Не оправдувам, АМА (продолжуваат со пасуси зошто уствари оправдуваат). Убиство. На дете. Од 13 години.
Значи може една дискусија да помине без муабети за тетки, стрини и сосетки зашто ама ич не се битни во случајов.
И што ќе смени тоа ако се провери чија е куќата и кој ја поседува?ДЕТЕ 13 години е убиено.не знам дали ти е јасно.Да под кирија ќе одам,ако треба и на улица.Подобро скитник да сум отколку Убиец
Нема оправдание. Расправии треба да се решаваат на суд, не со оружје. Невини луѓе, од кои едно дете, се убиени! Толку!
Боже , боже, имот и пари вредат повеќе од човечки живот, од живот на дете…брат и сестра, на улица ќе живеам на брат ми тоа нема да го направам. Не знам како воопшто можете да ставете “ама” после “не оправдувам” во случајов. Земјава луѓе е полна психопати, полна. Газ место земја, во секој агол некој нездрав во главата. Па се чудиме што не снашло, да се отворат само коментари на фб под секој пост со насилство, нема веќе толку да ни е чудно. Ете и кај моите во зграда има еден нездрав, го вратиме од бардовци оти немало место. Од мали кога бевме скроз беше отиден, ама некако неговите уште млади беа и го држеа под контрола, сега остарени се луѓето и нема кој да го спречи, само глупости правел. Вчера го давел комшијата, некни бутнал некоја жена од клупа, пред неколку години пробал да силува една комшика. Полицијата само записници пишува, а ништо не превзема. Толку ми е страв дека може нешто да го стегне скроз глава…А и не е ситен, огромен човек, не е лесно да се справиш со него. Досега требаше да биде затворен некаде, а не после да се чудат кога ќе направи глупост. Брат ми чекаат бебе, нејќам ни да замислам што може да му текне да направи.
Значи сите сте јаки хуманисти и алтруисти, ич немате проблем на старост да бидете бездомници со 5-6 дијагнози и ќе се тужите до 100 години, а пари немате, ама живеете во држава што речиси нема суд. Си правдате алчност како нешто најнормално. Па повеќето во државава се такви, со години коваат планови да земат нешто туѓо, значи со години насочуваат енергија да си поткраднат нешто, а да работат сериозно истото ќе го заработат. Ако е непотребен муабетот за тетка што живее сама во туѓина и е мета на перфидни обиди за финансиско искористување, непотребен е муабетот за менталниот комшија, ментален е, ама не си отишла да ти ја препише куќата, станот и приказната е друга. Од психички нестабилни се бега, не се зема имот. Од јак мафијаш испадна човекот пукал во кафана во 2002 година, тоа дело застарело, затвор не ни лежел. Лани исто пишал идентична порака, да не си играат со него, немал што да изгуби. Куќата дотрајана, на терасата немаше врата, ни прозорци. Какви куќи има, ова е шупа. Убиецот е психо, а и секој што се граба за туѓ имот, исто е психо. Нарушени имотно правни правни односи, јасно е наведен мотивот и олабавете со муабети "на маса ли беше со нив па знаеш". Па и згора, зошто да се проверувало чија е куќата, не било важно веќе. Може да се провери, ако се огрешил некој пред закон, затвор. Ако имаш врски, што сакаш можеш да правиш во државава, па и туѓ имот да присвоиш. Тоа го прават и средна класа луѓе со некоја врска. Невино во случајов е само детето.
Реков дека нема да пишувам, ама ајде. Секоја приказна има две страни и уште една дополнителна т.е вистина како што е. И жените (не сите, секако) не се цвеќе за мирисање кога имаат брат и со кого треба да се поделат. Често играат на картата деца, за да се изнуди нешто повеќе. Во дијагнозите на ликов да не навлегувам, но и те како истите може да му бидат провоцирани уште толку од дополнителна комуникација со сестрата (со која очигледно колку-толку комуницирале). Шупа или не, ако некој кој треба да си лежи во соодветна установа е често изложуван на потсмев/час збориме-час не збориме/укажување на немање потомство..па и те како може да ескалира. Службите башка се проблем, а сето тоа е децениски испреплетено со мито и корупција (па затоа не се сечат лесно од корен). Како стварно било, тие меѓу себе си знаат.
Ја па читам и не можам да се изначудам дека во 21ви век ние сеуште се расправаме за имотни сосотојби. Не зборат, браќа и сестри за имот… ова ви го кажувам од искуство дома. Скарани умреа, во рок од 4месеци, за имот…. Едниот умре од тага мислам, од тага дека за глупост се скарал со брат му. Сега таа глупост е оставена на нас, и ништо не ни вреди кога нив ги нема…
Само кај христијаните има вакви случки, затоа што се препуштени на пороци, злоба, неморал, алчност, неверници се практично. И какво е тоа одење на гости ако некој лани ти се заканил јавно на Фејсбук и сите виделе? Нели е срамота? Нели е лицемерно? Кај христијаните тоа е како најнормално, денеска се пцујат, утре заедно на маса седат. Христијаните нека се угледаат на муслиманите во Чаир, пензионери кој Турчин, кој Албанец, кој Бошњак, чуваат дедо од 107 години кој не им е ништо. Доволно е еднаш да удриш некого оти одиш во катастар, гледаш твојата нива на име на роднината, а таман си мислел да ја огласиш за продажба. Еднаш да удриш некого, после ќе се расправаш со полиција, тужби, судови. Зошто било кој да ти го ремети животот и мирот?
Да, затоа пред некој ден еден деликвент уби татко(воено лице) на некоја ќерка што не сакала да се омажи со овој. Муслимани се.
Аманте за имотот. Секој има право да си бара дел според закон и вреди да си го бара за да има на што да се потпре ако биде избркан од некаде. На улица не се живее. Луѓе со морал, разум, свест и совест и да имаат несогласувања си ги решаваат на суд. Не со оружје. Овде не било до тоа, до немање памет било.
Доста бре, нели ви е срам? Какви имоти, делби, дете е убиено! За спорови постојат судови, глава нека кршат и братот и сестрата, дете е убиено, нема ‘ама’. Не сте нормални!
Без навреда ама глупости се тоа не би да именувам нации и вери ама некој од нив знаат да бидат баш ригорозни и до крвни одмазди стигнуваат..
Вие "не го бранам ама" со денови браните монструм и психопат кој уби невино дете и внук, да си посетите психијатар додека е време и додека не сте наштетиле на некој од околината.
Само за едно ја разбрав Тања... ако ја разбрав добро - таа вика: ако гледаш некој не е нормален, бегај на страна и не се бори со таков за имот. Не си начисто кој е исходот со лудаци, подобро живот отколку стар имот.