Одговор за сите што незнаат како се прави порачка (посликовито здравје ) Спојлер 1. Треба да се има visa или mastro картичка која има бројки на задната страна 2. Се избира порачката и на неа се кликнува buy now 3. Пополнување со податоци за адресата 4. потврдување на порачката (place order) 5. се избира со каква картичка ќе се плаќа и се внесуваат податоците можеби имам испуштено некој чекор ама отприлика тоа е
Добро луѓе како е се ова?Многу ама многу ми е чудно Значи на пример еве Naked 3 што е палетата братучедка ми ја купи е доста поскапа од тука,тука 7.55 долари,free shipping Како е можно вака Или некои копии се,што е работава,баш ништо не сфаќам И палетиве по негде 180 бои 10,11 и нешто долари се и free shipping
девојки имам да ве прашам нешто.. ми нарачаа часовник но продавачот пратката не ја пушташе само го продолжуваше времето и пред некој ден ми ја откажаа нарачката но продавачот имаше напишано порака дека ќе може да ја откажи и да ги врати парите ако стегниме дека сме нарачале погрешна нарачка ... па направивме како што му одговараше .... и сега имало нова порака да сме му врателе feedback позитивен ... и сега не ми е јасно парите се вратени или не се ??
Девојки да ве прашам има ли некоја порачувано фустан,ама од тие посвечените? Сакам да си порачам,селерот има доста позитивен фидбек ама се мислам дали се точки мерките во табелата некое искуство?
И јас би рекла дека е копија, ама ова не би го објаснила ко копија. moda-i-stil/onlajn-proizvodi-iskustva-i-kritiki-t20081/10.html#p1908143 Можеби и парчиња од постари колекции, покрај постоечките копии нели.
Сакав да порачам нешто сето тоа вкупно ми кошташе 700ден,а доставата 2000ден зашо така.Инаку прв пат порачувам т.е сакав да порачам па ако може некој да ми објасни што како позз фала
Не нуди секој бесплатен шипинг. Побарај го истото тоа кај некој друг продавач кој нуди бесплатна или поевтина достава, односно продавач кај кој вкупната сума (производ+достава) е помала од 2700 колку што би те коштало кај тој продавач што си го нашла сега. Спојлер П.С. Мислам дека на темава и фали еден ЧПП (често поставувани прашања) пост за полесно снаоѓање, затоа што на секоја страна има повторувачки прашања (Пр. За колку време стигаат работите?, Дали испораката е бесплатна?, На која страна се следат пратките до кај се? и сл.) кои многу пати се одговорени претходно.
Санфемике и јас 100 пати пробав да укажам дека пред да се постави прашање, треба прво да се разгледа 5-6 страни назад,ама никој не чита, никој не слуша. Така да и да има ваква тема, и ваков пост, пак едно исто ќе се прашува, едноставно ги мрзи да читат и сакат се на готово. Јас од оваа причина се оддалечив од темата, а и од целиот форум. Излишно и глупаво е одговарење на се едни исти прашања , како папагал кој повторува. Да не бидам офф, барајте го производот кај повеќе продавачи и правете споредби во коментарите, шипингот, рејтингот на селерот, и цената нели. И како санфемина убаво објасни како се прават порачки- браво, по сликовито и пообјаснето не може ни да биде.
Апсолутно е така duffi скроз си во право општо за форумот, а мислам дека со таков пост кој ги содржи одговорите на сите вакви прашања што секојдневно некој ги поставува повторно и повторно, ќе ни се олесни на нас што ја следиме темава и знаеме колку пати до сега истите се прашани и одговорени. Полесно е да се постира линк до еден пост каде што е напишано се што се прашува по 100 пати, отколку постојано некој да одговара едно исто.
Ако се откаже порачка за колку време ги враќаат парите за 7 дена или веднаш? Цела сума ја враќаат што се има платено или според нивна курсна листа?
Веднаш на располагање нема да ти бидат сигурно. Не сум сигурна алиекспрес за колку време ги враќа, но прво кога ќе ти ги вратат стојат во резервирани средства на сметката, па после неколку дена преминуваат во расположливи и целата постапка знае да потрае во зависност од банката тука. Понекогаш ако помине подолго време (2-3 недели) без промена треба да се обратиш во банката за да ти се ослободат парите. Инаку кога се враќаат пари од алиекспрес (или друг сличен сајт) тие ти враќаат толку колку што имаш точно платено во долари (или друга избрана валута), но курсот е според наша курсна листа и тоа го пресметува тука банката кога ги менуваат доларите во денари (не зависи од алиекспрес). Во моментот кога плаќаш пресметуваат по еден, а кога ти се враќаат парите по друг курс и тогаш испаѓаат +-10-20 денари помалку вратени.
епа прво едната ќе ја порачате,па другата..ама ќе бидат две различни нарачки т.е. пакетчина.. а ако мислиш да нарачаш од посебни селери а да ти се пратат во едно пакетче,не може..посебно секако дека може
Повлеков нога и јас со првата порачка, си начекав ниски старки по супер цена, па ќе чекам да видам што и како ќе излезе на крај. Се надевам дека ќе споделам позитивно искуство.