Црна хроника

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ицолгудбејбе, 31 март 2017.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    10.257
    Допаѓања:
    15.110
    А и паметно е да се избегнува Улцињ, има и други места за одмор во Црна Гора, убави се и нема да се расправаш со силеџии. Што да се очекува од Улцињ, таму закачуваа албански знамиња незаконски и кога ги казнија, се заканија ќе ставале постојано и постојано ќе си плаќале казни.
     
    На eliesaab, V/B/D 2020, Adidas888 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    14.409
    Допаѓања:
    84.826
    Пол:
    Женски
    Кучето нејзино се гледа на видеото, на улица е нападнато, пред апартманот веројатно.

    Треба да одговара газдата дефинитивно ама никој не пишува за него ништо.
     
    На An-na и @crnaovca им се допаѓа ова.
  3. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.845
    Допаѓања:
    63.559
    Пол:
    Женски
    Не можиме да се лутиме на куче кое нема свест и се води по инстинкти. Да убиеш куче онака како таа што направи е налудничаво, да не употребам потежок збор, бидејќи човекот треба да е тој што има свест и можи да размисли. Да, во моментот да видам каде што големо куче ми дави мое милениче, и јас ќе се фрлам во одбрана како знам и нема да ми е гајле дали ќе го убијам.. но на видеото видов дека нејзиното куче веќе лежеше мртво, а таа после тоа се качила в кола да го гази другово.

    Газдата на шарпланинецот е виновен најмногу тука. Што бара големо недресирано куче од опасна раса така слободно да се шета? Но женава наместо да го прави тоа што го правела, во најдобар случај ќе почекала, бидејќи после ваков напад опасното куче мора да е успиено и треба да ѝ се плати оштета. Не дека ја судам 100%, и афектот има улога, но кога штетата веќе е направена зошто би си ги валкала и своите раце?
     
    На Witchy-style, nextredstyle, CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.520
    Допаѓања:
    280.285
    Не знам што точно се случувало и знам дека мене куче да ме нападне или мачкиве и кучево сега, и јас ќе се бранам со сите средства. Не куче, човек ќе утепам ако сме загрозени веројатно, самоодбрана е нешто што ваљда се подразбира.
    Ама на видеово шарпланинецот веќе не претставува опасност, затоа не е одбрана, одмазда е.
    И да е човек самоодбраната завршува во оној момент кога напаѓачот веќе не е опасност.

    Пак ќе кажам, верувам дека е афект, но нема изговор, начинот е далеку претеран за да претставува некаква самоодбрана.
     
    На christinnn, senza.parole, Misskirova и 4 други им се допаѓа ова.
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.520
    Допаѓања:
    280.285
    Луѓето кога повеќе би се воделе према "што можам", а не "што сакам" светов генерално би бил подобар.
    Јас лично сакам бернардинец, ама живеам во станче во сред Скопје, а не сум ни нешто по природа шетање, затоа купив малтезер. Пошто моето сакање бернардинец не е доволно за чување, едноставно не сум способна, немам услови и тоа е тоа.

    Земаат кучиња што се РАБОТНИ кучиња и очекуваат лап догс, елементарна неписменост е тоа и инаку директна причина зошто на крај завршуваат истиве на улица, затоа што кученцето станува куче од 50-80кг и не мора да е агресивно, туку пошто не му се пружа ментална и физичка стимулација, станува деструктивно.

    Работно куче мора да има работа, затоа се селективно размножувани, ако не му дадеш работа само ќе си најде. И низ населба кај моите огромни кучиња сами се "шетаат" - не се улични, миленици се, само ги мрзи да ги шетаат па ај нека се прошета само :fubar:
     
    На senza.parole и Munchmallow20 им се допаѓа ова.
  6. Mari7

    Mari7 Активен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2025
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    311
    Не знам дали сите го изгледавте видеото со звук,но криците што ги слушнав од тоа животно ќе ме прогонуваат уште долго.;(Тоа беа последните крици за живот.На снимката не се гледа ситуација во која нечиј живот е непосредно загрозен или некаква самоодбрана туку гледаме сурово,безмилосно газење на животно кое веќе лежи и ги испушта последните знаци на живот.
    Ако се водиме според нивната верзија дека се било во самоодбрана затоа што кучето влегло во нивниот апартман,тогаш како доаѓаме до ситуација во која нивното куче лежи мртво на улица, а другото е на неколку метри од него? И уште поважно како се оправдува фактот дека типката неколкупати поминува преку веќе беспомошното животно и повторно го гази?Дури и да прифатиме дека првиот момент бил резултат на афект страв или паника,се што следува потоа веќе не личи на самоодбрана и афект.Да удриш еднаш и да се оддалечиш е едно,НО намерно неколкупати да поминуваш преку животно кое веќе лежи беспомошно е нешто сосема друго.Тоа не е постапка што би ја направил човек со здраво расудување.Да ги слушаш тие крици и да гледаш дека животното умира,а сепак свесно повторно и повторно да поминуваш преку него,за мене покажува нешто многу подлабоко од моментален афект.Афектот е краткотрајна импулсивна реакција. Но кога некој продолжува со насилството и покрај очигледното страдање на животното,тогаш веќе се поставува прашањето дали постои сериозен недостаток на емпатија и елементи на садистичко однесување.
    Прочитав негде по фб и мислење од психијатар кој оценува дека ваквото однесување покажува сериозни психопатолошки елементи и дека заслужува темелна стручна проценка.Не можам да тврдам дали тоа е така,бидејќи тоа е работа на стручни лица,но и мене ми делува дека овде има нешто многу подлабоко од обична нервоза или моментален афект,типката очигледно сакала брутална одмазда.Ниту една самоодбрана не бара да продолжиш да газиш живо суштество кое веќе не претставува никаква опасност.Во тој момент тоа веќе не е одбрана, туку свесно продолжување на насилството.
    Постојано се споменуваат нејзините малолетни деца дека нив ги штитела но јас се прашувам каков пример им остава на нејзините деца со вакви постапки?Ако ова навистина било реакција во афект,дали тоа треба да биде оправдување и за секоја идна насилна реакција?
    Не знаеме дали децата биле со неа во кола или гледале ид страна дури мајка им сурово го убива кучето. Доволна траума им било и тоа што гледале како кучето им го убива друго куче но и ова другото е траума сама по себе.Прво куче убива куче а потоа мајка им убива куче.Да гледаш како твојот родител повеќепати гази беспомошно животно па каков пример им дава на децата,дека ако се во афект насилството е оправдана постапка,денес куче утре може да биде дете,човек ако се водиме по состојба на афект.
    Исто така,не ми е јасно зошто постојано се потенцира дека станува збор за самохрана мајка,како тоа само по себе да треба да предизвика поголемо сожалување.Тоа е нејзина лична животна околност и не сметам дека има врска со тоа што се гледа на видеото.Не би навлегувала во нејзиниот приватен живот,ниту мислам дека тоа е суштината на случајот.Во овој случај треба да се зборува за самото дело,а не за личните околности на сторителот.
    Единственото што нас луѓето не разликува од животните е разумот.Животните постапуваат по инстинкт а луѓето имаат способност да размислуваат и да ги контролираат своите постапки.Ако кучето навистина нападнало,треба да се утврди зошто дошло до тоа.Дали нивното куче било врзано или пуштено?Дали навистина другото куче влегло на нивната територија? Како се грижеле за своето животно?Имам многу прашања на кои се уште нема јасен одговор.
    Целиот случај е сложен и има многу неразјаснети околности,па не треба да се носат заклучоци само врз основа на претпоставки.Но едно е неспорно,снимката покажува повеќекратно газење на веќе беспомошно животно.За мене тоа не е самоодбрана или афект.Самоодбраната постои додека трае нападот.Кога опасноста ќе престане секое понатамошно насилство престанува да биде одбрана и почнува да личи на сурова одмазда.Има милион други начини да се решело ова на цивилизиран начин затоа што ако се водиме по одмазда од типот око за око заб за заб не би живееле во цивилизирано општество и пола од народот ќе го немаше.
     
    На Cherry333, Witchy-style, Miss666 и 9 други им се допаѓа ова.
  7. Morena 20

    Morena 20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2015
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    61
    Пол:
    Женски
    Како голем љубител на животните длабоко сум потресена и згрозена од видеото.Она што го видов е невидено сурово,насилно и нечовечко прегазување на живо битие.

    Искрено ми е жал за тоа што го преживеале нејзините деца и за нивното куче,но апсолутно ништо на светот не може да ја оправда оваа монструозна постапка,а уште помалку да се продаваат приказни за некаква “афектна состојба”.Дотичната била и те како свесна за тоа што го прави и за сите последици што следуваат,зошто инаку брзала кон граница да побегне.Место да се потруди да му помогне на нејзинито куче кое колку што прочитав по соц.мрежи мештани го носеле на ветеринар и таму починало,таа одлучила да глуми бахата и силна женска која ја зема правдата во свои раце.Сакала таа крвничка одмазда за да веднаш потоа да се упати кон граница со цел да избегне последици од своите постапки,значи знаела добро што прави.
    Еве има сеа шанса овие 30 дена у притвор да размисли за своите монструозни постапки и искрено се надевам дека ќе добие максимално висока казна за ова свирепо убиство.

    И според мене самохраната мамичка во ситуацијава не е никаков херој што заштитува, туку обичен насилник кој падна подолу и од инстинктите на животните.
     
    Последна измена: 28 јули 2026 во 01:32
    На Mari7, Miss666, CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Bratot

    Bratot Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    5.675
    Допаѓања:
    19.123
    Пол:
    Машки
  9. Dekoo

    Dekoo Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2020
    Пораки:
    789
    Допаѓања:
    1.509
    Таман си е. Тоа што ние не сме држава и дур не ни се случи нешто на нас, изиграваме изнад ситуације е друга работа.

    Згазила куче намерно, според законот на таа држава, кривично се одговара.

    Ви текнува на Идриз кучето?
     
    На Miss666 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.386
    Допаѓања:
    39.082
    Пол:
    Женски
    Да беше Црна Гора држава без корупции, може и ќе ти држеше вода муабетов :^) :lol: вака, само на лов на вештерки ми личи ова. Ако се тера правдина, тогаш и двајцата треба да одговараат, ама никаде не прочитав дека сопственикот на шарпланинецот ќе го гонат?!
     
    На H.VAGA, BlackNight и Adidas888 им се допаѓа ова.
  11. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    7.641
    Допаѓања:
    34.645
    Пол:
    Женски
    Па сигурно нема да го гонат, како да докажат дека е негово? Албанец бил газдата, кучето сигурно нема никакви документи пошо голем дел од нив ги чуваат само за борби. Може да каже дека прв пат го гледа тоа куче, другарите ќе го потврдат истото....

    И да не го згазеше жената, истово ќе беше. Само шо додека дојдеше полицијата, они ќе го скриеја кучето.
    Правда нема на Балканот.
     
    На mira.mira му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Dekoo

    Dekoo Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2020
    Пораки:
    789
    Допаѓања:
    1.509
    Не е лов на вештерки, ептен се наду работата во јавност, закон има:

    Кривичен законик на Црна Гора (Член 309 - „Убивање и мучење животни и разарање на нивното живеалиште“):

    Став 1: Секое лице кое кршејќи ги прописите ќе убие, повреди или мачи животно, се соочува со парична казна или казна затвор (во зависност од тежината и измените во законот, казните одат до една или две години затвор).

    Став 2: За убивање или повредување на животни кои припаѓаат на посебно заштитени животински видови, пропишани се поригорозни казна затвор од шест месеци до пет години.


    Мислам, и ја сум кучкар и куче имав 20 години ама не знам што пробувате да браните тука.

    Да, шар планинец нема што да бара надвор од планина/шума и уште помалце во туристичко место, ама тоа што Г-ѓа Сашка го направила, си сноси последици.

    А тоа дека тие шипците се некои/нешто или имаат некој да ги покрие, е стара вест на балканов, од наш двор си знаеме.

    Едит: Не прочитав ни јас, ама од друга страна не видов и на камера да е снимен ни сопственикот а ни шарпланинецот како прават *беља* т.д ... пак ќе кажам, за жал, закон е...
     
    На Miss666 и Mari7 им се допаѓа ова.
  13. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.386
    Допаѓања:
    39.082
    Пол:
    Женски
    Ептен се потпирате на снимките. Газдата на шарпланинецот ги снимал колку што знам, што е прикажано, а што скриено, не знаеме.
    Не правдам јас никој, туку сакам еднаков третман, оти нели во Црна Гора се почитуваат законите!?
    Не знам како можете еднострано да гледате на работиве. Излегува дека само животот на шарпланинецот е важен, а малтезерчето? Децата кои биле нападнати?
     
  14. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.386
    Допаѓања:
    39.082
    Пол:
    Женски
    Немој така 8) Во правна држава како Црна Гора, каде се почитуваат законите, гарант нема нечипирано куче |(
     
    На Adidas888 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Mari7

    Mari7 Активен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2025
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    311
    Колку што прочитав по портали газдата е тој кој пријавува во полиција,чим пријавува валјда е свесен дека и тој ќе сноси некои последици.Но прашањето е овде дали баш шарпланинецот влегол кај нив у апартман или нивното куче било без подводник и отишло на негова територија.Они у нивна одбрана можат што сакат да кажат што не значи дека е Апсолутна Вистина.Сите носат заклучочи на рекла казала муабети,уште нигде нема официјално инфо што претходело на грозоморното убиство.Но што и да е госпожата треба да е свесна и за последиците.Напраила кривично дело у туѓа држава и згора на тоа тргнала да бега.Притвор е и повеќе од потребен у ситуацијава,а се надевам и казната ќе биде во склоп на кривичното дело.
     
    На TwistedSister му/ѝ се допаѓа ова.
  16. TwistedSister

    TwistedSister Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2026
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    745
    Значи она е у кола со децата, не може да е во опасност у моментот кога го гази.
    А малтезерчето исто веќе е мртво. Не е самоодбрана според видеото.
     
    На Miss666 и Mari7 им се допаѓа ова.
  17. Morena 20

    Morena 20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2015
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    61
    Пол:
    Женски
    Не било уште мртво нејзиното кутре,мештани го однеле на ветеринар и таму починало.Значи имало уште шанси да му помогне на нејзиното куче ама таа решила крвнички да се одмаздува на животно кое се води по инстинтк,влегла во кола и знаела дека неможе да пушти отпор кутрото животно па преминува по него да го дотолчува.Да и било толку гајле за нејзиното куче ќе гледала на секој начин да го спаси а не да го остаи у прашината на пат и да се впушти во одмазда.
    Што ќе беше да и го згазеше човек кучето дали и тогаш ќе постапуваше во афект или ќе и проработеше свеста оти може да одговара.Овде мислела нема да има казна па гази крвнички животно кое веќе не претставувало никаква опасност и се пушта во бегство.
     
    На Mari7, Miss666 и TwistedSister им се допаѓа ова.
  18. Dekoo

    Dekoo Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2020
    Пораки:
    789
    Допаѓања:
    1.509
    Епа ај ако не да искочиме на улица и да почнеме да се убиваме пошто сме од Балкан и знаеме дека државите ни се корумпирани до срж?

    Пак ќе ти кажам, си има ЗАКОН, госпоѓата свесно или несвесно го прекршила тој закон + пробала да бега (што е уште полошо)

    Вака како кажуваш, утре некој детето да и го истепа, ќе го убие и него и пак ќе ја браните лол.

    И не, не споредуем луѓе со кучиња.
     
    На Mari7, Miss666 и Morena 20 им се допаѓа ова.
  19. Morena 20

    Morena 20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2015
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    61
    Пол:
    Женски
    Па како што прочитав и нејзиното куче немало пасош.И како мислиш ќе беше исто и да не го згазеше?Сигурно немаше сеа да биде у притвор а ако афектот го искористила да му помогне на нејзиното куче може и тоа ќе преживееше.Можела одма да го носи на ветеринар,можела да оди и да пријави во полиција и да добие оштета од газдата,ама таа решила да се одмаздува крвнички.Епа нека си седи сеа во притвор дур си ја чека казната и нека се преиспита за нејзините “афектни дејствија”
     
    На Miss666 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    7.641
    Допаѓања:
    34.645
    Пол:
    Женски
    Како можело нејзиното куче да нема пасош кога од Мк до Црна Гора го однела. Информациите не ти се точни.