Да ми препорачате гел за миење на лице, тоник и крема за мрсна/комбинирана кожа? Имав слушнато од некој добри препораки за некоја линија со роза? Мислење околу тоа?
Оваа пенава 5 пари не вреди. Не знам зошто ја купив, си помислив дека вади шминка ама не. Дури и најлесна козметика не вади туку само ја размачкува и затвора пори. Едно не од мене. Јас ја поклонив... Во потрага по нова.
Бев на пазарење во Дм, се одлучив за Ultra sensitive кремата и гелот за миење на лице. Од два пати користење супер ми делуваат. Гелот супер мие и шминка, не ми е пресушена кожата после миења. Кремата е лесна, и сабајлево премеко ми беше лицето. Прв пат зедов шминки од алверде, кармин, молив, римел, сенки и Бб крема. Не се нешто wow, ама за цената супер. Бб кремата не е покривна, колку да не е без ич, не делува дека сум нашминкана а сепак му дава свежина на лицето. Римелот некако слабо ги зголемува трепките, ама тос сум го забележала кај секој нов римел.
може да споделиш слика од кремата и гелот за миење лице? За шминкате не знам какви се,може не се со некоја голема покривна моќ ама како што читам најмногу штетни состојки има баш во шминката а алверде е далеку подобра алтернатива во состојките
@Aleks.mar Јас имам користено пудри, цц крема, кармини, моливчиња за очи, уста, руменило, течен и обичен бронзер Супер се, а секако состојките се одлични. Не можеме да очекуваме да имаат покривност и пигментација како обичната козметика , сепак станува збор за природна козметика. Маскарите не сум ги пробала. Јас сакам оваа пудра,да ја пробам И за камените не интересира, некоја да не ги пробала?
Минералната во боја ја имам пробано , 01 поточно и некако мене не ми држеше баш на моево лице (мрсна кожа) порано повеќе ми се допаѓаше некаде 2017та кога ја користев сега дали го имаат сменето нешто составот , не знам не ми е издржлива. Е сега транслуцентната и оваа банана ги немам пробано ако ја пробаш би сакала мислење.
Мене ми е користен. Ефект има и ми се допадна, но по извесно време (месец-два отприлика) почна да ме пече, не знам зошто. Рокот му беше во ред. Ако веќе си го купила, не ставај многу накај коренот на трепките. Можеш и за веѓи да го користиш, јас така го дотрошив и можам да кажам дека имаше ефект. Ми пополни една празнина што ме нервираше.
Сакам само трепките да ми ги издолжи, на едното око ми се пократки од другото и ме нервираат па барав нешто ефикасно. Секако до коренот не ставам, ми е страв ептен до око да мачкам било што.