Да ми препорачате гел за миење на лице, тоник и крема за мрсна/комбинирана кожа? Имав слушнато од некој добри препораки за некоја линија со роза? Мислење околу тоа?
Оваа пенава 5 пари не вреди. Не знам зошто ја купив, си помислив дека вади шминка ама не. Дури и најлесна козметика не вади туку само ја размачкува и затвора пори. Едно не од мене. Јас ја поклонив... Во потрага по нова.
Бев на пазарење во Дм, се одлучив за Ultra sensitive кремата и гелот за миење на лице. Од два пати користење супер ми делуваат. Гелот супер мие и шминка, не ми е пресушена кожата после миења. Кремата е лесна, и сабајлево премеко ми беше лицето. Прв пат зедов шминки од алверде, кармин, молив, римел, сенки и Бб крема. Не се нешто wow, ама за цената супер. Бб кремата не е покривна, колку да не е без ич, не делува дека сум нашминкана а сепак му дава свежина на лицето. Римелот некако слабо ги зголемува трепките, ама тос сум го забележала кај секој нов римел.
може да споделиш слика од кремата и гелот за миење лице? За шминкате не знам какви се,може не се со некоја голема покривна моќ ама како што читам најмногу штетни состојки има баш во шминката а алверде е далеку подобра алтернатива во состојките
@Aleks.mar Јас имам користено пудри, цц крема, кармини, моливчиња за очи, уста, руменило, течен и обичен бронзер Супер се, а секако состојките се одлични. Не можеме да очекуваме да имаат покривност и пигментација како обичната козметика , сепак станува збор за природна козметика. Маскарите не сум ги пробала. Јас сакам оваа пудра,да ја пробам И за камените не интересира, некоја да не ги пробала?
Минералната во боја ја имам пробано , 01 поточно и некако мене не ми држеше баш на моево лице (мрсна кожа) порано повеќе ми се допаѓаше некаде 2017та кога ја користев сега дали го имаат сменето нешто составот , не знам не ми е издржлива. Е сега транслуцентната и оваа банана ги немам пробано ако ја пробаш би сакала мислење.
Мене ми е користен. Ефект има и ми се допадна, но по извесно време (месец-два отприлика) почна да ме пече, не знам зошто. Рокот му беше во ред. Ако веќе си го купила, не ставај многу накај коренот на трепките. Можеш и за веѓи да го користиш, јас така го дотрошив и можам да кажам дека имаше ефект. Ми пополни една празнина што ме нервираше.
Сакам само трепките да ми ги издолжи, на едното око ми се пократки од другото и ме нервираат па барав нешто ефикасно. Секако до коренот не ставам, ми е страв ептен до око да мачкам било што.
Сјајчево за уста случајно го купив, обично е ама убавко, хидратантно и не е лепливо. Безбојно е како лабело делува малку ама убаво ми мириса. Топ e за no make up make up look.
Одлична пудра, за нормална до сува кожа. Ја пробав денес на тестер, 01 нијансата и е полна со светки , прекрасно би стоела на кожа за жал мислам дека за мрсна кожа не е. Се мислев да ја купам ама џабе ќе ми стои така не би ми одговарала.
Камената на Алверде ја купив некни затоа што на Лавера никаде не ја најдов, јас цел одмор навечер со неа си поминав. За 250 ден е супер.