Девојкиии, слабо темава. Ја гледате ли серијава? Многу добра беше последната епизода, па и претходната. Не знаете само колку ми е криво што е укината. Колку само има простор за одвивање цела приказна, со 3-4 сезони. Штета.
Eма до каде гледаше? НА торент ја нема 12тата, јас до 11 сум гледала, толку има на нет. 13тата излега за 3-4 дена. Што да се коменетира, кога нема смисла ни сезоната да ја завршеа барем. А не ХИМЈМ ќе гледаме 20 сезони Американциве некогаш се стварно tasteless.
Почекав да искочат 10-та и 11-та да ги гледам наеднаш. Сега чекам 12-та и после уште 13-тата. Интересно ми е за моќта на Гевин што ја има додека е во Дрејк. И како ги фаќа сите, нема нешто што ќе му избега од раце. Тука мислам дека околу него може да се води добра приказна, па и за овој што дојде од минатото. Многу добар сплет може да се направи. Улогата на Џејн, не само за да ја "спаси" таа бебиситерката, туку има нешто повеќе. И за Алексис се дозна дека била прегазена, па нели останала инвалид, во случајот Гевин и помага. Многу интересно. И баш ме интересира каде ќерка им на Оливија и Гевин замина, поточно зошто мораше да се спушти во скалите од мозаикот? И така, ќе скратат добра серија во замена за 10 други клише серии.
После година дена ми текна да ги изгледам последните две од серијава и можам да кажам дека е навистина штета што ја прекинаа. Малку додуша направија шпанска серија со тоа мајка, татко не се знае кој на кого е, али можеа многу добро да ја исфилуваат понатака. Додуша не знам колку Гевин ја кажуваше виситната, може да беше една голема лага за да ја придобие на своја страна, но ни останува само да нагаѓаме. Штета, голема штета. Остана буквално недоскажана, на најинтересно ја прекинаа, не се откри ништо како што треба до крајот, од се ни начнаа по нешто, фрлија една коска и прекинаа. Џејн ми се допадна ептен со кратка коса, многу моќно и секси изгледаше.
Зашто ја прекинаа? Вајда заради лоши рејтинзи, недоволна гледаност, обично заради тоа ги прекинуваат.