Црна хроника

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ицолгудбејбе, 31 март 2017.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.676
    Допаѓања:
    14.140
    Јас не реков дека се треба да е на него, пишал дел ми земаа, дел им дадов сам. Имот да се дели на пола, а не со манипулации, ти немаш деца, не ти треба и слично како што си прави народов, знаеме. Дека човекот не е асален, погледнете му профилот кого величи. Што не е асален не е, но, ако е сам некој и нема деца, не смееш да го манипулираш и да му земаш имот. Кој ќе го чува тој човек? Свесни сте дека ни родено дете не те гледа ако немаш што да му дадеш, еве колешка од друг град, немажена, нема деца, сама ја догради куќата за да утре си направи договор со роднини да ја дочува некој. Свесни сте дека се земаат пензии од 15.000, а најевтин дом е на пример 26.000 денари? По која логика било кој да штрбне од туѓото. И по логика на чичево, другарка ми требала да отиде да ја убие сестра си оти при поделба на имот, се побунила, другарка ми нема деца, па не ни требало да зема имот, што ќе и е, а таа и должи неколку илјади евра, ај што нема осет да ги врати, абе во состојба се на депонија да те фрлат и избркаат. На баба ми братот не го величел Путин, па една нива со врски и адвокати ја префрлил на свое име. Кога сфати се навреди и бараше да и плати, оти има пари, децата се богати, со врвни работни места, син му универзитетски професор, да ја плати нивата како да ја купил и не сакаше, со злоупотреби директор се осуди да присвои нива на вечна домаќинка. Психо или не, зошто човекот им ја препишал куќата? По негова смрт секако ќе ја наследат. И куќата се гледа дека од Сфрј не е чепната, не е некоја куќа.
     
    Последна измена: 13 јули 2025 во 15:51
    На tambelina и Аргентина * им се допаѓа ова.
  2. Kataklinkers

    Kataklinkers Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    1.643
    Допаѓања:
    9.540
    Му треба може ќе живее уште најмалку 20 години. Може ќе најде некој што ќе го чува и ќе му го остави имотот. Може ќе го даде на некој дом за стари лица во замена да го чуваат.


    На секој му треба покрив над глава дали е 63 или е 33 или е 83 години.

    Го препишал и останатиот дел на внукот пред некој ден, а пред тоа сестра му му зела пола.

    Некако нејасни се причините им дал се, па им се одмаздил.

    Не го давам пола е мое. Не може сестра му да ја продаде другата половина, кој ќе купи пола стара куќа?
     
    На DS10, felisitas, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.587
    Допаѓања:
    62.965
    Пол:
    Женски
    Ништо од ова што си напишала не оправдува убиство. На дете што има 13 години особено. Имотните прашања може да си ги решат засегнатите лица, а детето не било ништо виновно. И не е случаен инцидент, туку намерно ги викнал за да ги убие и уништи цела лоза.

    Што друго да се очекува од манијакален фанатик на Путини, Трамповци и останати насилници? Нешто арно? Типов бил за во затвор, познат кримос си бил, ама како секогаш кај нас по свадба тапани е све.
     
    На 1209, Калатеа, theowndemon и 13 други им се допаѓа ова.
  4. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.653
    Допаѓања:
    175.113
    Пол:
    Женски
    На секој!!!

    Тажна сум што од ден на ден читаме за се поголеми,погроморозни и не знам веќе како да ги наречам, трагедии ;(;(;(
     
    На Knizhevnik11, H.VAGA, mal.ecka и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.676
    Допаѓања:
    14.140
    Секако дека не оправдува убиство на дете ништо, но треба да се свртиме околу себе, да видиме како тоа луѓе ќе препишат имот некому, па никој не ги гледа и згора ги малтретира. На лица кои се сами сакаат обично да им влеат страв дека нема кој да се грижи за нив и да им земат имот, а за гледање никој нема да ги гледа секако. Тетка ми е во Србија, деца нема, а по смртта на сопругот почна да си штеди, затоа што пензијата беше мала, а домовите скапи. Сега пензијата е многу покачена, жената без ниту еден здравствен проблем, но не се знае утре што ќе биде. Сосетка и бараше заем со цел да ја подведе по нејзино, дека немал кој да ја гледа. Барала утрото 200 денари за такси, попладне 200 за фризер по што и рекла "добро бе, ти имаш ли памет, јас на овца за стрижење ли ти личам? Да не сакаш да ме плашиш сама сум, а? Абе баш ми е гајле, ако умрам ич не ги викајте моите или не ме закопувајте, ќе се распаѓа и ќе смрди цела зграда, вие нема да можете да седите". Оттогаш лаже дека сме загрозени и дека праќа пари во Македонија, затоа што има зло луѓе, а таа е сама таму.

    Човекот им препишал, можеби било со притисок, оти пишува долго имале конфликт, а ако ја стават куќата на продажба, каде би одел? Тоа не оправдува убиство, но ич не е во ред. Дочувај го па нека ти препише, тогаш е твое.
     
    Последна измена: 13 јули 2025 во 18:48
    На mira.mira му/ѝ се допаѓа ова.
  6. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.587
    Допаѓања:
    62.965
    Пол:
    Женски
    Овде требаше да ти заврши мислењето. Се после тоа е релативизирање.
     
    На 1209, Калатеа, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.676
    Допаѓања:
    14.140
    Ги читам сега коментарите, пишуваат демек со судови, општини ако некој некому земе нешто и ги остави неговите деца без ништо, го сметате за снаодливост. Можеби и убиецот има деца.
     
  8. Чанта

    Чанта Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2023
    Пораки:
    554
    Допаѓања:
    731
    Пол:
    Женски
    Тање не почнувај аман. Во постот имаше напишано човекот дека нема што да изгуби. Не ги правдам роднините ако му зеле подмукло,реално не е фер ама па има повеќе начини,не е начин да си убиеш свое чедо.
     
    На Трагедијаупмм и Konfetka им се допаѓа ова.
  9. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.968
    Од каде ти е ова инфо?
     
  10. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.784
    Допаѓања:
    41.852
    Пол:
    Машки
    Не е веќе храброст да се емигрира во странство, храброст е да се остане тука.

    IMG_5122.jpeg

    И не е единствена со ваков коментар. Полни раце работа за Демир Хисар и Бардовци.
     
    На 1209, Konfetka, Калатеа и 17 други им се допаѓа ова.
  11. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    7.489
    Допаѓања:
    12.220
    Пол:
    Женски
    Не е болест се што боли…
     
    На 1209, DS10, eliesaab и 4 други им се допаѓа ова.
  12. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.370
    Допаѓања:
    31.518
    Пол:
    Женски
    Зошто се бе толку ретардирани? :swear:
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.784
    Допаѓања:
    41.852
    Пол:
    Машки
    Овие сите се потенцијални повторувачи на дело кои не дај Боже може инспирација да најдат во случајов. Некој сериозно треба да се позанимава со ваквите од прв до последен.
     
    На Konfetka, Mrs. right, Angie1432 и 4 други им се допаѓа ова.
  14. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.587
    Допаѓања:
    62.965
    Пол:
    Женски
    IMG_20250714_103210.jpg
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. mira.mira

    mira.mira Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    1.111
    Допаѓања:
    7.433
    Не оправдувам убиство.Но во држава без закони, поточно има закони но не функционираат,во народ каде менталитетот е да се зграби и тоа што по закон не следува, каде секој секого сака да зафркне и искористи тогаш уличните закони владеат.
    Цела Мк се скарани браќа и сестри зашто едниот земал повеќе од другиот или ако е сам демек не му требало ,што ќе му е.....
    Затоа и се коментарите кои се надвор од логика и ум.Во секое семејство има некој паметен кој ги манипулира другите и приграбува за себе.
     
    На Tanjamm, eliesaab и st-el им се допаѓа ова.
  16. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.968
    Не му е тоа презимето, така само бил потпишан на фејсбук. Второ, ова познат криминалец од каде е извлечено? Што криминали имал? Извор?
     
  17. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.676
    Допаѓања:
    14.140
    Човекот не е Мајоски, мислам на Ѓ беше презимето кога кажаа иницијали, но Мајоски секако не е. Кажаа лежел затвор, не кажаа за какви дела. Кој криминалец живее во таква куќа, несредена? Затвор се лежи за кражби, тепачки, ама и тоа тешко, треба ептен да ја претераш за да те зберат. Во секоја фамилија има некој што приграбува или сака да приграби нешто туѓо, овој немал што да изгуби. Што ќе направите ако на 63 години сте сами, веројатно веќе болни, неспособни за работа и некој ви го зема имотот, а вие немате каде да одите, немате пари за да тужите со години и ако некој имал врски за да ви земе имот, вие џабе ќе тужите, а ако куќата е туѓа, ќе треба под кирија да одите. Што ќе правите? Не правдам убиство само ви кажувам дека секое приграбување на туѓото е монструозно и криминално и тоа го прават монструми и криминалци што реално треба и тие во затвор. Зошто таткото го носи детето кај дедото со кого се закарани со години и кој уште лани им пишал истото, да не си играат, немал што да изгуби. Па само да се скараш и испцуеш, а дете да те слуша ќе се исплаши. Каков е тој познат криминалец што еве и прилепчани не го знаат? Не го бранам, само се чудам на медиумите, се повикуваат на лажно име од лажен профил. Треба сега да се провери имотот, чија е куќата, кој и по кој основ ја поседува. Ако има манипулации, затвор за вмешаните.
     
    На mira.mira му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Amelia.

    Amelia. Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    296
    Допаѓања:
    1.081
    Пол:
    Женски
    Смешни сте сите со "не го правдам ама..."
    Луѓе, не знам што не е јасно, што и да направиле не е оправдување убиство на внук и дете и нормален човек тоа нема да го направи. Овој не бил добар во главата и тука затаиле институциите по не знам кој пат, факт.

    Се расфрлате со информации за тоа како било, кој имал врски и како поделиле имот ко со нив на маса да сте седеле кога го правеле тоа.
    И сам ги викнал таткото и детето, потенцирал да се земе и малиот, таткото да знаел каков исход ќе има целава ситуација сигурно нема да го земе и детето со себе.
     
    На 1209, Mięta, MeowMeow и 4 други им се допаѓа ова.
  19. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    7.298
    Не треси глупости.Од каде знаеш кој што грабал. Кое чие е.
    Дома им беше на луѓето?
    Убиство со ништо не се правда посебно на дете.
     
    На MeowMeow, Konfetka и SummerGirl им се допаѓа ова.
  20. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.370
    Допаѓања:
    31.518
    Пол:
    Женски
    Муабетот стварно требаше да заврши кај СО НИШТО НЕ СЕ ОПРАВДУВА УБИСТВО. Башка шо е и дете убиено плус.
    Ни имот ни свети имот. Толку.
     
    На 1209, Billy Idol, Mięta и 11 други им се допаѓа ова.