Црна хроника

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ицолгудбејбе, 31 март 2017.

  1. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.819
    Допаѓања:
    93.573
    Пол:
    Женски
    Нормално дека воспитувањето е виновник, што друго.
    Телефоните и социјалните мрежи се последица.
    Не се дежурен виновник.
    Или полесно е да се обвини телефонот отколку начинот на воспитување.
    Да, џентл парентинг, милион книги за родителство , разни совети за родителствување на инстаграм и тик ток, се директни виновници.
    И порано имало врсничко насилство, но тогаш го правеа деца од дисфункционални или семејства каде постои насилство.
    Денес го прават деца без граници, размазени продукти на џентл родителство.

    Како ќе го решиме сега овој случај е прашањето?!
    Парични казни ништо не помагаат освен пто ке го полнат буџетот.
    Само затвор за малолетници/поправен
    Па кога ќе знаат дека ке завршат таму каде нема да имаат привилегии ко дома, ќе имаат обврски и никој нема да ги тинтра како што биле тинтрани, нема да малтретираат враници.
    Зошто 2 год се многу од слободниот живот кој го имаат.
     
    Последна измена: 2 јули 2026 во 11:24
    На Manako2, SuperGirl24, Lilit и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Tasha masha

    Tasha masha Активен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2025
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    125
    Пол:
    Женски
    Ете изјавија Мвр дека ќе поднесат кривични за насилство и запуштање и малтретирање на малолетно лице. Е сега, кои се казните за тоа ќе видиме.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    7.572
    Допаѓања:
    34.063
    Пол:
    Женски
    Каков е законот кај нас? Од колку години може да му се суди на малолетник?
    Освен парична за родителите, друго не верувам дека ќе има.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.951
    Допаѓања:
    4.068
    Пол:
    Женски
    Не ,не се рамнодушни ,скандираат ,навиваат. Бараат да слушнат.
    Тоа од моето скромно знаење во психологијата е поддршка, тоа е и јас сакам да и шлапнам ама ми е страв ама ете тебе ќе те надупам ќе те снимам.
    Сите овие се вербални и потенцијални физички насилници.
     
    Последна измена: 2 јули 2026 во 11:48
    На mariz и Dalena им се допаѓа ова.
  5. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.352
    Допаѓања:
    38.953
    Пол:
    Женски
    Јас не знам во кое време и во каква средина сте растеле вие што го глорифицирате минатото време, каде што немало насилство? Во розев облак можеби? Јас имам 50 години, па паметам дека и во мое време имаше тепачки, булинг, малтретирање... се што и денес го има. Разликата е во тоа што тогаш немаше социјални мрежи, па не беше олку јавно, како сега.
     
    На M.B., JuLleE, RainbowButterfly и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Poppins

    Poppins Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    2.737
    Допаѓања:
    5.723
    Пол:
    Женски
    дали е од денеска видеото или некое старо е на 24info.mk на инстаграм што објавиа пред малку видео за 14годишното момче избодено и претепано без причина , што се случува со децата како стигнуваат до овој степен , да ти биде страв дете да пуштиш на улица стигна времето.
     
  7. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.951
    Допаѓања:
    4.068
    Пол:
    Женски
  8. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    7.572
    Допаѓања:
    34.063
    Пол:
    Женски
    Децата гледаат и слушаат шо се дешава во државата, шо мислите вие дека не разбираат ништо?
    Знаат дека владата е корумпирана, знаат дека без членска книшка дипломата ништо не ти вреди, знаат дека од работа тука неможеш ништо да напрајш, знаат дека без разлика шо и да напрајш ако имаш добри врски и пари - ќе се извлечеш, знаат дека сите му се клањаат на тој шо има пари без разлика како он дошол до тие пари, знаат за секојдневните убиства и силувања, знаат а и повеќето дома го имаат доживеано семејното насилство на кое никој не реагира. Знаат дека ПОСЛЕДИЦИ нема и дека во нашата држава мора да бидеш багабонт и да ги газиш сите за да поминеш полесно.
    Децата гледаат и учат од возрасните, а возрасните скори сите се такви, многу ретки се поштените луѓе, а баш тие се оние кои се газени и најскапо го плаќаат животов.

    Ќе кажев дека треба да се смени таквиот менталитет од корен ама тоа нема да се деси, и за жал се повеќе такви монструми ќе се раѓаат и ќе стануваат со текот на животот.
     
    На M&M, Nausicaa, Dalena и 2 други им се допаѓа ова.
  9. eliesaab

    eliesaab Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    5.255
    Допаѓања:
    17.928
    Пол:
    Женски
    Ако државата ни е таква каква што е - тоа пак не треба да е оправдување. Децата се огледало на родителите, кој што сака нека каже.

    Насилството не треба да се нормализира, ама вакви ко Дарја и те како заслужуваат да се превоспитат на пола ден од страна на родителите на малтретираното девојче.
     
  10. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    18.537
    Допаѓања:
    138.463
    Пол:
    Женски
    Сигурно имале врски штом се извлекле.
    Не може да не знаеле.
    Овде во Скопје се дознава кој што прави, та за во помалите градови не верувам дека не е можно
     
  11. pinklipstick

    pinklipstick Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2025
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    868
    Пол:
    Женски
    Битно фенси име и дале и тука им завршува родителската грижа.
     
    На Bitter-Sweet и RainbowButterfly им се допаѓа ова.
  12. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.819
    Допаѓања:
    93.573
    Пол:
    Женски
    Чекај сакаш да кажеш, дека во основно школо имало?
    Се било исто?
    Не , не е.
    И не се работи за некакво идеализирање и облаци.
    Во мое опкружување немало, а бевме 40 деца во клас.
    9 год основно ниту еден ваков настан, во маалото каде растев 30 деца бевме , ниту еден ваков настан.
    Тепачки групни меѓу машки да, но кратко траеле ќе ги разбркал некој ама булинг и тепање од оваа врста, не.
    Особено меѓу девојчиња, не.
     
  13. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    7.572
    Допаѓања:
    34.063
    Пол:
    Женски
    Никој не го оправдува, туку викам дека не е само до родителите туку и до средината во која растат тие деца. И децата се адаптираат на средината како и возрасните.
     
  14. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.316
    Допаѓања:
    168.651
    Па даа, ова е резултат на џентл перентингот зошто разбирањето е дека треба да се почитуваат границите на малиот Ајнштајнт до степен да има прво да натепа некого ако му згреши, у случајов "серела за Дарја наоколу". Ама туѓите граници? Нема тоа.
    Искочи и слика фамилијарна од девојчето тепач, се видоа и родителите, абе како по каталог се, но далеку изгледаат од дисфункционални во таа насока и мера, но токму дисфункционални во насока на мама, да не им се даваш!
    Комотно можат у ријалити шоу да се пријават.

    Не знам за шо зборите, имаше булинг и тепачки, ама секогаш имаше некој да ги раздели. Обично до оваа мера одеа само деца од сериозно распаднати семејства што се гледаше во секоја смисла - кецаши, повтарачи, наркоманчиња во зародиш и од одредени националности.
    Машките што урлаа на видеото, да не сум груба, ама да сум родител пред се татко, ќе се запрашам какво пичле одгледувам. Дебилчиња одвратни. Особено тоа дибечето шо сакаше да слуша како ќе пука, на тој посебно би се посветила. Латентно педерче у развој.
     
    Последна измена: 2 јули 2026 во 12:50
    На christinnn, SuperGirl24, fbaby и 3 други им се допаѓа ова.
  15. eliesaab

    eliesaab Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    5.255
    Допаѓања:
    17.928
    Пол:
    Женски
    Средината не може да дефинира било кој, сѐ додека како единка се размислува критички. И тие деца не се вечно деца, еднаш мора да пораснат и сносат одговорност.
     
  16. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    7.572
    Допаѓања:
    34.063
    Пол:
    Женски
    Како и возрасните шо сносија одговорност? Одговорност и последици нема а и тие шо ги има се минимални.
    Децата не гледаат само од родителите, гледаат од сите околу нив. А околу нив секој ден има убиства, силувања, мито, домашно насилство, и никој за ништо не одговара.
    Пак да кажам, не го оправдувам ова, немојте да ме разберете погрешно, ама не се чудам шо се повеќе такви деца никнуваат баш заради тие причини.
    Додека не почнат салам да казнуваат насилници, ова ќе си биде секојдневие.
     
    На Трагедијаупмм, eliesaab и BlackNight им се допаѓа ова.
  17. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    10.736
    Пол:
    Машки
    Тажно е шо денеска децава мислат дека насилството е играчка и мислат ќе испаднат важни пред другите демек "јаки се". А и овие шо снимаат и стојат и се смејат наместо да помогнат и спречат, исто треба да си понесат одговорност. Не смее да помини туку така ова и за некој ден да се заборави ко ништо да не било, зошто овие работи се почесто се случуваат и не дај боже утре ваше дете или наше коа ќе иаме деца, може да биде жртва и да му останат трајни последици врз понатамошниот живот.

    Ужас, катастрофа. Институцииве а и родителиве посебно да си поработат за домашното воспитување и куктурата на принцовите и принцезите нивни, од дома потекнувa се :)
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    7.572
    Допаѓања:
    34.063
    Пол:
    Женски
    14г момче избодено со нож и претепано во Ченто.....

    Колку такви приказни чувме во последниов период? А дали имате чуено некој да одговара за ова?
     
  19. Hoping

    Hoping Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    1.726
    Пол:
    Женски
    Тоа е запуштање на дете.
    Одите од крајност во крајност. Мешате поими.
    Поставување и јасни граници не се исто со и запуштање.
     
  20. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    7.572
    Допаѓања:
    34.063
    Пол:
    Женски
    ⚡#Скопје1 • Адвокатката Маја Ристова повторно реагираше за случајот со врсничкото насилство во Штип, откако добила решение од Вишото јавно обвинителство во Штип со кое се потврдува одлуката на Основното јавно обвинителство дека нема основ за кривична одговорност на родителите на малолетниците кои учествувале во нападите врз 12-годишно девојче.

    Според Ристова, во решението се наведува дека родителите не можат да одговараат за кривичното дело „Запуштање и малтретирање на дете“, бидејќи не биле свесни за постапките на своите деца.

    „Еве да видите дека не зборувам на памет кога пишувам дека државата нема да мрдне со мал прст за врсничките насилства, додека не ни се случи Рибникар. Само што примив Решение од Вишото јавно обвинителство во Штип во кое се вели дека Основното јавно обвинителство правилно утврдило дека родителите на децата што крвнички тепаа друго дете не се одговорни, затоа што не биле свесни за дејствијата што ги преземале нивните деца“, напиша Ристова.

    Таа остро ја критикува ваквата одлука, посочувајќи дека насилството траело три месеци и опфаќало физичко и психичко малтретирање, а според образложението на обвинителството тоа не било доволно за да се утврди континуирано и сериозно занемарување од страна на родителите.

    Дополнително, Ристова реагира и на делот од решението во кој, како што наведува, стои дека „фактот што детето самостојно преземало противправно дејствие не може да се квалификува како запуштање или малтретирање“.

    „Каква порака се испраќа со ова? Ако овде нема одговорност, каде имаше и признанија и видеоснимки, што со останатите случаи на врсничко насилство?“, прашува адвокатката.

    Случајот со врсничкото насилство во Штип ја вознемири јавноста откако беа објавени снимки на кои се гледа како 12-годишно девојче е физички и психички малтретирано од група врсници. Против малолетниците што учествувале во нападите и го снимале насилството веќе се води постапка, додека барањето за кривична одговорност на нивните родители останува отфрлено и по одлуката на Вишото јавно обвинителство.