутро, а истата вечер тој веќе беше приведен во полициска станица, а сега е во притвор. И повторно – јас сум виновна што пријавив и што сакам да ги заштитам моите деца.
Оф бе душичка. Реално ова е стварно за почеток на голема промена. Мора и поголемата фела да излезе за ова да се сменат некој работи. Не бива вака... ако треба и парично да се помогне.