Производот изнесува 25 долари не е баш ситно затоа и прашувам дали да ја откажам нарачката,за да не ми пропаднат парите.
Има некој искуство со палта,џакетчина... Како оди големината како кај нас ? Оти имам слушнато дека ако порачаш L ќе ти стаса мало колку S
Наусице порачката воопшто не е пратена, не може да отвори диспјут. Мама, откажи ја нарачката ако не ти се чека, селерот ако решил да ја прати ќе ти ја прати, бидејќи и тој треба да потврди за откажување. А ако не сака да ја прати, веднаш ќе го прифати откажувањето. Парите секако ќе ти бидат вратени.
Јас имам порачувано палто (летно). За големината треба да се внимава или ќе си се измериш или еден бр поголем , јас според мерките секогаш еден бр поголем од мојот порачувам и никогаш не сум згрешила ако носиш М ќе порачаш L или XL ако носиш С ќепорачаш М и така
Зависи за кои и за какви палтенца. Јас обично сè што порачувам го земам бројче поголемо. Меѓутоа, конкретно за овие палта, имам читано и во темата за Онлајн критики - дека се исти со стандардните броеви, што го споредив и со тоа што го имам нарачано. На пр.должината на палтото со големина М е 65цм, а толку е и на стандардното М што јас го купувам, според дадените мерки токму тука. Дури и прочитав дека стигале со етикета од Зара, ама не сум сигурна, јас немам порачано, а баш заради големината и се мислам толку време. Од овој модел има и поевтина варијанта, меѓутоа мерките немаат никаква врска со овие, тотално се различни, па се мислам дали да ризикувам да платам 5 долари повеќе за точно бројче или поевтино, а да ризикувам за бројката. http://www.aliexpress.com/item/2013-Za- ... 11183.html - поскапата варијанта http://www.aliexpress.com/item/Fashion- ... 01287.html - поевтината варијанта
Значи имам порачано нешто пред околу 30 дена и сеуште неможам да го следам. Му пишувам на селерот но не ми одговара на пораките. Пишува дека тоа Purchase Protection ќе истече уште 13 дена. Што да правам?
Јас на твое место би почекала да поминат тие 13 дена и тогаш би отворила диспјут (причина за диспјутот - не ми стигна порачката). Меѓутоа, штом не можеш да ја следиш порачката месец дена а селерот не одговара на пораки, веројатно не ти ја има ни испратено и ако уште денес му отвориш диспјут, сигурно ќе се согласи да ти ги врати парите.
А ако отворам диспјут кај селерот стига некоја порака ? Треба ли тој да го прифати диспјутот или.. како одат тие работи?
И уште нешто да прашам. Имам картичка Маестро од ХалкБанка, преку неа порачувам од Али. Може ли на интернет да проверам состојба на сметката?
Имам порачувано кожни палта, капутче, исто и од тие кратките палтенца за на зима бундичките и сите сум ги порачувала еден број поголем од тоа што носам, и ми се таман. Но сепак ќе си ги гледаш и мерките во табелата за да се ориентираш и според нив. Ама да знаеш капутчињата се многу танки. Лани го зедов и си ми остана зимата не облечено, ич не топли :/ Иначе sanja.burgundy имам и од тие сакоа две нарачано од овде http://www.aliexpress.com/snapshot/6129038637.html пишував и во онлајн искуства темата. Ама сега гледам дека ги нема повеќе, а баш беа евтини тука но можеш да ја видиш табелата, е тие мерки се исти со стандардните броеви, па да си ги споредиш со мерките кај другите селери ако порачуваш од овие палтенца Јас ги нарачав исто со бројчето што си го носам, а НЕ број поголемо. Иначе точно е тоа дека стигаат со етикета на Зара
Јас имам порачано од поефтината варијанта но од друг селер, тој првично ми даде тракинг па се воспостави дека не е точен тој број и ми се изгуби нарачката, ми испрати второ сако по брза пратка на негов трошок и сакото ми стигна за една недела, инаку броевите се приближно како нашите јас си порачав L а носам М и ми е таман, плус точно е тоа што кажа пишува зара на етикетата
Стига, бидејќи и тој треба да се согласи на решението на диспјутот. Во случај да не одговори во рок од 5 дена, автоматски диспјутот се решава во твоја полза. Најголемиот дел од селерите се коректни и кога има причина за диспјут, не прават проблеми и веднаш се согласуваат на твоите барања но има и безобразни селери кои ќе те лажат, ќе те маткаат, ќе ти ветуваат дека бесплатно ќе ти го пратат продуктот, ќе ти ветуваат поклони ако се откажеш од диспјутот во нивна полза и после ќе ги снема затоа до крај биди си истрајна и не попуштај.
Си направив порачка една блуза ,си стигна за некои 30-35 дена ама со грешка на неа една црна линија баш на јаката напред и ај носи ја отворив диспут едвај па сега ке видиме му ја побарав цела сума ,пола да ја врати добро ке биде
Онлајн производи (искуства и критики) http://www.aliexpress.com/store/536511 Дали некој има искуство со овој селер? Сакам да си порачам јакна, но бидејќи ова ќе ми биде прв пат да порачувам, малку сум скептична и се плашам да не не ми стигне.
Онлајн производи (искуства и критики) Продавницата има само 2 `медаљи` а постои веќе година дена но јас во секој случај би си порачала, бидејќи навистина има евтини работи а и да има некој проблем, ќе си ги добиеш парите назад Јас си ставив во виш листа една сукњичка, за 200 ден таква не наоѓам тука па не знам на каков попуст да ја начекам
Онлајн производи (искуства и критики) Онлајн купувањето е на ризик секако , може селерот да е лажен , може да не ти стигне производот итн ама на крај секогаш ти ги враќаат парите барем за ибеј и алиекспрес зборувам