Форумџика на годината 2021
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

666 Park Avenue

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од wolf4e, 12 октомври 2012.

  1. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    424
    Девојкиии, слабо темава. Ја гледате ли серијава? Многу добра беше последната епизода, па и претходната.
    Не знаете само колку ми е криво што е укината. Колку само има простор за одвивање цела приказна, со 3-4 сезони. Штета. :(
     
  2. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.775
    Допаѓања:
    22.402
    Пол:
    Женски
    Eма до каде гледаше?
    НА торент ја нема 12тата, јас до 11 сум гледала, толку има на нет.
    13тата излега за 3-4 дена.
    Што да се коменетира, кога нема смисла ни сезоната да ја завршеа барем.
    А не ХИМЈМ ќе гледаме 20 сезони |(
    Американциве некогаш се стварно tasteless.
     
  3. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    424
    Почекав да искочат 10-та и 11-та да ги гледам наеднаш. Сега чекам 12-та и после уште 13-тата.

    Интересно ми е за моќта на Гевин што ја има додека е во Дрејк. И како ги фаќа сите, нема нешто што ќе му избега од раце. Тука мислам дека околу него може да се води добра приказна, па и за овој што дојде од минатото. Многу добар сплет може да се направи. Улогата на Џејн, не само за да ја "спаси" таа бебиситерката, туку има нешто повеќе. И за Алексис се дозна дека била прегазена, па нели останала инвалид, во случајот Гевин и помага. Многу интересно. И баш ме интересира каде ќерка им на Оливија и Гевин замина, поточно зошто мораше да се спушти во скалите од мозаикот?
    И така, ќе скратат добра серија во замена за 10 други клише серии.
     
  4. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.775
    Допаѓања:
    22.402
    Пол:
    Женски
    После година дена ми текна да ги изгледам последните две од серијава и можам да кажам дека е навистина штета што ја прекинаа.
    Малку додуша направија шпанска серија со тоа мајка, татко не се знае кој на кого е, али можеа многу добро да ја исфилуваат понатака. Додуша не знам колку Гевин ја кажуваше виситната, може да беше една голема лага за да ја придобие на своја страна, но ни останува само да нагаѓаме.
    Штета, голема штета.

    Остана буквално недоскажана, на најинтересно ја прекинаа, не се откри ништо како што треба до крајот, од се ни начнаа по нешто, фрлија една коска и прекинаа.
    Џејн ми се допадна ептен со кратка коса, многу моќно и секси изгледаше.
     
  5. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    991
    Допаѓања:
    755
    Пол:
    Женски
    A so se sluci so ja prekinaja znaj nekoj???
     
  6. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.775
    Допаѓања:
    22.402
    Пол:
    Женски
    Зашто ја прекинаа?
    Вајда заради лоши рејтинзи, недоволна гледаност, обично заради тоа ги прекинуваат.