Сакам нешто да си порачам, а прв пат ќе ми е. Ако има некоја феминка слободна да ја прашам нешто во лп?
Девојки, може некоја слободна да ми објасни во лп како да нарачам од Али Екпрес, како да си ја набавам картичката и сè што треба да знам? Mнoгу би ви била благодарна.
Знам за али експрес но ете та сега ке порачам нешто, но мене не ми е јасно околу достаавата, колку се плаќа? за секој производ ли е различно.. Пошто една моја другарка преку нејзина си порачала 2саати и уште нешто а платила само 50ден за достава..
На секој производ пишува колку пари е достава, повеќето се со бесплатна т.е free shiping. Зависи од продавач до продавач.
Уште многу одамна, мислам дека 2014 имав пишувано мислење за тоа како се порачува од алиекспрес. А бидејќи гледам последно има прашања за тоа, еве ви во спојлер детално објаснето. Се надевам ќе ви биде од помош. Спојлер https://forum.femina.mk/threads/aliexpress.20692/page-94#post-2024863
Мене во поштата ми рекоа без разлика на цената која ја пишува на пакетот, тие на скенер гледале што има внатре и така проценвале дали треба да се наплати царина, ако му изгледал поскап го царинеле Инаку и мене ме интересира за која цена наплаќаат царина, ако не се лажам прочитав некаде во темите над 3000 денари или сум грешка?
Царина над 45 евра а ддв над 22 евра. Обично кинезиве пишуваат помала сума и ретко се случува да царинат нешто. Зависи тие на царина како се расположени.
Се обидов да направам нарачка,ама вака ми пишува Причина: Уплатата е одбиен од вашата банка од безбедносни причини. Предлог: Можете да се јавите на вашиот издавач, или да користите друг метод картичка или со плаќање. Знае некој што е работата?
Јас често нарачував од Алиекспрес и се ми стасуваше. Имаше некои ситни грешки кои што се правеа по пат но се супер беше ...
Здраво, дали некоја од вас има порачано свечен фустан од Али и ако може линк да споделите и искуство Баш гледав фустани со преку 2000 нарачки,слики во фидбек задоволувачки па си помислив зошто да не ионака многу свадби ме очекуваат
Девојки дали кога купувате од Алиекспрес внимавате на бројот на нарачки од Македонија, или е битно општо да има голем број на нарачки од тој селер?
Јас секогаш ги читам коментарите и ги гледам сликите од тие што веќе купиле. Обавезно ја гледам вкупната оценка на селерот и вкупниот број на нарачки. До сега се што имам нарачано без никаков проблем ми има стигнато и задоволна сум од квалитетот.
Ви се случило ли некогаш кога порачувате нешто и нели на секој производ има tracking,и сега кај овој што го порачав ја нема таа опција,пишав порака ми вратија да почекам,пишува уште 6 дена трае а нема ни despute опција,дали знае некој?
Прв пат ми се случува ваква ситуација, пакетот нарачан на 22.02 уште не е стигнат. Преку тракинг гледам дека го пратиле дури на 23.03! Пакетот нормално не е ни до пола стигнат, и се прашувам дали е ова нормално. Ви се случило ли нешто вакво, и што сте направиле? Стрпливо да чекам, или?
Нарачав летни фустанчиња... исти се као на сликата, али материјалот као материјал за чадори. Божегосподе