Црна хроника

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ицолгудбејбе, 31 март 2017.

  1. DEFNEDEFO

    DEFNEDEFO Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2025
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    712
    Може да зборуваме каков бил и дали имал маани, ама тоа не ја менува суштината никој нема право да одземе живот. Сите имаме слабости, никој не е совршен, ама тоа не значи дека заслужуваме ваков крај. Со вакви коментари само се релативизира убиството и се остава впечаток дека има оправдување за насилство, а тоа е многу погрешна порака. Жртвата можеби имала свои грешки, ама правото на живот е основно и никој не смее да го одземе. Убиството е злосторство и само така треба да се гледа без ‘ама’ и без ‘ако’.
     
    На sparklie, Bella •••, Mięta и 11 други им се допаѓа ова.
  2. mece23

    mece23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2013
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    769
    Пол:
    Женски
    Без разлика кој каков е, со цело свое минато и постапки не заслужува било каков вид на насилство. Не треба да се молчи за ова, институциите воопшто не работат и никој не е заштитен, ни жена, ни маж... полот не е битен, психопати насекаде за жал. И се заканувал, и го запалил автомобилот и ред други работи и ништо не се презело... кој е тој гад бе? "Или моја или мртва" зошто? Кој си ти бе? И ме лути што се напаѓаме, овде гласни а во реалноста тивки. За ова пропаднато општество сите сме криви
     
    На Sofia*, Mumoftwo30, st-el и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Cutiepie1

    Cutiepie1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2018
    Пораки:
    1.521
    Допаѓања:
    4.466
    Пол:
    Машки
    Па, не реков дека требало да биде убиена.
     
  4. DEFNEDEFO

    DEFNEDEFO Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2025
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    712
    Ако бил емотивно уништен, имал опција да си замине, да побара помош, да се тргне, ама не и да убие. Со вакви прашања само ја префрламе вината на убиената, а тоа не е ниту праведно ниту човечки. Живот е одземен, и тоа е најголемото злосторство. Точка.
     
    На Mumoftwo30, azelea, nextredstyle и 5 други им се допаѓа ова.
  5. DEFNEDEFO

    DEFNEDEFO Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2025
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    712
    Разбирам дека не велиш директно дека требало да биде убиена, ама кога се бараат ‘но’ и ‘ако’ во вакви случаи, тоа индиректно изгледа како оправдување. Тука нема простор за услови живот е одземен, и тоа е злосторство кое не смее да се релативизира.
     
    На Mumoftwo30, Mięta, nextredstyle и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Лејди Гага

    Лејди Гага Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2025
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    958
    Пол:
    Женски
    Што сакаш да постигнеш со исказов? Сакаш да кажеш дека она е крива што го избрала него. Аргументов ти е тотално бизарен:|
     
    На Mięta и lorenn им се допаѓа ова.
  7. Cutiepie1

    Cutiepie1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2018
    Пораки:
    1.521
    Допаѓања:
    4.466
    Пол:
    Машки
    Не го оправдувам, НИКАКО него, како може да го оправдувам?

    6 зло дела и има направено, или колку таму.

    Сеа, добро е?
     
  8. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.052
    Допаѓања:
    1.979
    Зборуваме за ментално болен човек. Ако не убиел сега, тоа ќе го сторел за година, две, три, пет.
     
    На Mumoftwo30, Freckles., Anaroz1 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.645
    Допаѓања:
    34.072
    Пол:
    Женски
    На Sofia*, mackica1, Mumoftwo30 и 20 други им се допаѓа ова.
  10. DEFNEDEFO

    DEFNEDEFO Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2025
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    712
    Болдот:
    Колку и да се обидува некој да каже ‘сеа добро е’, лошите дела остануваат лоши. Не станува ‘добро’ само затоа што се покрива со зборови. Треба да се признае и да се носат последиците за постапките, а не да се минува преку нив.
     
    На Mumoftwo30 и Angie1432 им се допаѓа ова.
  11. Cutiepie1

    Cutiepie1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2018
    Пораки:
    1.521
    Допаѓања:
    4.466
    Пол:
    Машки
    Ај уште тебе да ти одговорам и доволно е.

    Паа...нешто во тој смисол + уште нешто, ама не можам сега, џабе е.

    Јас сум следел, и сум отследил без да стапам во контакт..како ќе го сфатиш ова, не знам..ама и не мора се да се знае..и како шо реков, џабе е веќе.

    Како и да е, убаво е на протестот да има и маШки, Јас сум сепак 2ра смена.

    До некое слушање на наредна поубава тема, се надевам...тука веќе не.

    Нека почиваат во мир, таткото и Росица.
     
  12. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.328
    Допаѓања:
    58.469
    Пол:
    Женски
    Кој е гревот на девојкава за да не е "цвеќе за мирисање"? Ваљда што некогаш воопшто била со него. (facepalm)А кој е воопшто? Сите скоро некогаш сме направиле лош избор на партнер поради х причини. Што пак не носи на тоа што го реков дека во вакви ситуации фокусот паѓа на тоа каков избор на мажи имале жените, наместо на тоа дека многу мажи се кретени кои ги гледаат жените како суштества подолу од нив.
    Таа очигледно сфатила колку е саатот чим не била веќе со него, но психото не прифаќал "не" за одговор бидејќи кога на машко его ќе додадеш неизлечено ментално пореметување ова е резултатот.
    Повеќето од вас никогаш нема да сфатите колку жени треба да се плашат за својот живот од поранешни партнери (па и од сегашни). На почетокот можат да се најмили, ѕвезди да ти симнуваат, ама на крај толку да откачат што се сомневаш во сопствената интелигенција како си можела да не забележиш со какво гомно си била.
    Да не ја должам многу, лудо е да се бара воопшто некаква вина во жртвата, и само го продлабочува проблемот воопшто.
     
    На Mumoftwo30, Freckles., sparklie и 10 други им се допаѓа ова.
  13. Hoping

    Hoping Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    507
    Допаѓања:
    1.378
    Пол:
    Женски
    Девојката му раскинала а и да не било така жртвата е жртва и тука нема што да се додава. За жал нејзиниот живот е изгубен и што и да кажеме е залудно.
    Има многу жени што остануваат во бракови/врски поради тоа што немаат каде или не знаат како да се откачат од тој психопат. Тоа е многу тешко. Не знам кој нормален би окривувал жртва.
    Сме имале и случаеви за да се спаси во самоодбрана го убила.
    Кај нас жртвите не се заштитени никако ни од семејството ни од системот.
    Такви психопати има многу. Скоро секоја од нас запознала некој кој бил агресивен или ја навредувал со погрдни зборови.
    Јас запознав еден кој после едно кафе видов дека не ми одговара ниту за муабет а он не можеше да се помири со тоа што му реков извини не можам да излегувам, не сум слободна имам обврски. Од разни броеви ми ѕвонеше, ми праќаше пораки како ке ме тепале повеќемина на сред улица. Хорор. Да кажев на било кој знам дека немаше да имам поддршка. Фала Богу јас се спасив. Еден бивш и шамар ми има удрено. Скоро секоја од нас имала некоја слична или иста случка.
    Мора нешто да се смени во општеството, не може жртвата да е виновна.
     
    На Golden, Miss666, Mumoftwo30 и 8 други им се допаѓа ова.
  14. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.905
    Допаѓања:
    41.510
    Пол:
    Женски
    Е ајде де, која е логиката во тој закон? Уствари и судството и полицијата не постапиле погрешно, проблемот е во коренот - законот, кој не ги штити жените. Таму треба промени, не некои површни казни ко условна казна, забрана за приближување...ко да тоа ќе спречи некој кој се заканува со убиство да го извши делото. Куче што лае не каса, се' додека не те распарчи.
     
    На sparklie, eliesaab, Alm. и 7 други им се допаѓа ова.
  15. rainbowec

    rainbowec Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.175
    Допаѓања:
    8.037
    Пол:
    Женски
    Не бил ментално болен туку тотално свесен за тоа што го прави, не било прв пат да малтретира девојки... тоа години наназад се случувало поради фактот што бил тежок нарцис и его трип.
    Уште тогаш кога се движевме во истите кругови, на ликот му се гледаше колку му се полни егото што е фаца у градот и што сите девојки го посакуваа. И сето тоа се мултиплицирало со текот на времето, башка што почнал премногу да се дрогира а сето тоа има последици. Значи тоа се лични и свесни избори.

    Место да иде на терапија и да работи на себе, место да си признае дека има проблем и да превземе мерки за да се оправи, он избрал насилство и ги тероризирал сите околу него па дури и сопствените мајка и татко.
    Од доверливи луѓе дознав дека и они дома јаделе ќотек и биле малтретирани секојдневно. Не знам зошто па они ќутеле и не реагирале...

    Како и да е, исходот е ужасен и никој не заслужува така да си замине од овој свет, само затоа што некој нарцисоиден манијак со его до плафон не можел да прифати НЕ.
     
    На Mumoftwo30, Alm., 1209 и 4 други им се допаѓа ова.
  16. DEFNEDEFO

    DEFNEDEFO Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2025
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    712
    Сметам дека треба да се повлечеш бидејќи подлабоко се закопуваш. Се што кажуваш е “ради реда”, не дека навистина жалиш. Го оправдуваш неговото злодело индиректно и затоа говорат мислењата твои кои ги оставаш.

    Со самиот коментар “ не била цвеќе за мирисање” предизвика револт кај поединци, и да, отсекогаш сте гледале вие машките да се оправдате за вашите постапки а никогаш да се соочите и да признаете дека сте слабаци. Со таквото “его” во вис си давате за право да зборувате за некој каков бил. Стара школа,зарем не?
     
    На Golden, Freckles., 1209 и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.905
    Допаѓања:
    41.510
    Пол:
    Женски
    Епа не може вака, кога ќе кажеш нешто ќе си стоиш зад тоа. А не ко киша око Крагујевца, па не знам, па треба да сфатиш, па нема врска...ти пиша дека ни жртвата не била цвеќе за мирисање, што само по себе имплицира дека сноси дел од одговорноста. Сега дообјасни се.

    Иначе, факт е дека имал ментална болест, нарцисоидност, социопатија се ментални болести/нарушувања, како сакаш кажи. Користење супстанци исто. Тоа не му ја намалува вината, ама треба да отвори пак разговор за тема што е многу битна. Особено е битно тоа дека околината често им прави enabling на вакви случаи баш поради тоа што не се сфаќаат сериозно вакви однесувања како ментални нарушувања.
     
    На Mumoftwo30, sparklie, eliesaab и 8 други им се допаѓа ова.
  18. mece23

    mece23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2013
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    769
    Пол:
    Женски
    Така де, после јас сум извртила зборови... така разбрав, така изреагирав. Затоа објаснете се убаво
     
    На Amelia. му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Curious cat

    Curious cat Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2023
    Пораки:
    785
    Допаѓања:
    2.727
    Кога ќе убиваат ваши мајки сестри и ќерки ќе цмиздрите јавно на сител за правда, ама додека е туѓо чедо "не е цвеќе за мирисање".
     
    На Miss666, rainbowec, nice-girl и 4 други им се допаѓа ова.
  20. lorenn

    lorenn Активен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2025
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    54
    Мислев дека за друго коментираш,
    не го видов тој коментар со цвеќињата