Многу е лошо што во самиот старт на насилството многу медиуми испаднаа со став дека Никола се повредил кога паднал со главата на тротоарот. Дали е тоа вистина или не незнаеме треба самата обдукција да каже. Замисли сега како сите албански медиуми ќе реагираат кога ОЈО би излегло со обвинение дека е удрен со метална шипка во главата?? Па после ете ти пак причина за протест од нивна страна дека секогаш погрешно се осудуваат албанците од фиромските судови и остало...
Повеќе ги знаеш тие работи од мене затоа и ме интересираше што ќе кажеш. Мене ми личи на убиство со умисла. Значи детево стои на автобуска, му доаѓаат тројца со мерцедес, у рок од 10 мин го претепуваат и бегаат. Нели насилство е ако пример стојат на буска сите се закараат и се затепаат. Нели ова повеќе личи на другово?
Ако беше насилство тогаш овие што го тепаа Сељак исто требаше за насилство да одговараат?!?! Или не се исти законите за сите??
Која тортура, не даваат да здивнеш, една лоша вест по друга. Несреќни случаи, убиства, политика, тепачки, деца гинат ко од шала, прегазени, удавени, претепани...се ова на 2 милиони народ. Да ти се плукнам во државата.
Еве го членот според кој е кавлификуван Затоа мора да се знаат сите факти. Кога и каде се случил настанот, умислата, последицата и поради што настапила. Не можам ништо да тврдам оти не ги знам работите кои ги наведов.
Ова не е дупка, ова е БУНАР во законот. Каква врска има натпревар и навивач. Не е тепачка меѓу навивачки групи. Ова е тројца на еден тепање надвор од трибина, надвор од било што. Не знам дали воопшто и биле на натпревар, додуше во тој момент кога се случуваше ова јас бев од карши и ништо не видов освен брзата помош кога дојде. Се се случи експресно брзо.
Значи...делото апсолутно нема врска со спорт и спортско навивање, бидејќи сите спортски Лиги се завршени уште пред два месеца. Ниту имало спотрски натпревар ниту има врска со спорт. А има врска со меѓу-национална омраза
Мене ми личи дека е со умисла направено. Инаку зошто од нигде никаде се појавуваат и го претрпуваат, а притоа е и сам. Што тие така си се возеле по улица и им текнало ај бе ќе тепаме некој прв што ќе ни дојде. Башка ш никогаш сам не напаѓа не оди да се тепа секогаш одат во чопор.
Затоа и членувањето во навивачката група нема врска со ова дејство , Но медиумите сакаат да го наметнат за намалување на казната. Надвор од стадион или сала тој е полнолетно лице и ништо повеќе од тоа!
https://www.facebook.com/1127436860634822/posts/2150196625025502/ Се чекаат резултати од обдукција за можна преквалификација. Нема да остане вака мислам. Плус сторителите се во притвор. Да се надеваме на фер разврска на случајот.
Јебем ти разврска ако му се деси на мое дете....извини на речник не е кон тебе насочено! и да ги наденат на колец џабе ми е после....
Тие што го претепале ( убиле) Никола се луѓе на Артан Груби така да... Да се надеваме дека барем обвинителот и судијата ќе бидат некорумпирани.
ху д ф.к ис артан? пред месец дена едни хаџи не знам кои така нападнаа две жени у маало па детето кое проба да им помогне изеде ќотек на истава автобуска. среќа татко му џандар се погоди па џабе му е на тој..
Значи што? Максимална казна 5 год. ќе ги осудат на три години, и ќе ги пуштат по една година заради „добро поведение“? Луѓе пиеме ли ние нафта или што? Ова ќе ги охрабри сите дека можат буквално да се извлечат со убиство, по закон, по све. Топовско месо ќе биде мал збор за нас, Македонците.
и ќе се собереме 200 "националисти, небањати за сендвичи"....пред собрание Само Господ нека им дава сила и нека им најде ако може утеха на родителите на детето. Што и да се случи друго ќе биде за идни генерации, нивното дете никогаш нема никој да го врати назад! Неможам веќе за пишувам, премногу е болна темава. Јас сум татко на две деца кои во многу скоро време ќе ги имаат тие години. Помислата на такво нешто ме убива не па навистина да се случи некој детето да ми го повреди! Нека не чува Господ!